Инекции флостерон и страв од предвремено породување

Здравје и компликации во бременоста. Совети за здрава бременост, наши иксуства и како да се избегнат и надминат компликациите.

Moderator: Модератори

Правила на форумот
ТУКА
Ве молиме да се придржувате до темите. Пораките кои ја насочуваат темата во друга насока, ќе бидат избришани , едитирани или префрлени во друга тема. Доколку сметате дека нема соодветна тема или не можете да ја најдете, ве молиме започнете нова.
Одговори
anabejbi
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 1522
Придружен: 21 Nov 2012, 17:19
Му се допанале: 462 пати
Им се допаднал: 850 пати

Инекции флостерон и страв од предвремено породување

Post by anabejbi » 27 Sep 2013, 06:53

Инекции флостерон и страв од предвремено породување
Добро утро девојки, невидов слична тема, па решив да отворам нова, доколку има може да се спои.
Од почетокот бременоста ми е високоризична со можност за предвремено породување од кое навистина се плашам. По препорака на докторите и поради се почестите болки кои ги имам, скратениот цервикс и мекото грло на матката, претходните два дена примив Флостерон по 2 ампули кои се всушност системски кортикостероиди кои биле за предвремено зреење на белите дробови. Во принцип сум човек кој многу ретко посегнува по било какви лекови, а пак за инекции да не зборуваме, така да многу се мислев дали да ги примам, но стравот од предвременото породување беше пресуден . Сега ми останува само да се смирам да мислам позитивно и да гледаме да изгураме што е можно повеќе недели. Бебушот е поситен и е за една недела помал, ќе видиме како ќе напредува понатаму.
Ве молам доколку некој има искуство со предвремено породување или со примање на инекции за предвремено зреење на белите дробови кај бебињата да го сподели своето искуство.

Радост
Модератор
Модератор
Мислења: 2203
Придружен: 23 May 2013, 07:48
Location: Скопје
Му се допанале: 1320 пати
Им се допаднал: 1927 пати

Re: Инекции флостерон и страв од предвремено породување

Post by Радост » 27 Sep 2013, 07:50

Анабејби, на сестра ми со второто јуначе и пукна водењакот во 34-та недела. Не беше отворена и немаше болки. Ја примија на патолошка бременост и таму и рекоа дека наредните два дена ќе прават се и дека мора да ги прима тие инекции за белите дробови. Ги примаше и наредното утро се породи. Поминавме непреспиени ноќи и си го однесовме дома со 2 кг. Сега наполни 4 години и си е нормално детенце како и сите други. :)
Јас знам дека е различна оваа од твојата приказна ама сакав да те утешам дека тие инекции се за доброто на бебчето и едноставно не размислувај на ништо друго, он е јунак и така ќе остане. (a2)

Crnokosaa
Домашен член
Домашен член
Мислења: 572
Придружен: 11 Nov 2012, 22:16
Му се допанале: 102 пати
Им се допаднал: 236 пати

Re: Инекции флостерон и страв од предвремено породување

Post by Crnokosaa » 27 Sep 2013, 08:24

I jas vo 34 nedela imav jjaki bolki vo pubicnata koska, , me pregledaa bev prst i pol otvorena i me zadrzaa. Primav sistem tokoliza za namalivanje na bolkite i 4 ampuli ( dva pati po dve ) flosteron inekcii, sakavme da sprecime poroduvanje barem narednite 10 dena. Mi go vidoja bebeto na eho rekoja deka e se vo red razvijano samo dokolku se sluci predvremeno poroduvanje bebeto ke bidi malo okolu 2 kg i ke polezi vo inkubator. ... Bolkite prestanaa i doturkavme do kraj t.e 2 dena pred termin se porodiv bidejki sum bila otvorena 4cm me zadrzaa bez nikakvi bolki i tamu mi go puknaa vodenjakot i da recam prisilno me porodija i trista drugi gluposti i problemi nastanaa kaj mene...
Ne se plasi ako ti kazuvaat deka e se vo red.

merlin
Редовен член
Редовен член
Мислења: 257
Придружен: 19 Apr 2013, 14:49
Му се допанале: 184 пати
Им се допаднал: 98 пати

