Крварење во текот на бременоста
Moderator: Модератори
ТУКА
Ве молиме да се придржувате до темите. Пораките кои ја насочуваат темата во друга насока, ќе бидат избришани , едитирани или префрлени во друга тема. Доколку сметате дека нема соодветна тема или не можете да ја најдете, ве молиме започнете нова.
-
- Администратор
- Мислења: 11056
- Придружен: 22 Sep 2009, 17:24
- Му се допанале: 5853 пати
- Им се допаднал: 3576 пати
Крварење во текот на бременоста
Post by Debora » 16 Jan 2010, 16:10
Иако не мора да значи дека се работи за опасност, сепак доколку приметите било какво крварење јавете се веднаш кај Вашиот лекар.
Важно е да го следите крварењето: за колкава количина се работи и каква боја е (може да варира од розова, светло црвена, па се до темно кафена боја). Тоа на Вашиот лекар ќе му помогне во поставуавањето на правилната дијагноза.
Крварењето може да се јави од повеќе причини, зависно од тоа во која фаза од бременоста се наоѓате.
КРВАРЕЊЕ ВО ПРВОТО ТРОМЕСЕЧИЕ
Во првото тромесечие крварењето може да се јави од разни причини. Она што најмногу ги плаши жените е можноста дека се работи за абортус. Сепак кај повеќе од половина случаи на крварење не доаѓа до абортус.
Имплантациско крварење
Тоа е обично послабо крварење кое се случува додека ембрионот се всадува во матката, доколку дојде до пукање на некој помал крвен сад. Ова крварење обично се јавува помеѓу 6 и 12 ден од зачнувањето, кога жената всушност и не знае дека е трудна. Може да трае од неколку саати до неколку дена. Бидејки најчесто се јавува пред очекуваната менструација, многу жени го помешуваат со неа, иако е со послаб интензитет.
Полип на грлото на матката
Полипите се бенигни изрстоци на матката и често можат да предизвикаат крварење.
Инфекција на грлото на матката.
Можно е да се работи за некоја габична или бактериска инфекција.
Исто така причина за крварење може да биде некој хематом и сл. Во бременоста цервиксот е поосетлив, па е можно да дојде до крварење после сексуални односи, земање на ПАП тест и др. Во секој случај задолжително јавете се на лекар. Додека имате крварење забранети се секслуални односи, користење на тампони и сл.
Спонтан абортус
Спонтаниот абортус обично се јавува во првите 12 седмици од бременоста. Запомнете дека ако се појави крварење не значи дека мора да се работи за абортус. Абортусот е придружен со следните знаци:
* Крварење, придружено со испаѓање на пареченца ткиво од вагината .
* Силни менструални грчеви.
Повеќето абортуси не е можно да се спречат. Ако сте доживеале аборутус, тоа не значи дека нешто не е во ред со вас. Абортусот често е начин на кој телото се справува со бременоста, кога веќе имало некаква ненормалност кај неа.
Ектопична бременост
Кај ектопичната бременост ембрионот наместо да се всади во матката, тој е всаден надвор од неа, најчесто во јајоводите. Ова е многу опасна ситуација. Како што расте ембрионот доаѓа до прскање на јајоводот и животот на мајката се доведува во опасност. Оваквите случаи се решаваат со лапароскопска операција.
Симптоми на ектопична бременост се:
* Крварење.
* Ниска концентрација на hCG хормонот.
* Силни грчеви во долниот дел на стомакот.
* Остра болка во стомакот.
Моларна бременост
Ова е ретка појава, при која наместо ембрион во матката расте друго ткиво или абнормален ембрион. Ги има следните симптоми:
* Крварење, кое вообичаено е со темно кафена боја.
* На ултразвук често се забележува формација во вид на гроздаст израсток.
* Силни грчеви во стомакот.
* Интезивно гадење и повраќање.
* Висока концентрација на hCG хормонот.
Мора навреме да се реагира, затоа што се работи за тумурозна состојба и ткивото може да се прошири и во другите делови.
КРВАРЕЊЕ ВО ВТОРОТО И ТРЕТОТО ТРОМЕСЕЧИЕ
Крварењето во второто и третото тромесечие не мора да значи дека се работи за сериозна компликација, но тоа е можно. Доколку приметите било какво крварење итно јавете се кај Вашиот лекар.
Имајте на ум дека доколку имате негативна крвна група, веднаш по првото прокрварување ќе треба да примите инекција со имуноглобулини, освен во случај кога и таткото е со негативен RH фактор.
Причините за крварење може да бидат различни:
Воспаление и осетливост на цервиксот (вратот на матката)
Причина за крварење може да биде и некоја габична или бактериска инфекција.
Некомпетентност на цервиксот
Крварење може да се јави заради некомпетентен цервикс. Тоа е цервикс кој не може да остане затворен до крајот на бременоста. Често пати последица на оваков цервикс е предвремено породување. Најчесто се случува во второто тромесечие, но понекогаш и во третото.
Плацента превиа
Ова е многу сериозна состојба, кога плацентата е премногу ниско поставена во матката и може делумно или целосно да го покрива нејзиниот отвор. Обично се јавува безболно светло-црвено крварење, кое може да биде многу обилно и да го доведе во опасност животот и на мајката и на бебето.
Одлепување на плацентата
Кај оваа состојба плацентата се одлепува премногу рано и тоа доведува до крварење од местото на кое била прикачена. Ова одлепување може да биде целосно или делумно. Обично е пропратено со болки во стомакот. Најчесто се јавува во последните 12 седмици од бременоста, но можно е да се јави и порано.
Пукање на матката
Ова се јавува многу ретко, најчесто ако претходно бил извршен царски рез. Придружено се со силно крварење и силни болки во стомакот.
