Скрининг во второ тромесечие

Кои испитувања е потребно да се направат во бременоста. Совети и искуства за здрава бременост.

Moderator: Модератори

Правила на форумот
ТУКА
Ве молиме да се придржувате до темите. Пораките кои ја насочуваат темата во друга насока, ќе бидат избришани , едитирани или префрлени во друга тема. Доколку сметате дека нема соодветна тема или не можете да ја најдете, ве молиме започнете нова.
Lejla7
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 4049
Придружен: 24 Oct 2011, 14:34
Му се допанале: 1286 пати
Им се допаднал: 1103 пати

Re: Скрининг во второ тромесечие

Post by Lejla7 » 29 Oct 2014, 09:44

Имам многу прашања за оваа тема.

Вториот скрининг дефинитивно ќе го правам кај Димчев. И матичната и уште двајца специјалисти од овде ми го препорачуваат него како стручњак бр. 1 во државата токму за тој скрининг. Е сега тоа е скрининг на органи, нели? Дали во тие органи спаѓа и фетално срце или тоа мора посебно да се направи? На контролата вчера др Ивановски ми спомна дека со скринингот или по него би требало да направам и фетална ехокардиографија кај некој си др Драшко (не ми го кажа презимето). Знаете за кој зборува?

Точно во која недела се прави ехо на фетално срце? Ако мора посебно барем да можам во ист ден некако да го комбинирам со скринингот за да не патувам два пати.

И како сте задоволни од Димчев? Цената колку е за овие прегледи за да си планирам?

Извинете за премногуте прашања :ymblushing:

hrizantema
Домашен член
Домашен член
Мислења: 516
Придружен: 01 Nov 2013, 11:44
Му се допанале: 150 пати
Им се допаднал: 252 пати

Re: Скрининг во второ тромесечие

Post by hrizantema » 29 Oct 2014, 09:51

Лејла јас скринингот го правев во Ремедика и др го гледаше и срцето со влезот и излезот на крвта низ коморите и беше ок,е ако тогаш нешто им е сумљиво или не се сигурни ги праќаат на подетален преглед кај др Драшко, а во Систина на сите што одат на скриниг по дифолт ги праќаат кај др Драшко пак да види,незнам дали е морално или не,мислам дека имаше и таква тема тука пребарај не сум сигурна.А инаку овој скрининг на срцето мислам дека се прави некаде најкасно до кај 28 недела ама не ме фаќај за збор не сум сигурна.

Girl
Член
Член
Мислења: 191
Придружен: 26 Feb 2014, 09:01
Му се допанале: 27 пати
Им се допаднал: 102 пати

Re: Скрининг во второ тромесечие

Post by Girl » 29 Oct 2014, 10:00

Лејла јас го правеве вториот скрининг кај Димчев и сум презадоволна, не за џабе го фалат човекот толку :) Премногу е стручен, ќе ги прегледа сите органи, вклучувајќи го и срцето, прегледот е многу краток, ама кога ќе ти каже тој дека се е во ред верувај ми нема да се сомневаш :) Е сега, знам дека некои ги праќаат и на преглед на срце, ама ќе ти каже Димчев дали треба да одиш на овој преглед или не, нема врска дека сите од Систина ги праќаат таму, јас цела бременост ја водам таму и дури на форумов дознав дека постои таков преглед... Мене ништо не ми кажа и не бев, ми рече супер сте продолжи си на редовни прегледи и тоа е тоа, тој ми го кажа и полот, пред тоа не се гледаше :) без грижи, закажи си кај него нема да згрешиш. Цената на скрининг кај него беше 3000-3500 ден, не се сеќавам точно

Lejla7
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 4049
Придружен: 24 Oct 2011, 14:34
Му се допанале: 1286 пати
Им се допаднал: 1103 пати

Re: Скрининг во второ тромесечие

Post by Lejla7 » 29 Oct 2014, 10:21

Фала ви и на двете на одговорите (big-hug)

Хризантема, само презимето на др Драшко ако го знаеш напиши ми.

Тема за фетално срце мислам немаме, колку што погледнав. Јас ќе пробам и кај двајцата да закажам во ист ден некаде 23 недела, па ако Димчев ми каже дека не мора ќе го откажам другиов. Многу пат е, и лош одозгора, во фаза на реконструкција, не се издржува.

