Вредности на Бета HCG при бременост

Бременост, прегледи во бременоста, качување на тежина, проблеми во бременоста, искуства и совети за здрава бременост,

Moderator: Модератори

Правила на форумот
ТУКА
Ве молиме да се придржувате до темите. Пораките кои ја насочуваат темата во друга насока, ќе бидат избришани , едитирани или префрлени во друга тема. Доколку сметате дека нема соодветна тема или не можете да ја најдете, ве молиме започнете нова.
happy mommy
Нов член
Нов член
Мислења: 20
Придружен: 25 Mar 2017, 14:06
Му се допанале: 15 пати
Им се допаднал: 11 пати

Re: Вредности на Бета HCG при бременост

Post by happy mommy » 25 Mar 2017, 18:52

Последна менструација на 08.02.2017 но немам редовен циклус, некогаш ми дојде на 35-6 дена некогаш и 45-6 кога како. Имам и болки како пред доаѓање ама траат по 5-6 секунди и се губат не се нешто многу јаки. Докторот ме исплаши ептен. После 3 години брак си останав бремена за прв пат, а само што чекав да ми дојде да закажам проверка за проодност на каналите.

Debora
Администратор
Администратор
Мислења: 11055
Придружен: 22 Sep 2009, 17:24
Му се допанале: 5851 пати
Им се допаднал: 3575 пати

Re: Вредности на Бета HCG при бременост

Post by Debora » 25 Mar 2017, 21:04

Хепи мами прво добродојде на форумов. (kup) А зошто те исплаши докторот? Проверуваше ХЦГ?

happy mommy
Нов член
Нов член
Мислења: 20
Придружен: 25 Mar 2017, 14:06
Му се допанале: 15 пати
Им се допаднал: 11 пати

Re: Вредности на Бета HCG при бременост

Post by happy mommy » 25 Mar 2017, 22:06

Debora wrote:Хепи мами прво добродојде на форумов. (kup) А зошто те исплаши докторот? Проверуваше ХЦГ?
Дебора пишав претходно,
happy mommy wrote:Здраво девојки после 3 позитивни тестови (со бледа 2-ра линија), во четвртокот бев кај матичниот гинеколог и ми кажа дека нема ништо не се гледа и дека можеби е рано или во најлош случај да е вонматерична бременост (па ме извади од памет). Затоа вчера бев да проверам Бета HCG преку крв и резултатот ми е 117, во вторник ќе го проверам пак а на ехо ќе идам за недела дена пак. Мислење за таа вредност на HCG ако има некоја искуство??

бидејќи не виде на ехо ништо ми вика можно е да е вонматерична или уште е рано и затоа следниот ден јас на своја рака проверив ХЦГ, докторот не ми ни предложи и после му однесов резултат и се консултирав и со други доктори.

Debora
Администратор
Администратор
Мислења: 11055
Придружен: 22 Sep 2009, 17:24
Му се допанале: 5851 пати
Им се допаднал: 3575 пати

Re: Вредности на Бета HCG при бременост

Post by Debora » 25 Mar 2017, 23:21

Тогаш смири се, сигурно е рано. Ќе се види бебето за некој ден, има мноооооогу овакви случаи. (smile)

sweety
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 2260
Придружен: 31 Oct 2013, 19:01
Му се допанале: 958 пати
Им се допаднал: 1200 пати

Re: Вредности на Бета HCG при бременост

Post by sweety » 26 Mar 2017, 08:42

Срцка смири се,јас имав бета над 400 па пак ништо не се гледаше рано е, пиши како си поминала во вторник, ќе се види бебето.

SMESKO
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 1422
Придружен: 12 Sep 2013, 12:28
Му се допанале: 1559 пати
Им се допаднал: 912 пати

Re: Вредности на Бета HCG при бременост

Post by SMESKO » 26 Mar 2017, 16:21

Еве и јас да се пријавам дека со 63 денови од циклус на 4Д ништо не се виде,бетата беше 241 и на контролата на бетата за 5 дена веќе беше 1100 и на ехо се виде гестациското ќесе,и мене тогаш ме уплашија со тие констатации дека можеби се работи за вонматерична (t3) сепак мојата девојка има сега 2 год и 3 месеци.Уживај и не се стресувај за без везе,се ќе биде во најдобар ред (a2)

happy mommy
Нов член
Нов член
Мислења: 20
Придружен: 25 Mar 2017, 14:06
Му се допанале: 15 пати
Им се допаднал: 11 пати

Re: Вредности на Бета HCG при бременост

Post by happy mommy » 26 Mar 2017, 18:52

Женски ви благодарам што со вашите искуства ме ослободивте од напнатоста, вторник ќе проверувам ХЦГ а во четврток ќе идам на ехо па ќе видиме. 4Д ехо има така да тоа е добро нели?

happy mommy
Нов член
Нов член
Мислења: 20
Придружен: 25 Mar 2017, 14:06
Му се допанале: 15 пати
Им се допаднал: 11 пати

Re: Вредности на Бета HCG при бременост

Post by happy mommy » 28 Mar 2017, 14:45

Денес нивото на ХЦГ е 832, се надевам за 2-3 дена кога идам ќе се види и на ехо (t3) (t3)

SMESKO
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 1422
Придружен: 12 Sep 2013, 12:28
Му се допанале: 1559 пати
Им се допаднал: 912 пати

Re: Вредности на Бета HCG при бременост

Post by SMESKO » 28 Mar 2017, 15:53

Јас мислам дека за 2,3 дена би требало да се види и гестациско ќесе,аирлија нека е,со живот (love5) (love5) (love5)

Lejla7
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 4048
Придружен: 24 Oct 2011, 14:34
Му се допанале: 1284 пати
Им се допаднал: 1103 пати

Re: Вредности на Бета HCG при бременост

Post by Lejla7 » 28 Mar 2017, 16:50

Бетaтa штoм рaсте, се е OК. Ајде дa не изрaдувaш кoгa ќе се види нa ехo (bu) (rad)

Одговори

Return to “Бременост”