Предвремено породување
Слабо крварење е можно да е знак на предвремено породување. Предвременото породување е пропратено со следните симптоми:
* Крварење, кое може да биде и многу слабо, розикаво и помешано со секретот од паднатиот мукозен чеп.
* Контракции на матката.
* Грчеви слични на менструалните. Можат но не мора да бидат придружени со пролив.
* Притисок во малата карлица, може да имате чувство дека бебето притиска надолу.
* Болка во долниот дел од грбот.
Породување
Ако сте навлезени во 37-та седмица, можно е крварењето да е знак дека Вашето тело се подготвува за чинот на породување. Понекогаш оваквото крварење може да се јави и две недели пред породувањето. Обично се работи за слабо розикаво крварење, помешано со слуз од мукозниот чеп.
http://www.tvoebebe.com/BREMENOST/krvarenje.php
-
- Нов член
- Мислења: 5
- Придружен: 07 Sep 2010, 06:42
Re: Крварење во текот на бременоста
Post by Big » 08 Sep 2010, 03:29
-
- Нов член
- Мислења: 4
- Придружен: 25 Oct 2010, 17:28
Re: Крварење во текот на бременоста
Post by blond » 25 Oct 2010, 18:11
Докторката ми рече се е во ред... Во среда ќе одам пак на контрола... Ме фаќа паника дека можеби не е се во ред со плодот... :?
-
- Администратор
- Мислења: 11056
- Придружен: 22 Sep 2009, 17:24
- Му се допанале: 5853 пати
- Им се допаднал: 3576 пати
Re: Крварење во текот на бременоста
Post by Debora » 25 Oct 2010, 18:17
-
- Нов член
- Мислења: 9
- Придружен: 27 Aug 2010, 11:12
Re: Крварење во текот на бременоста
Post by Jasmin » 30 Dec 2010, 07:57
-
- Администратор
- Мислења: 11056
- Придружен: 22 Sep 2009, 17:24
- Му се допанале: 5853 пати
- Им се допаднал: 3576 пати
Re: Крварење во текот на бременоста
Post by Debora » 30 Dec 2010, 10:05
Јас не можам да кажам дали да ги земаш, оти не сум лекар. Ама можеби е добро да го послушаш лекарот, да ги земеш како превенција, иако други лекари не ги даваат кога нема крварење.
Во секој случај не се грижи, јас досега не сум чула дека прогестеронот наштетил.
-
- Нов член
- Мислења: 9
- Придружен: 27 Aug 2010, 11:12
Re: Крварење во текот на бременоста
Post by Jasmin » 30 Dec 2010, 11:01
Re: Крварење во текот на бременоста
Post by aneta » 30 Dec 2010, 13:14
-
- Нов член
- Мислења: 4
- Придружен: 25 Oct 2010, 17:28
Re: Крварење во текот на бременоста
Post by blond » 17 Apr 2011, 13:56
Некоја со слично такво искуство ?
Дали може делумна плацента превиа да предизвика предвремен пораѓај ?
-
- Администратор
- Мислења: 11056
- Придружен: 22 Sep 2009, 17:24
- Му се допанале: 5853 пати
- Им се допаднал: 3576 пати
Re: Крварење во текот на бременоста
Post by Debora » 17 Apr 2011, 14:20
topic186.html
Return to “Здравје и компликации во бременоста”
- Добредојде и да се запознаеме
- ↳ За форумов
- ↳ Технички прашања
- ↳ Да се запознаеме
- Забременување
- ↳ Во очекување на бременост
- ↳ Забременување
- ↳ Неплодност
- ↳ Испитувања на неплодност
- ↳ Дијагнози на неплодност
- ↳ Медикаменти
- ↳ Разно за неплодноста
- ↳ Инсеминација
- ↳ Ин витро и Наши дневници на ИВФ
- Бременост и породување
- ↳ Бременост
- ↳ Бременост
- ↳ Испитувања во бременоста
- ↳ Здравје и компликации во бременоста
- ↳ Спонтан абортус
- ↳ Разни теми поврзани со бременоста
- ↳ Породување
- ↳ После породувањето
- ↳ Честитки за новите бебуши
- Дете
- ↳ Доење
- ↳ Бебе од 0-12 месеци
- ↳ Бебе
- ↳ Исхрана на бебиња
- ↳ Здравје кај бебиња
- ↳ Опрема, козметика и сл.
- ↳ Дете од 1-3 години
- ↳ Тодлери
- ↳ Исхрана на тодлери
- ↳ Предучилишна возраст
- ↳ Училишна возраст
- ↳ Деца со посебни потреби
- ↳ Разно за децата
- ↳ Воспитување на децата
- Жена
- ↳ Мода
- ↳ Нега и убавина
- ↳ Природна нега
- ↳ Жена - разно
- Семејство, дом, миленици
- ↳ Семејство и брак
- ↳ Свадба
- ↳ Брак
- ↳ Мајчинство
- ↳ Семејство
- ↳ Патувања, празници, одмори...
- ↳ Дом
- ↳ Чистење
- ↳ Апарати и кујнски прибор
- ↳ Рецепти и готвење
- ↳ Уредување на дом и градина
- ↳ Направи сам
- ↳ Разно за домот
- ↳ Миленици
- Здравје
- ↳ Здравје - општо
- ↳ Здравје кај деца
- ↳ Здравје кај возрасни
- ↳ Сексуално преносливи болести
- ↳ Здравје
- ↳ Здрава храна и додатоци во исхраната
- Останато
- ↳ Хоби, спорт и рекреација
- ↳ Да помогнеме
- ↳ Информации
- ↳ Наши размислувања и ставови за разни теми
- ↳ Секојдневие
- ↳ Купувам, продавам, подарувам
- ↳ Опуштено
- ↳ Игри и забава
- ↳ Архива