Скрининг во второ тромесечие

Кои испитувања е потребно да се направат во бременоста. Совети и искуства за здрава бременост.

Moderator: Модератори

Правила на форумот
ТУКА
Ве молиме да се придржувате до темите. Пораките кои ја насочуваат темата во друга насока, ќе бидат избришани , едитирани или префрлени во друга тема. Доколку сметате дека нема соодветна тема или не можете да ја најдете, ве молиме започнете нова.
Maceto
Домашен член
Домашен член
Мислења: 668
Придружен: 28 Oct 2014, 14:39
Му се допанале: 574 пати
Им се допаднал: 396 пати

Re: Скрининг во второ тромесечие

Post by Maceto » 02 Jun 2015, 11:43

Хепинес мила и кај мене сите прегледи беа исти како и твоите, и мене матичната ме гледа детално и бебе и мене и се проверува исто како што си пишала ти, не само на скринизите туку и секој преглед е детален, и баш како што опиша ти да не се повторувам и кај мене детално се проверува и тоа сеуште. Јас никогаш не сум одела на второ мислење на приватно, но сепак тоа е избор на родителите, само кај мене матичната сите пациенти за вториот скрининг ги праќа на ГАК како за второ мислење, значи и она ти прави и плус ти закажува за ГАК,ама тоа е само еднаш во второто тромесечие и тоа е нејзина пракса. И јас исто плаќам по 300ден за преглед. И мојата матична во СК важи за супер докторка, само што многуууууу има гужва кај неа и многу се чека ама барем детално се гледа (rad) (rad) (rad) Фала му на бога до сега е се како што треба, се надевам и до крај ќе биде така и лесно да си се породам со бога напред (love5) (love5) (love5)

ivvi<3
Редовен член
Редовен член
Мислења: 277
Придружен: 11 Mar 2015, 17:40
Му се допанале: 42 пати
Им се допаднал: 134 пати

Re: Скрининг во второ тромесечие

Post by ivvi<3 » 02 Jun 2015, 12:27

Еве зошто јас се одлучив за приватно. Првиот скрининг го правев кај Коруноски, матичната моја работи во истата ординација. Самата матична ми рече дека може и таа да ми направи, но за тоа Коруноски е специјализиран и подобро кај него да одам. За вториот по препораки, закажав кај Петрова во ре медика. Исто и Димчев од Систина ми го препорачаа, ама тој период беше на одмор, па така испадна. И мојата матична секој преглед детално мереше и правеше сѐ што треба да опфати еден преглед. Поради мојата здравствена ситуација, ме испрати и три пати на ГАК кај тројца различни доктори за мислење. Бидејќи правев скрининг и приватно и државно, можам да кажам, и тоа како има разлика. Прегледот во ре медика траеше 40-тина минути, со тоа што докторката ме викна и нареден сабајле бидејќи не можеше сѐ да измери. За разлика од двата скрининзи кои ги правев на ГАК и траеа само 5 мин. Да, точно 5 мин.! И дури ми рекоа, не може сега сѐ да се види, тоа е. И толку. Кој немал мака не знае. Ја знаете онаа "Ситиот не му верува на гладниот." Најлесно е да си добар доктор на здрави пациенти без проблеми. Мојата одлука да ги продолжам прегледите на приватно и да се породам таму, беа од причина што докториве на државна се апсолутно незаинтересирани, барем така беше во мојот случај. И не зажалив воопшто. Верувајте, не дај Боже да сте во ситуација како мојата или како на други форумџики на кои им ги прочитав искуствата, нема да размислувате толку позитивно. Пак ќе речам, кој немал мака, не знае. А во претходните постови ќе прочитате зошто се тие доктори кои ги препорачуваат, затоа што тие се баш спцијализирани во областа на скринингот која не треба да се сфати многу наивно.

Maceto
Домашен член
Домашен член
Мислења: 668
Придружен: 28 Oct 2014, 14:39
Му се допанале: 574 пати
Им се допаднал: 396 пати

Re: Скрининг во второ тромесечие

Post by Maceto » 02 Jun 2015, 13:36

Ivvi не дај боже некој да има проблем и да треба да оди на дополнителни мислења и испитувања, недај боже. А јас до сега имам уредна и нормална бременост фала му на Бога па кога бев на ГАК ме гледаше докторката 35мин, а не 5мин, може зависи како ќе ти се погоди докторката. А да не заборавиме дека кога ќе се усложнат работите во сите приватни клиники и во цела Македонија сите завршуваат на ГАК ( ова го зборувам оти го видов со мои очи) дали ни се свиѓало тоа или не така е, е сега за средно и уредно и фин персонал во приватните немам зборови, а за тие пари се разбира дека би требало да е така.

ivvi<3
Редовен член
Редовен член
Мислења: 277
Придружен: 11 Mar 2015, 17:40
Му се допанале: 42 пати
Им се допаднал: 134 пати

