Вредности на Бета HCG при бременост

Бременост, прегледи во бременоста, качување на тежина, проблеми во бременоста, искуства и совети за здрава бременост,

Moderator: Модератори

Правила на форумот
ТУКА
Ве молиме да се придржувате до темите. Пораките кои ја насочуваат темата во друга насока, ќе бидат избришани , едитирани или префрлени во друга тема. Доколку сметате дека нема соодветна тема или не можете да ја најдете, ве молиме започнете нова.
delvi
Нов член
Нов член
Мислења: 9
Придружен: 26 Jun 2015, 17:05
Му се допанале: 1 time

Re: Вредности на Бета HCG при бременост

Post by delvi » 30 Jun 2015, 09:34

здраво на сите

ние повеке време се обидувавме за бебе...на 11 јуни правев инсеминација, а на 25 кога требаше да добијам циклуц не добив. правев два теста излегоа и двата позитивни но со бледа втора линија...следниот ден на 26 јуни правев преку крв и вредноста изелзе 81,7 ...што на тоа доктото ми кажа дека е супер и дека сум во рана бременост и да дојдам за прв ултразвук на 06 јули. Што гавол ме тераше вчера направив два теста преку мокрача со надеж дека ке видам појака втора линија...излезе само една дека се негативни..викам ај преку ден ги правев можеби затоа, ке го повторам наутро и наутро повторно една линија...и се испаничив цела...дали е така затоа што одам во тоалет на секој саат време па е разреден хормонот хцг или што незнам...отидов денес пак преку крв да проверам, ама лугето од лабараторијата ми рекоа дека посигурно ке биде да почекам уште една недела за да го повторам затоа што 81, 7 според нив може да значи бртеменост но и немора....и сега стварно незнам а кажав на сите ке биде големо разочарување пред се на мене па на сите околу мене...дали има некој ваков случај...

delvi
Нов член
Нов член
Мислења: 9
Придружен: 26 Jun 2015, 17:05
Му се допанале: 1 time

Re: Вредности на Бета HCG при бременост

Post by delvi » 30 Jun 2015, 09:53

saska075 wrote:ЈУПИИИИИИИИИИИИИИИИ СМЕШКО (joy) (joy) (joy)
мене првата бета ми беше околу 73 и ми рекоа дека сум бремена
(con) (con) (con)
а дали остана бремена, и кој ден од доцнењето го правеше тестот преку крв..

milena15
Член
Член
Мислења: 240
Придружен: 29 Jul 2014, 17:09
Му се допанале: 72 пати
Им се допаднал: 37 пати

Re: Вредности на Бета HCG при бременост

Post by milena15 » 30 Jun 2015, 10:08

Delvi 81.7 мислам дека не е мала вредност, но ова негативните тестови бунат, да не станува збор за биохемиска? (sad1)

delvi
Нов член
Нов член
Мислења: 9
Придружен: 26 Jun 2015, 17:05
Му се допанале: 1 time

Re: Вредности на Бета HCG при бременост

Post by delvi » 30 Jun 2015, 10:54

milena15 wrote:Delvi 81.7 мислам дека не е мала вредност, но ова негативните тестови бунат, да не станува збор за биохемиска? (sad1)

А каква е таа бременост..зарем и да беше таква немаше да прокрварам досега ?

milena15
Член
Член
Мислења: 240
Придружен: 29 Jul 2014, 17:09
Му се допанале: 72 пати
Им се допаднал: 37 пати

Re: Вредности на Бета HCG при бременост

Post by milena15 » 30 Jun 2015, 11:13

примаш ли прогестерон(утрогестан, кринон?) ако примаш од него не добиваш..
еве прочитај тука за сличен случај, но најдобро консултирај се со гинекологот.

После инсеминацијата два теста преку крв (направени 14 и 17 дена после инсеминацијата) покажаа позитивен резултат, но кога на 20тиот ден бев кај гинекологот тој ништо не можеше на ехо да види. Ме прати да направам уште еден бета-хцг тест, и на него веќе резултатот беше премногу низок и ми кажа дека нема да има ништо од бременоста. После тоа и домашен тест направив, веќе и тој беше негативен :(. Недела дена после тоа добив.
После настанот читав прилично на интернет, и според некои доктори дури секоја втора жена (според други секоја четврта) имала ваков случај, но повеќето не се ни свесни, бидејќи само предвремените тестови ја регистрираат хемиската бременост (така се вика бидејќи нема да се види на ехо - инаку после тоа веќе се зборува за клиничка бременост). Се работи за оплодена јајце клетка која од различни причини (најчесто во хромозомите) не се вгнездува во ендометриумот, и после тоа организмот брзо се враќа во нормала.

