постпородилна депресија

шафран

Постпородилната депресија сега се јавува кај 1 од 7 нови мајки. Симптомите се: губење на интерес за секојдневните обврски, длабоки промени во расположението, немање енергија, губење на радоста на мајчинството итн. Се работи за сериозна состојба, опфатена со безброј студии за да се изнајде начин да им се помогне на новите мајки кои се нејзини жртви. Една од тие студии е за влијанието на шафранот врз оваа состојба кај жените со блага и умерена постпородилна депресија.

хормони во бременоста

Бременоста, породувањето и периодот после нив зависат од хормоните. Хормоните се заслужни за промените на вашето тело од почетокот на бременоста, па се до моментот кога ќе го држите вашето најмило во прегратка.

Кај жените со пост-породилна депресија се приметени разлики во функционирањето на мозокот, кои можат да влијаат не само врз начинот на кој тие ги процесираат нивните емоции, туку и врз нивната способност да бидат приемчиви за емоциите на нивните деца.

Скенирањето на мозокот со магнетна резонанца покажало дека кај жените со пост-породилна депресија имало намалена активност во деловите на мозокот одговорни за контрола на емоциите и препознавањето на знаците на емоциите кај другите.

Студијата е направена во Универзитетот на Медицинскиот Центар во Питсбург.

Психолошкото насилство од интимниот партнер, независно од физичкото и сексуалното насилство е поврзано со повисок ризик за развој на пост-породилна депресија.

Употребувајки напредна технологија на сликање на мозокот, истражувачите на Центарот за зависности и ментално здравје во САД утврдиле дека нивото на MAO-A кај здравите жени после 5-6 дена од  породувањето било за 43% поголемо од нивото кај жените кои немале неодамнешно породување. Најголеми концентрации на MAO-A биле утврдени на петиот ден после породувањето, тоа е воедно и денот кога постпородилната тага вообичаено е најизразена кај мајките по породувањето.

постпородилна депресија

Постнаталната депресија (ПНД) се смета дека се јаува кај околу 10-15% од новите мајки.

Не се работи за хир на мајката, туку за сериозна состојба.

Кај многу мајки по породувањето може да се јави: плачливост, тага, напнатост, загриженост, умор и сл. За ова се смета дека се заслужни големите промени кај хормоните, кои настануваат по породувањето. Обично после ден-два ситуацијата се нормализира.