Re: Скрининг во второ тромесечие

Post by ivvi<3 » 02 Jun 2015, 14:09

Мачето, мило ми е што по убаво ќе си ја паметиш бременоста и така им посакувам на сите трудници :) Инаку што се однесува на тоа дека сите комплицирани случаи завршуваат на ГАК, тоа е точно. Но не поради некомпетентноста на докторите во приватните клиники, туку ради немањето финансиски средства да се покријат дополнителните трошоци кои чинат илјадници евра. Тука е проблемот. Јас познавам случаи кои среќата си ја нашле на приватно, ама и солено со платиле. На ГАК докторите се добри можеби со знаење, но непрофесионални, незаинтересирани и најлошо од сѐ суетни. Не дај Боже да спомнеш друго мислење, ќе те избркаат како најголем криминалец од амбуланта. Пред да влезам на преглед, сестрата ми рече да го скријам наодот од ре медика, пошто докторот многу се лутел кога пациенти оделе на приватно. На што личи тоа??? Пред мене што беше пациентката излезе бледа како крпа, ја испокара дека одела на приватен доктор. Во просторијата не работеше доктор со положена заклетва, туку една голема СУЕТА! Јас тоа не го осетив во ре медика. Видов една голема соработка, колегијалност, професионалност, посветеност, а тоа кај мене влева голема доверба, дека нема некој да се инаети на моја штета. Голема заблуда е дека докторите по приватните институции знаат помалку, напротив, цело време се на обуки, конференции, семинари, затоа што само така ќе придобијат уште пациенти. А во државните, ретко кој има таква можност, затоа што тоа некој треба да го финансира, а платата секако си стига. Јас подобро го поминав породувањето отколку самата бременост, бев препородена, здравствено, емотивно, ме накренаа да можам да си го гледам детето дома сама. Тоа треба сите да го добиеме и во државна, со оглед дека плаќаме здравствено осигурување, или барем парите да ни ги даваа, па секој за себе да одлучи.

Debora
Администратор
Администратор
Мислења: 11056
Придружен: 22 Sep 2009, 17:24
Му се допанале: 5853 пати
Им се допаднал: 3576 пати

Re: Скрининг во второ тромесечие

Post by Debora » 02 Jun 2015, 14:32

Ајде да не ја претвораме секоја тема на форумов во дебата приватно или државно. Сите знаеме каде какви се условите и каде колку се плаќа. Секој си бира според ситуацијата, увереноста и џебот. Не се сите во приватните цвеќиња, ниту сите во државните се за никаде. Да не генерализираме и ајде да се држиме за темите.
Темава е за скрининг во второ тромесечие. Искуства и информации, толку.

ivvi<3
Редовен член
Редовен член
Мислења: 277
Придружен: 11 Mar 2015, 17:40
Му се допанале: 42 пати
Им се допаднал: 134 пати

Re: Скрининг во второ тромесечие

Post by ivvi<3 » 02 Jun 2015, 15:03

Дебора, апсолутно си во право, има секакви и таму и таму, секаде луѓе работат. Темата е таа, скрининг во второ тримесечие, и нормално е малку да се забега, бидејќи секој се интересира, покрај тоа што опфаќа скринингот, кај кој доктор, кој какво искуство имал. Го споделуваме мислењето и патот по кој сме поминале. А ако не е приватно или државно, ќе биде Чаир или ГАК, сите приватни меѓу себе, и на крај градовите кои имаат по само еден клинички центар. Тоа се искуствата и информациите.

Acika
Нов член
Нов член
Мислења: 15
Придружен: 29 Apr 2014, 14:01
Му се допанале: 23 пати
Им се допаднал: 1 time

Re: Скрининг во второ тромесечие

Post by Acika » 01 Feb 2016, 14:44

Здраво на сите. Ме интересира дали некој правел скрининг со приоритетен упат во чаир. Ве молам за искуство. Ние сме 21недела, термини немаше од пред три недели, гинекологот ми препорача приоритетен упат, па незнам кај е подобро ГАГ или чаи. Ви благодарам.

Lena_nela
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 1155
Придружен: 13 Dec 2013, 15:56
Му се допанале: 1200 пати
Им се допаднал: 825 пати

Re: Скрининг во второ тромесечие

Post by Lena_nela » 02 Feb 2016, 09:22

Acika wrote:Здраво на сите. Ме интересира дали некој правел скрининг со приоритетен упат во чаир. Ве молам за искуство. Ние сме 21недела, термини немаше од пред три недели, гинекологот ми препорача приоритетен упат, па незнам кај е подобро ГАГ или чаи. Ви благодарам.
Јас правев скриниг во ГАК и мн добро поминав(од она што го очекував),д-р беше фина и добро помина прегледот,задоволна сум. Е сега незнам како е во Чаир .

Acika
Нов член
Нов член
Мислења: 15
Придружен: 29 Apr 2014, 14:01
Му се допанале: 23 пати
Им се допаднал: 1 time

Re: Скрининг во второ тромесечие

Post by Acika » 02 Feb 2016, 14:36

И јас на првиот скрининг бев во ГАК и добро поминав но имав термин. сега немам морам да одам со приоритетен а знам дека во ГАК ги примаат самоод 13-14 ч а има многу гужва кој знае дали ке завршиш во еден ден. Затоа ме интересира дали некој знае за во чаир од колку примаат со приоритетен

SMESKO
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 1422
Придружен: 12 Sep 2013, 12:28
Му се допанале: 1559 пати
Им се допаднал: 912 пати

Re: Скрининг во второ тромесечие

Post by SMESKO » 23 Nov 2016, 10:40

Сега сум во дилема се ближи и тој датум за втор скрининг и се мислам кога е најдобро да го направам.Кога е најдобро да се направи,овдешната матична ми ре4е најкасно до 5 декември да одам а баш на 5 сум 21 г.н.Јас размислував за на 12 декември тогаш ќе бидам точно 22 недела (scratch) што би ме советувале вие (confus) Сеакде се различни мислењата и искуствата некои во 19 г.н некои дури во 24 г.н.некои препорачуваат од 22.г.н до 24 г.н и сега (confus) збунка сум целата (shaking) Дајте понови информации и совети (big-hug)

Одговори

Return to “Испитувања во бременоста”