Испитување на D-dimeri, AFA i Hemostaza

Кои испитувања е потребно да се направат во бременоста. Совети и искуства за здрава бременост.

Moderator: Модератори

Правила на форумот
ТУКА
Ве молиме да се придржувате до темите. Пораките кои ја насочуваат темата во друга насока, ќе бидат избришани , едитирани или префрлени во друга тема. Доколку сметате дека нема соодветна тема или не можете да ја најдете, ве молиме започнете нова.
milena15
Член
Член
Мислења: 240
Придружен: 29 Jul 2014, 17:09
Му се допанале: 72 пати
Им се допаднал: 37 пати

Re: Испитување на D-dimeri, AFA i Hemostaza

Post by milena15 » 12 Dec 2014, 17:41

Фала многу Лоран, да ми препорачаш кај кој доктор да ми закаже матичната? И после кај истиот доктор што првично ме прегледал да идам со резултатите така? Јас не сум бремена, ми требаат испитувањава за забременување зашто имам покачени тромбоцити па како наводно можно е да немало проток на крв во матката. Како и да е терапијата е иста за сите аспирин или клексан инекции.

Lejla7
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 4048
Придружен: 24 Oct 2011, 14:34
Му се допанале: 1284 пати
Им се допаднал: 1103 пати

Re: Испитување на D-dimeri, AFA i Hemostaza

Post by Lejla7 » 13 Dec 2014, 10:46

loran wrote: Мада јас да си искоментирам мислам дека сега со клексаниве е се чист бизнис (ner) (ner) ,тоа е мое мислење.
Ne se soglasuvam deka kleksanite se cist biznis. Po nekolku neuspesni bremenosti (od koi i edna so in vitro), eve me tuka kade sto sum blagodarenie na kleksanite zatoa sto imam hipertrombicna sostojba - plodot ne mozel da se hrani uspesno i umiral. Dokolku ne gi napravev ispituvanjata za koi zboruva Milena nemase ni da znam za ova. Golem del od coveckata populacija ja imaat ovaa sostojba i ne im pravi problem, no kaj izvesen procent doveduva do posledici. Zatoa Milena, ispitaj si se sto treba, nemoj da cekas tolku kolku sto cekav jas. Sekoj problem si ima resenie i poarno da se najde otkolku da se luta vo mrak.

loran
Нов член
Нов член
Мислења: 40
Придружен: 19 Nov 2014, 20:55
Му се допанале: 22 пати
Им се допаднал: 21 пати

Re: Испитување на D-dimeri, AFA i Hemostaza

Post by loran » 13 Dec 2014, 13:30

Лејла погрешно ме разбра,јас не реков за испитувањата,јас искоментирав за клексаните и кажав дека е тоа мое мислење од мое искуство,а далеку од тоа дека на некого сугерирам да не испита тоа што треба(зошто сепак испитувањата се многу важна работа).
Милена мене матичната ми закажа кај кој имаше место(искрено не знам за да ти препорачам)можеби некоја друга е подобро информирана во тој поглед.

milena15
Член
Член
Мислења: 240
Придружен: 29 Jul 2014, 17:09
Му се допанале: 72 пати
Им се допаднал: 37 пати

Re: Испитување на D-dimeri, AFA i Hemostaza

Post by milena15 » 13 Dec 2014, 17:31

Јас сега гледав на мој термин и слободни термини дури за месец дена и повеќе (ner) инаку стварно мора некогаш ние да си ги побркаме работиве, јас на мојов доктор Митко му спомнав еднаш он ми вика доста читаш по интернет и форуми ме искара (scared) затоа сега на своја рака ќе си испитам па после со резултати ќе му отидам (thumbsup)

И да прашам упатот како да гласи да ги има овие испитувања назначено или некоја дијагноза? Гарант матичнава нема да знае што да пише тоа дека нели се многу стручни (brows)

Lejla7
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 4048
Придружен: 24 Oct 2011, 14:34
Му се допанале: 1284 пати
Им се допаднал: 1103 пати