Ивановски е претпазлив заради годините мои - зато ми препорача фетална ехокардиографија. Со секој преглед се осеќам се постара (sad1), а мислам дека па и не сум престарела со 35 за толку испитувања да ми препорачуваат (ner)

Радост
Модератор
Модератор
Мислења: 2203
Придружен: 23 May 2013, 07:48
Location: Скопје
Му се допанале: 1320 пати
Им се допаднал: 1927 пати

Re: Скрининг во второ тромесечие

Post by Радост » 29 Oct 2014, 11:26

Лејла како си ти одлучиш и како ти мислиш дека ќе си помирна, така направи. Јас скрининзите ( 4 ми се фатија поради претпазливост за бубрезите на крофната ) ги правев во Ремедика кај Адамова. Ниту она ми рече да правам дополнително ехо за срце ниту пак јас имав намера.
Немој да ме сфатиш погрешно, не се парите проблем зошто се печалат ама мислам дека ја претераа со сите скрининзи кои ги уфрлуваат само. Ако не дај Боже, пак ќе нагласам ако не дај Боже има било каков проблем некое бебе тогаш се праќа на дополнително испитување/ехо/скрининг или како и да е. Не знам зошто во Систина упорно се протнува тој скрининг како дел од нешто задолжително кога и на "обичните" скрининзи се гледа апсолутно целото срце со сите комори, предкомори, доток на крв, испумпување ...

Што и да одлучиш нека се заврши само со убави вести како и досега. Јунакот секако си е совршено здрав и си расте кај тебе. (rad)

hrizantema
Домашен член
Домашен член
Мислења: 516
Придружен: 01 Nov 2013, 11:44
Му се допанале: 150 пати
Им се допаднал: 252 пати

Re: Скрининг во второ тромесечие

Post by hrizantema » 29 Oct 2014, 11:39

Лејла др е Драшко Димески (smile) И во потполност се согласувам со кажаното на Радост,на вториот скрининг се гледа се од срце до комори и преткормори и ако е се во ред нема потреба од доплонителни стресови,еве и вчера бев на преглед за фетален раст во 32 недела и пак го гледаше Петрова дотокот на крв во срцето,плус што вика и Радост и бубрезите ми ги гледаа подетално дека тие знаеле да зфркаваат некогаш,ама ти како ќе си одлучиш така.Инаку нема тема посебна ама во оваа тема наназад мислам имаше дискусии околу оваа проблематика.

Miki
Домашен член
Домашен член
Мислења: 600
Придружен: 09 May 2012, 17:27
Му се допанале: 33 пати
Им се допаднал: 133 пати

Re: Скрининг во второ тромесечие

Post by Miki » 29 Oct 2014, 13:08

Lejla...i jas bev samo kaj Dimcev, covekot e fantasticen, kako samo uspea se da vidi so tie race i noze shto letaa na ekranot :))). Skriningot traese po saat vreme kaj mene :) Polot go pogodi i na dvete od 12 nedela.

Lejla7
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 4049
Придружен: 24 Oct 2011, 14:34
Му се допанале: 1286 пати
Им се допаднал: 1103 пати

Re: Скрининг во второ тромесечие

Post by Lejla7 » 29 Oct 2014, 13:51

И јас сакам само кај Димчев (smile)
Ама ќе пробам да закажам и кај двајцата во ист ден, за во случај да ме препрати плус за срце кај Драшко. Не можам пак да патувам заиста цел. Еве читам на Карина и кажал Димчев посебно да оди за срце. Навистина не знам што ќе ми каже.

А после овој скрининг во 21-24 недела на колку време одевте на контрола? И дали е 4Д прегледот кај Димчев? Фала ви на сите за споделените искуства (kup)

Радост
Модератор
Модератор
Мислења: 2203
Придружен: 23 May 2013, 07:48
Location: Скопје
Му се допанале: 1320 пати
Им се допаднал: 1927 пати

Re: Скрининг во второ тромесечие

Post by Радост » 29 Oct 2014, 14:03

Лејла, јас не можам да се навраќам за точно да го прочитам постот на Карина ама мислам дека нејзе ја препраќаа плус поради тоа што и се случи со претходното бебе. Значи баш и како што реков ако има потреба он ќе ти каже ( а нема да има ), муабетот ми беше дека на своја рака нема потреба да го правиш.

Јас не сум меродавна многу да ти кажам за контролите, зошто во најдобар случај одев на 3 недели, цела бременост на 2 недели бев на контрола.

Girl
Член
Член
Мислења: 191
Придружен: 26 Feb 2014, 09:01
Му се допанале: 27 пати
Им се допаднал: 102 пати

Re: Скрининг во второ тромесечие

Post by Girl » 29 Oct 2014, 14:07

Lejla 4д е прегледот, ќе ти покажува што прави, кај му се рачињата ножињата, главчето, ќе ти направи и сликички за си ги земеш, ќе видите на кој личи (lovet) Мене тоа ми беше најубав преглед, уште си ги чувам сликите :)
Ако е се во ред ќе си продолжиш со нормални контроли како и претходно, јас одам еднаш месечно.

Кога закажа?

Одговори

Return to “Испитувања во бременоста”