Дете

Испитување покажа дека трчањето и играњето не само што се добри за физичкото здравје на децата, туку ја подобруваат и нивната меморија.

Научниците отриле дека децата со подобра кондиција имаат поголем хипокампус - дел од мозокот поврзан со учењето.

Прошетките се многу важни за физичкото и менталното здравје на децата и целото семејство, овозможувајки им прекрасни заеднички моменти. Некои деца сепак не сакаат многу да шетаат, еве неколку совети како да им ја направите прошетката попримамлива:

Поголема е веројатноста дека децата ќе ја напишат својата домашна работа ако тоа го гледаат како инвестиција, а не како страшило - покажа нова студија на Универзитетот во Мичиген. Резултатите се објавени во списанието Experimental Social Psychology.

Позитивниот тип на родителство како: топлина, надгледување на активностите на децата, вклученост во нивниот живот и конзистентност во дисциплината имаат позитивно влијание не само врз децата туку и врз тоа како тие ќе ги одгледуваат нивните деца.

Децата чии родители имаат цврст, авторитативен стил на воспитување, а сепак им дозволуваат да ги прекршат правилата и да извлечат поука од тоа, имаат поголеми изгледи дека ќе имаат улога на водачи како возрасни, покажа студија објавена во The Leadership Quarterly.

Многу родители сметаат дека најтежок дел од подигањето на децата е да одржат мир помеѓу нив. Но Laurie Kramer од Универзитетот на Илиноис вели дека е погрешно да се сконцентрирате на тоа само да ставите крај на конфликтите. Наместо тоа родителите треба да се сконцентрираат на позитивните работи кои ќе им помогнат на децата да се согласуваат.

Малтретирањето на децата на училиште е нешто што се случува во цел свет. Околу 15% од децата се жртви на овакво малтретирање, а тоа понатаму води до депресија, анксиозност, осаменост итн. Според една голема Холандска студија на Универзиетот во Гронинген, она што ги мотивира малтретирачите е барањето на статус и љубов.

Децата чии мајки во текот на бременоста имале зголемено ниво на шеќер во крвта имаат поголеми шанси за намалена чувствителност на инсулин, а тоа е ризичен фактор за појава на дијабетес тип 2. Paula Chandler-Laney - коавтор на студијата (постдокторант на Универзитетот Алабама во Бирмингем), вели дека се знае дека децата чии мајки имале гестациски (труднички) дијабетес или пак дијабетес тип 2, имаат поголем ризик од појава на дијабетес тип 2.

Речиси секој родител кој има повеќе од едно дете се нашол во многу фрустрирачката ситуација на ривалство помеѓу неговите деца. И покрај напорот за одржување на хармонијата во семејството, сепак децата може да се караат околу играчките, ќе се провоцираат, ќе се задеваат или пак можеби ќе дојдат и во физички конфликт. Ова е тешка ситуација за родителите и можеби се прашувате каде е вашата грешка во нивното воспитување.

Pages