Re: Испитување на D-dimeri, AFA i Hemostaza

Post by Lejla7 » 13 Dec 2014, 18:48

Milena, ova e tema za ovie ispituvanja vo bremenost, a inaku site informacii za toa kako treba da glasat upatite ke gi najdes vo temata za HLA i genetski ispituvanja, podforum Neplodnost. Ako smetas deka treba da gi napravis, napravi gi - pak ke kazam - podobro odnapred otkolku posle nekolku spontani kako mene, koga si i psihicki i fizicki skrsen. A ako ne citav po forumi, ni za Mitko ke znaev, nitu pak ke znaev kako da stignam do in vitro preku fond. I jas sum da ne se cita i veruva bukvalno na se, no so selektiran pristap mozes i do mnogu korisni informacii da dojdes.

Loran, ne te sfativ pogresno, no site imame razlicni dijagnozi, pa spored toa i razlicni iskustva so odredeni lekovi. Za mene ne e biznis toa sto mi pomogna da ja odrzam bremenosta. I jas samo go kazav moeto mislenje, ne se luti, ne mislev nisto loso.

Bilence 123
Член
Член
Мислења: 156
Придружен: 18 Aug 2014, 18:33
Им се допаднал: 18 пати

Re: Испитување на D-dimeri, AFA i Hemostaza

Post by Bilence 123 » 18 Dec 2014, 00:09

Бев на преглед кај приватен лекар за езерцата што сум ги имала на постелката како што ми рече матичната, и приватниот лекар ми вели не вреди за ова муабет да правиме ми ги покажува и вели: јас секој ден го гледам ова, постелката ти е нормална. За секој случај во петок кога ке одам на скрининг, ке провериме и д-димери.

Bilence 123
Член
Член
Мислења: 156
Придружен: 18 Aug 2014, 18:33
Им се допаднал: 18 пати

Re: Испитување на D-dimeri, AFA i Hemostaza

Post by Bilence 123 » 26 Dec 2014, 00:13

Вредноста на д-димерите ми беше 1100, наодот ми беше соодветен за гестациската возраст, број на тромбоцити 205. Среќна сум што нема да ставам инекции Клексан.

cicamaca
Нов член
Нов член
Мислења: 56
Придружен: 26 Oct 2014, 13:31
Му се допанале: 11 пати
Им се допаднал: 18 пати

Re: Испитување на D-dimeri, AFA i Hemostaza

Post by cicamaca » 23 Jan 2015, 22:48

I jas denes bev na ispituvanje za d-dimeri i mojot rezultat e 736. Spored tabelata koja e dadena od strana na rezultatot mislam deka se vo red.
No vo sekoj slucaj treba da odam kaj ginekologot da vidam so nego zosto na exo-to mi kaza deka na posetlkata sum imala nekoi zatemnuvanja.

Ke cekame do ponedelnik pa ke vidime sto ke ni kaze.

Pozdrav (joy)

cicamaca
Нов член
Нов член
Мислења: 56
Придружен: 26 Oct 2014, 13:31
Му се допанале: 11 пати
Им се допаднал: 18 пати

Re: Испитување на D-dimeri, AFA i Hemostaza

Post by cicamaca » 26 Jan 2015, 18:47

Бевме кај чичко доктор за резултатите...

Ми рече супер , нема потреба за инекции. (rad)

Растете си и се гледаме за 3 недели. (joy)

Им посакувам на сите мешковци резултати како моите и да си ги дочекаме бебуши без проблем.

(big-hug)

sunshine_2012
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 1153
Придружен: 04 Jul 2012, 23:01
Location: Tetovo
Му се допанале: 548 пати
Им се допаднал: 738 пати

Re: Испитување на D-dimeri, AFA i Hemostaza

Post by sunshine_2012 » 22 Sep 2015, 19:43

Еве ме и мене на оваа тема. И моите Д димери се лесно покачени и сега се боцкам со клексан, 10 дена. Докторката ми забележа попуштена вна и одма ми рече да проверам Димери. Добро е што ги направив овие испитување па да се спречи несакано нешто.

Одговори

Return to “Испитувања во бременоста”