Debora
Администратор
Администратор
Мислења: 11056
Придружен: 22 Sep 2009, 17:24
Му се допанале: 5853 пати
Им се допаднал: 3576 пати

Re: Вредности на Бета HCG при бременост

Post by Debora » 30 Jun 2015, 11:18

Делви не се стресувај предвреме. Сосема е можно да си имаш нормална и здрава бременост, ама тестовите пак да се негативни. Зависи од чувствителноста на тестот, зависи и тоа колку концентрирана била урината и ХЦГ во неа. Многу пати покажуваат лажно негативни и после неколку дена каснење, па и повеќе. Пробај да се смириш, се надевам дека ќе ни кажеш дека се е во ред. (a2)
Ако не можеш да издржиш, направи уште еден тест преку крв и ќе бидеш на чисто.

delvi
Нов член
Нов член
Мислења: 9
Придружен: 26 Jun 2015, 17:05
Му се допанале: 1 time

Re: Вредности на Бета HCG при бременост

Post by delvi » 30 Jun 2015, 11:35

milena15 wrote:примаш ли прогестерон(утрогестан, кринон?) ако примаш од него не добиваш..
еве прочитај тука за сличен случај, но најдобро консултирај се со гинекологот.

После инсеминацијата два теста преку крв (направени 14 и 17 дена после инсеминацијата) покажаа позитивен резултат, но кога на 20тиот ден бев кај гинекологот тој ништо не можеше на ехо да види. Ме прати да направам уште еден бета-хцг тест, и на него веќе резултатот беше премногу низок и ми кажа дека нема да има ништо од бременоста. После тоа и домашен тест направив, веќе и тој беше негативен :(. Недела дена после тоа добив.
После настанот читав прилично на интернет, и според некои доктори дури секоја втора жена (според други секоја четврта) имала ваков случај, но повеќето не се ни свесни, бидејќи само предвремените тестови ја регистрираат хемиската бременост (така се вика бидејќи нема да се види на ехо - инаку после тоа веќе се зборува за клиничка бременост). Се работи за оплодена јајце клетка која од различни причини (најчесто во хромозомите) не се вгнездува во ендометриумот, и после тоа организмот брзо се враќа во нормала.
да примам утрогестан .. ке почекам и овие резултати ике се јавам кај лекар

delvi
Нов член
Нов член
Мислења: 9
Придружен: 26 Jun 2015, 17:05
Му се допанале: 1 time

Re: Вредности на Бета HCG при бременост

Post by delvi » 30 Jun 2015, 16:19

сега ми јавија вредноста паднала на 13...ништо ке да е овој пат..лажна надеж...

happy mommy
Нов член
Нов член
Мислења: 20
Придружен: 25 Mar 2017, 14:06
Му се допанале: 15 пати
Им се допаднал: 11 пати

Re: Вредности на Бета HCG при бременост

Post by happy mommy » 25 Mar 2017, 17:05

Здраво девојки после 3 позитивни тестови (со бледа 2-ра линија), во четвртокот бев кај матичниот гинеколог и ми кажа дека нема ништо не се гледа и дека можеби е рано или во најлош случај да е вонматерична бременост (па ме извади од памет). Затоа вчера бев да проверам Бета HCG преку крв и резултатот ми е 117, во вторник ќе го проверам пак а на ехо ќе идам за недела дена пак. Мислење за таа вредност на HCG ако има некоја искуство??

Lejla7
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 4049
Придружен: 24 Oct 2011, 14:34
Му се допанале: 1286 пати
Им се допаднал: 1103 пати

Re: Вредности на Бета HCG при бременост

Post by Lejla7 » 25 Mar 2017, 17:47

А кoгa ти беше пoследнa менструaцијa?

Јaс мислaм декa е рaнo зa дa се види нештo верoјaтнo инaку бетaтa ми се чини OК.

Еве ги реф. вреднoсти нa бетa Хцг:

до 2 г.н. 16-156
2-3 г.н. 101-4870
3-4 г.н 1110-31500
4-5 г.н 2560-82300

Акo ти кaсни 1-2 недели, супер си.

Одговори

Return to “Бременост”