Контакт на трудницата со сипаници

Здравје и компликации во бременоста. Совети за здрава бременост, наши иксуства и како да се избегнат и надминат компликациите.

Moderator: Модератори

Правила на форумот
ТУКА
Ве молиме да се придржувате до темите. Пораките кои ја насочуваат темата во друга насока, ќе бидат избришани , едитирани или префрлени во друга тема. Доколку сметате дека нема соодветна тема или не можете да ја најдете, ве молиме започнете нова.
JasminaJN
Домашен член
Домашен член
Мислења: 627
Придружен: 09 May 2011, 15:18
Им се допаднал: 3 пати

Re: Контакт на трудницата со сипаници

Post by JasminaJN » 01 Feb 2012, 14:43

Здраво Жизел. Ти благодарам на одогворот.Јас имам прележано како мала и направив испитување за Варичела тоа е ОК.Треба по 10 дена одприлика наново да се тестирам.И првиот и овој повторениот теат го правев и ќе го правам во Институт за Јавно Здравје со упат и син картон кошта 100,00 ден што не е скапо, во однос на тоа цело време да сум на игли.И јас разбрав дека нема опасност ако имам прележано но мене ми е шубе, па да си бидам мирна ќе го повторам како што ми препорача докторката.
Ти благодарам на убавите желби и јас се надевам дека лесно ќе помине.Ти богами си се измачила сама и со двете дечиња, барем не си одела на работа па среќна околност ако може така да се каже.
Поздрав и имај убав ден

carina
Домашен член
Домашен член
Мислења: 726
Придружен: 20 Jul 2011, 08:21
Location: skopje
Му се допанале: 193 пати
Им се допаднал: 279 пати

Re: Контакт на трудницата со сипаници

Post by carina » 22 May 2012, 22:33

zdravo deevojki eve i jas os maka da vi se javam.edvaj ostanav bremena i ova da mi se sluci,kerka mi vo momentov se isfrla,izgleda e varicela ima kako meurce na ednata sipanica,moite mi vikaat deka sum prelezala vo detstvo ama pa vo mnogu rana bremenost sum,7 ma nedela.mnogu se ispaniciv,bas vo period na organogeneza sum.citam jasmina ispituvala nesto pa ke go prasam doktorov utre sto da pravam.pozdrav i sto mislite

DemetraD
Член
Член
Мислења: 210
Придружен: 05 Nov 2011, 11:24
Му се допанале: 31 пати
Им се допаднал: 36 пати

Re: Контакт на трудницата со сипаници

Post by DemetraD » 23 May 2012, 20:21

Ич да не се секираш карина еднаш прележана варичела не се повторува никогаш се создава траен имунитет против вирусот на варичела Узивај во бременоста и не се грижи (kup) (kup) (kup)

carina
Домашен член
Домашен член
Мислења: 726
Придружен: 20 Jul 2011, 08:21
Location: skopje
Му се допанале: 193 пати
Им се допаднал: 279 пати

Re: Контакт на трудницата со сипаници

Post by carina » 24 May 2012, 11:24

ti blagodaram demetra na odgovorot ama zborev i so pedijatarot na kerka mi i ona tvrdi deka moze iako imas prelezano virusot da deluva na plodot vo ovoj period,jas zemav upat za centarot za javno zdravje-zaradi ispituvanje na antitela.pozdrav

DanielaXyz
Нов член
Нов член
Мислења: 10
Придружен: 17 May 2013, 12:30

Re: Контакт на трудницата со сипаници

Post by DanielaXyz » 17 May 2013, 12:54

Здраво,
во недела бев во контакт со бебе, за кое родителите денес (петок) дознале дека има бебешки сипаници.
Јас сум во 17тата недела од бременоста.
Не знам дали ги имам прележано овие сипаници.
Утре ќе одам обавезно на лекар, ама ептен се успаничив, што би можело да се случи ако и јас заболам од бебешки сипаници?

DanielaXyz
Нов член
Нов член
Мислења: 10
Придружен: 17 May 2013, 12:30

Re: Контакт на трудницата со сипаници

Post by DanielaXyz » 17 May 2013, 13:34

Сега дознав дека болеста на бебето е Егзантема субитум (6та болест), Бе 08.2.
Што значи сега ова, мали се или големи?

Debora
Администратор
Администратор
Мислења: 11005
Придружен: 22 Sep 2009, 17:24
Му се допанале: 5789 пати
Им се допаднал: 3547 пати

Re: Контакт на трудницата со сипаници

Post by Debora » 17 May 2013, 13:42

Даниела тоа е розеола, честа е кај бебиња, а многу ретко се среќава кај возрасни оти најчесто сите сме имале контакт со неа како деца и веќе е створен имунитет.

DanielaXyz
Нов член
Нов член
Мислења: 10
Придружен: 17 May 2013, 12:30

Re: Контакт на трудницата со сипаници

Post by DanielaXyz » 17 May 2013, 13:56

Debora wrote:Даниела тоа е розеола, честа е кај бебиња, а многу ретко се среќава кај возрасни оти најчесто сите сме имале контакт со неа како деца и веќе е створен имунитет.
Леле фала на одговорот, ептен почнав да паничам и да се тресам.

Тоа значи дека нема да има последици кај бебето и кај мене?

Debora
Администратор
Администратор
Мислења: 11005
Придружен: 22 Sep 2009, 17:24
Му се допанале: 5789 пати
Им се допаднал: 3547 пати

Re: Контакт на трудницата со сипаници

Post by Debora » 17 May 2013, 14:20

Па ако ти не се разболеш не може да има последици кај бебето, а целата веројатност е дека ти веќе досега си дошла во контакт со розеола многу пати досега и дека имаш створено иминутет, па нема да се разболеш. Најчесто се јавува кај бебиња до една година, евентуално до 3 години. За секој случај утре пак ќе си отидеш на лекар, ама дотогаш смири се. Прв случај на розеола кај трудница во светот бил документиран дури во 1992 г, а од тогаш со сега се евидентирани само грст случаи. Шансите да си една од нив се речиси никакви, обиди се да се смириш, сигурно се е во ред и пиши ни што ќе ти каже др. (smile)

DanielaXyz
Нов член
Нов член
Мислења: 10
Придружен: 17 May 2013, 12:30

Re: Контакт на трудницата со сипаници

Post by DanielaXyz » 17 May 2013, 14:34

Debora wrote:Па ако ти не се разболеш не може да има последици кај бебето, а целата веројатност е дека ти веќе досега си дошла во контакт со розеола многу пати досега и дека имаш створено иминутет, па нема да се разболеш. Најчесто се јавува кај бебиња до една година, евентуално до 3 години. За секој случај утре пак ќе си отидеш на лекар, ама дотогаш смири се. Прв случај на розеола кај трудница во светот бил документиран дури во 1992 г, а од тогаш со сега се евидентирани само грст случаи. Шансите да си една од нив се речиси никакви, обиди се да се смириш, сигурно се е во ред и пиши ни што ќе ти каже др. (smile)
Леле фала ти најмногу во свет, ептен ме смири.
Поздрав :)

Одговори

Return to “Здравје и компликации во бременоста”