Трнење на рацете

Здравје и компликации во бременоста. Совети за здрава бременост, наши иксуства и како да се избегнат и надминат компликациите.

Moderator: Модератори

Правила на форумот
ТУКА
Ве молиме да се придржувате до темите. Пораките кои ја насочуваат темата во друга насока, ќе бидат избришани , едитирани или префрлени во друга тема. Доколку сметате дека нема соодветна тема или не можете да ја најдете, ве молиме започнете нова.
anabejbi
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 1522
Придружен: 21 Nov 2012, 17:19
Му се допанале: 462 пати
Им се допаднал: 850 пати

Re: Трнење на рацете

Post by anabejbi » 22 Aug 2013, 11:25

Радост, почекај ги резултатите па види дали ќе почнеш со калциум, јас почнав да пијам од оваа недела.
Болка имав силна во зглобот и над зглобот на раката, болкати ми беше толку силна што ме будеше од сон па морав да ја везувам раката со нешто, мм ми се смееше (rolll) ама многу ме болеше. Сега ми е во ред раката се надевам дека и кај тебе ќе помине брзо.

carina
Домашен член
Домашен член
Мислења: 726
Придружен: 20 Jul 2011, 08:21
Location: skopje
Му се допанале: 193 пати
Им се допаднал: 279 пати

Re: Трнење на рацете

Post by carina » 22 Aug 2013, 14:49

od kolku mg piete calcium?

Радост
Модератор
Модератор
Мислења: 2203
Придружен: 23 May 2013, 07:48
Location: Скопје
Му се допанале: 1320 пати
Им се допаднал: 1927 пати

Re: Трнење на рацете

Post by Радост » 22 Aug 2013, 16:02

Калциумот ми во границите на нормалата. И сега сум уште позбунета, веројатно ќе морам да и препишам на реумата се иако прв пат таква болка осетив од нејзе. Ќе пробувам со масажи и јас ќе ја врзувам, па нека ми се смеат и мене. :)

Радост
Модератор
Модератор
Мислења: 2203
Придружен: 23 May 2013, 07:48
Location: Скопје
Му се допанале: 1320 пати
Им се допаднал: 1927 пати

Re: Трнење на рацете

Post by Радост » 25 Aug 2013, 15:12

Синдром на карпален тунел (Carpal tunnel syndrome)

Фактори на ризик за настанување на болеста




Најчести трауматски фактори кои ја предизвикуваат болеста се повторени движења на шаката при работа. Дактилографите и луѓето кои значителен дел од времето го поминуваат куцајќи на тастатура и работа со глувето од компјутерот се најновите во низата на професионални работници кои се ризични за настанување на оваа болест. Кај работниците на строеви кои вибрираат е докажана дегенерација на сврзното ткиво настанато поради стрес при работа, поради што кај нив следи појава на идиопатски карпал тунел синдром. Во анамнезата на заболените често работната професија е инкриминирана како фактор за настанување на болеста. -
И бременост.


Симптоми на болеста


Болеста најчесто почнува со ноќни парестезии во подрачјето на инервацијата на nervus medianus. Пациентот се буди неолку часови после одморот со трнење, жарење, најчесто во подрачјето на средниот прст, а потоа и првите два прста од внатрешната страна на шаката. Кај тешки и напреднати случаи, парестезиите идат вдолж целата шака се до лактите, а се појавуваат и во текот на денот. Доколку причината на болеста не се совлада, болеста напредува кон пареза на нервот кој предизвикува атрофија на мускулите инервирани од страна на nervus medianus.

Терапија


Лекувањето на заболените од синдромот на карпал тунел треба да биде индивидуално. Денес се распознаваат 4 степени на болеста, ран, интермитентен, напреднат, т.е. посебен акутен стадиум.

Индивидуите во раниот стадиум треба да се лекуваат конзервативно, со вбризгување на инјекција на преднизолон/хидрокортизон во подрачјето на тунелот, но никако во самиот нерв. Секако се подразбира и привремена имобилизација на шаката, како и прекин на било каква ризична работа. По потреба постапката може да се повтори 1-2 пати во наредните десет месеци. Доколку не дојде до подобрување, ќе биде потребно оперативно лекување.


Индивидуите во интермитентна и напредната фаза треба да се лекуваат оперативно. Кај нив симптомите се присутни подолго од десет месеци, карактеризирани со константни парестезии, стенозирачки тендосиновитиск, позитивна историја на повеќето невролошки тестови и возраст над 50 години.