Re: Инекции флостерон и страв од предвремено породување

Post by merlin » 27 Sep 2013, 08:46

анабејби јас немам искуство и неможам да ти помогнам но сум/ке бидам на исто дереџе како тебе бидејки и јас сум помало и подотворено грло. др во словенија ме советуваше да направам абдоминален серклаж за да немам проблеми со бременост но јас не превземам ништо, се надевам дека обичен серклаж ке заврши работа. ти серклаж немаш??

anabejbi
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 1522
Придружен: 21 Nov 2012, 17:19
Му се допанале: 462 пати
Им се допаднал: 850 пати

Re: Инекции флостерон и страв од предвремено породување

Post by anabejbi » 28 Sep 2013, 07:13

Фала ви девојки (a2)
Серклаж не ми направија бидејќи кај мене неможел ништо да промени.
Сега засега болките ми се смирени, контракции повремени но не се во еднакви интервали, па се надевам дека ќе успееме да издржиме барем до 35 недела.

saska075
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 1714
Придружен: 17 Apr 2012, 19:48
Му се допанале: 335 пати
Им се допаднал: 614 пати

Re: Трудници ајде на муабет, кафе и благце

Post by saska075 » 04 Apr 2014, 18:10

Само што се враќам од кај Др. што ќе ме пораѓа, се во ред со крофната, но ми даде да примам едни инекции за зреење на плуќата на бебето. Тие се давале за предвреме родени деца, мене ми ги даде за секој случај иако нема никакви индикации за предвремено пораѓање (confus) Баш се замислив.
Инекциите се викаат Флустенос ако добро прочитав. Треба да ги примам 2 дена по 2 инекции. Не знам што да правам??? Дали да ги примам или не?? Не сум слушнала дека некој ги примал за секој случај ако нема потреба.
Ќе ве молам за совет тие што се веќе породени или што слушнале за ова.

anabejbi
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 1522
Придружен: 21 Nov 2012, 17:19
Му се допанале: 462 пати
Им се допаднал: 850 пати

Re: Трудници ајде на муабет, кафе и благце

Post by anabejbi » 04 Apr 2014, 18:24

Сашка јас ги примив во 7 месец, но кај мене имаше индикации и тоа големи за предвремено раѓање, тоа се кортикостероиди (ако добро се секавам на терминот) и јас се уплашив од упатството кога го прочитав.
Ако те советува докторот подобро прими ги, мислам дека и ти имаше малку скратување на цервиксот.
Поздрав и не се плаши, гални го мешето од мене и М.

Debora
Администратор
Администратор
Мислења: 11056
Придружен: 22 Sep 2009, 17:24
Му се допанале: 5853 пати
Им се допаднал: 3576 пати

Re: Трудници ајде на муабет, кафе и благце

Post by Debora » 04 Apr 2014, 22:16

Сашка можеш да се консултираш и со друг лекар, па слушни уште едно мислење.

Jasna
Нов член
Нов член
Мислења: 1
Придружен: 18 Feb 2018, 18:58

Re: Инекции флостерон и страв од предвремено породување

Post by Jasna » 18 Feb 2018, 23:09

Дали некоја трудница/мајка која пред пораѓај примила инекции флостерон за зреење на белодробие на бебето, после пораѓајот кај себе има добиено отоци во некои делови од телото, конкретно лице, образи и нозе над глуждовите?

Gordana stoj
Нов член
Нов член
Мислења: 1
Придружен: 20 Sep 2023, 17:03
Им се допаднал: 1 time

Re: Инекции флостерон и страв од предвремено породување

Post by Gordana stoj » 20 Sep 2023, 17:09

Јас ноќта имав такво нафрлување по тело и лице, двата пати како ја примив флостерон во 2018та, мислев ќе умрам, ужасно беше...... сега во 2023 за втора бременост со ист случај за предвремено, затоа ми дадоа ампули дехсаметазон кортикостероид, поминав без никакви др реакции 🙏🏻.... позитивна мисла, и да издржиме со бебушот!

Одговори

Return to “Здравје и компликации во бременоста”