Page 11 of 12

Re: Исцедок во бременоста

Posted: 27 Nov 2015, 13:34
by only44you
Lena_nela wrote:Онли не ништо страшно ако нема миризба ,додека не ги направиш брисевите во 12-13 недела можеш да си се одмиваш со камилица,кај мене тоа мн ми помага.
А еве и јас од 8 месец па навака имам од време на време жолтеникав,бел исцедок (како мрсулче (tongue) лигаво) но еве вчера ги зедов резултатите од брисевите и нема ништо се е чисто,така да не се плашам ваљда е нормален тој исцедок.
Мила, ама исцедокот има мирис, па мене тоа и ме плаши искрено (sad1)

Re: Исцедок во бременоста

Posted: 27 Nov 2015, 18:15
by Lena_nela
Па незнам Онли,најдобро знае докторот,повторно консултирајсе.И јас на почеток користев гинодактарин една паковка ама одма по не ми даде уште една паковка вагиналети од др.Волф. мислам дека беше така не ми текнува како се вика ама добри се прашај го и за нив.

Re: Исцедок во бременоста

Posted: 02 Feb 2016, 09:50
by milomoe
бремена сум 6 недела...и минатата недела малото ми беше многу болно и по болници трчање, неспиење, 5 дена..... кога одам во тоалет на бришење на тоалетната ми се појави како темнокафени конци....(значи не секрет или исцедик) како стара крв... одма почнав со утрогестан.

кажете ми имала ли некоја од вас вакво искуство....и што понатаму?

Re: Исцедок во бременоста

Posted: 02 Feb 2016, 11:22
by sweety
Јас имав таков исцедок, веднаш отидов на преглед се беше во ред со плодот, ми рекоа застарена крв,за неколку дена си престана, мој совет ти е да отидеш да те видат на ехо.

Re: Исцедок во бременоста

Posted: 03 Feb 2016, 13:57
by milomoe
а дали ти рекоа нешто посебно, како на пример мирување и слично....
јас во петок имам закажано на лекар.... па ќе видам
инаку....преку ден немам... навечер може на бришење сосема малце да се појави...

Re: Исцедок во бременоста

Posted: 03 Feb 2016, 18:50
by sweety
ЈАс мирував тие неколку дена и после кога престана си продолжив најнормално да се двиќам, ми рекоа дека е од прекинот на аспиринот мислам

Re: Исцедок во бременоста

Posted: 27 Mar 2018, 15:50
by borjana
Во 12 недела на брисевите и пап тестот искочи кандида....12 денови ставав полигинакс и помина после една недела пак почна исто исцедок без мирис обилен баш како за кандида......една недела се мачев па пак почнав со полигинакс 6 дена.... и за некој ден пак се појави ова незнам дали е од тоа .... девојките што имавте како се справувате со исцедокот бел е млечен,без мирис и не ме чеша ама ми смета водено да ми е

Re: Исцедок во бременоста

Posted: 15 May 2018, 08:15
by Bebce
Пред 4 дена открив дека сум бремена, направив 2 теста и беа позитивни. Вчера попладне бев во вц и со исцедокот (нешто како млечно/жолтеникаво лигаво) имаше мала црвена линија. Еве сабајлево пак само сега беше една точка едвај приметлива. Се јавив синоќа закажав на лекар ама дури во понеделник. Телефонски ми рекоа да игнорирам, дека е нормално. Зборував и со другарка докторка, ми кажа дека сега всушност ми е период на плодни денови и дека ми е од тоа, исто да не се плашам. Имам повремено болка во левиот јајник баш како кога имам овулација. Исплашена сум. Какво искуство имате вие? (sad1) (sad1)

Re: Исцедок во бременоста

Posted: 15 May 2018, 16:28
by Debora
Бебче совршено нормално е, добро ти рекле да не се плашиш. (love5) Сега останува уште потешкиот дел - да го спроведеш тоа во пракса. (smile)

Re: Исцедок во бременоста

Posted: 21 May 2018, 22:52
by Debora
@Bebce беше на контрола? (brows)