Најчесто поминува после пораѓај, освен во ретки случаи.

Два дена истражував по интернет, па го копирав ова на македонски да стои како информација иако посакувам на ниедна трудница да не и притреба.. Јас ја имав таа несреќа директно на цела рака да ме фати во форма на улнарен синдром и болките се неиздржливи, ноќеска и си плачев.
Мобилизирана ми е раката и се со десната правам.

Радост
Модератор
Модератор
Мислења: 2203
Придружен: 23 May 2013, 07:48
Location: Скопје
Му се допанале: 1320 пати
Им се допаднал: 1927 пати

Re: Трнење на рацете

Post by Радост » 26 Aug 2013, 07:50

http://en.wikipedia.org/wiki/Carpal_tunnel_syndrome

Како причина покрај бременоста стои и хипотироидеа. (cry1) (ner) Да си се пожалам и утрово.

Emilija85
Член
Член
Мислења: 200
Придружен: 20 Nov 2012, 16:33
Му се допанале: 63 пати
Им се допаднал: 73 пати

Re: Трнење на рацете

Post by Emilija85 » 26 Aug 2013, 11:34

И мене ме загрижува, мислев се намали ама ништо вчера едвај си исчистив по дома, ноќе е појако ама не се губи ниту дење, едвај чекам да дојде петок да видиме што ќе каже докторот.

Радост
Модератор
Модератор
Мислења: 2203
Придружен: 23 May 2013, 07:48
Location: Скопје
Му се допанале: 1320 пати
Им се допаднал: 1927 пати

Re: Трнење на рацете

Post by Радост » 30 Aug 2013, 09:21

Емилија како си денес? Беше ли на лекар? Анабејби и ти?

Јас да се пофалам дека сме подобри и ете можам полека со десната рака да искуцам цел пост. :) Па сакав да споделам плус некои финти што ми помогна мене. Најбитно е да е мобилизирана раката за да не ја движите т.е цело време да ја одмарате зошто приметив дека при најмали движења кога сакав да бидам фраерка болеше многу повеќе. Во спиењето да ви е фиксирана на перница за да не ја движите иако знам дека е тешко, јас еве веќе неколку дена само на грб морам да спијам ама барем се намалуваат оние неиздржливите болки од кои мислев дека ми се распаѓа целата рака. И друго што успеав да прочитам по интернет и да го применам е во никој случај топли масажи. Кога мислев дека е реума ми ја масираа раката за да се стопли, а со тоа практично каналот кај коските отекувал и ги притискал нервите.

Се надевам дека наскоро скроз ќе помине и ќе можеме на раат да уживаме. Иако верувам дека сите би стегнале заби за се, само бебињата да се добри.

Чувајте се. (kup)

Emilija85
Член
Член
Мислења: 200
Придружен: 20 Nov 2012, 16:33
Му се допанале: 63 пати
Им се допаднал: 73 пати

Re: Трнење на рацете

Post by Emilija85 » 30 Aug 2013, 09:54

Го прашав докторот, ми рече дека тоа е поради тоа што бебто влече калциум, не е дека му фали, си зема тоа колку што му треба од коските мои, и рече дека не треба да внесувам калциум сега преку витамини, туку да ја зголемам дозата на магнезиум, ако пиев до сега 250 дневно да пијам барем 350. Ништо страшно болките ќе се издржуват, битно не е знак на нешто лошо, изгледа како нормална појава во бременоста.

Радост
Модератор
Модератор
Мислења: 2203
Придружен: 23 May 2013, 07:48
Location: Скопје
Му се допанале: 1320 пати
Им се допаднал: 1927 пати

Re: Трнење на рацете

Post by Радост » 30 Aug 2013, 10:25

Браво. (rad) Моите болки не се баш издржливи, а сум човек што може многу да трпи, не е дека сум лигава и кревам паника. Наредната недела ќе идам кај матичната да видеме дали може нешто да се направи. Јас пијам магнезиум по 500мг. дневно.

teona
Член
Член
Мислења: 149
Придружен: 27 Feb 2013, 04:28
Им се допаднал: 29 пати

Re: Трнење на рацете

Post by teona » 15 Jul 2016, 03:53

devojki zosto mi se javuva trnenje na prstite odvreme na vreme?

Одговори

Return to “Здравје и компликации во бременоста”