Настинка и кашлање во бременоста

Здравје и компликации во бременоста. Совети за здрава бременост, наши иксуства и како да се избегнат и надминат компликациите.

Moderator: Модератори

Правила на форумот
ТУКА
Ве молиме да се придржувате до темите. Пораките кои ја насочуваат темата во друга насока, ќе бидат избришани , едитирани или префрлени во друга тема. Доколку сметате дека нема соодветна тема или не можете да ја најдете, ве молиме започнете нова.
Одговори
DANI
Нов член
Нов член
Мислења: 3
Придружен: 31 Aug 2010, 19:01

Настинка и кашлање во бременоста

Post by DANI » 31 Aug 2010, 19:05

Ajde malku da spodelime iskustva ili znaenja od strucni lica dali i kolku e opasno vo tekot na bremenosta da se nastine a toa da e prosledeno so kaslica, zatnat nos, pecenje vo grloto i t.n.
Last edited by Debora on 29 Jan 2011, 12:58, edited 3 times in total.
Reason: Насловот е променет во кирилица

ELIANA
Редовен член
Редовен член
Мислења: 369
Придружен: 21 Dec 2009, 15:32
Му се допанале: 2 пати
Им се допаднал: 18 пати

Re: Настинка и кашлање во бременоста

Post by ELIANA » 01 Sep 2010, 10:58

Еве јас не сум д-р, но ќе споделам од моето искуство. Колку што се сеќавам 12недели од бременоста имав поминато, не знам точно која недела бев кога настинав. Ме болеше грлото, по една недела почнав многу да кашлам и отидов на д-р. Колку може да биде опасна настинката не знам, но земањето антибиотици се гледа да се избегне особено во првите 12недели; и ако треба да се земат антибиотици најбезбедно било чист пеницилин. Арно ама јас се водам како алергична на пеницилин; д-рката ме виде, ме наслуша, рече дека сум имала наод на левата страна; и рече прво да пробаме со народни лекови, да не ми дава антибиотици; тоа вклучуваше правење гаргара со една чаша вода, едно лажиче морска сол и пола лажиче сода бикарбона; ставање на вратот крпче со ракија и бибер; и на градите не ми текнува точно мислам беше сало со кромид или така нешто. Ја прашав дали е настинкава многу лоша, ми рече му пречи на бебето дека се стега матката кога кашлам. По некој ден ми рече не ми поминува мене вака, морам да земам антибиотик и да го прашам гинекологот кои антибиотици смеам да ги примам. Јас не сакав непотребно да примам антибиотици, затоа што тие се земаат само во случај ако е бактерија во прашање, а ако е вирус не помагаат. За вирус треба време мислам. И се молев! Кога отидов пак кај матичниот после гинекологот, сега беше синот на смена, тој ме наслуша рече дека немам ништо на белите дробови. Ми даде сируп Mocovit како побезебеден за трудници и ми рече ако не ми се смирува кашлицата по ден, два, ми напиша антибиотици да земам. Јас го зедов сирупот и за еден ден поприлично ми се смири кашлицата, и пиев од него уште некој ден; си продолжив со правење гаргара, со пиење на многу течности, свежо исцеден сок од портокал, лимон, цитрон итн... Така што фала Му на Господ ми помина без антибиотици.
Но, знам и дргуги жени што биле настанати, па морале да пијат пеницилин, оспен мислам, па родиле здрави и живи деца. Така што јас не мислам дека настинката е многу опасна, но веројатно секој случај е индивидуален.
Се надевам моето искуство помогна малку. (bu)

DANI
Нов член
Нов член
Мислења: 3
Придружен: 31 Aug 2010, 19:01

Re: Настинка и кашлање во бременоста

Post by DANI » 19 Sep 2010, 10:21

Blagodaram na prekrasnoto objasnuvanje na svoeto iskustvo, za moja sreka kaslicata se namali na priroden pat so prirodni sostojki kako mnogu sokovi i mleko no seuste ne e isceznata 100%. Odvreme na vreme podkasluvam i custvuvam deka toa mi preci so napon na dolniot del od stomakot i najiskreno veruvam deka mozebi i ne e tolku strasno za moeto malo bebce. Dokolku prodozi vaka, sepak ke moram povtorno da mu kazam na svojot ginikolog deka kaslicata ne e prestanata seuste iako e namalena i kako raste stomakot pocnuva poveke da smeta naponot na dolniod del od stomakot pri kaslanjeto.
Dokolku ima i nekoi slicni trudnici so vakvo iskustvo i uspeale so prirodni sojstojki da se izlecat, slobodno neka go spodelat nivnoto iskustvo.

Novatrudnica
Нов член
Нов член
Мислења: 43
Придружен: 15 Nov 2010, 13:29

Кашлица

Post by Novatrudnica » 16 Nov 2010, 15:05

Веќе две недели имам кашлица како последица на воспалени синуси. 6та недела сум, матичната прво ми даде сируп од тегавец, ама бидејќи цел го испив и не ми помогна, ми даде ампицилин , во форма на алмацин, демек побезбедни биле за трудници. Почнав вчера да ги пијам, ама не знам дали да ги прекинам, да не ми наштетат. Би ве замолила за ваши искуства и некој природен ефикасен лек.

Debora
Администратор
Администратор
Мислења: 11002
Придружен: 22 Sep 2009, 17:24
Му се допанале: 5788 пати
Им се допаднал: 3546 пати

Re: Настинка и кашлање во бременоста

Post by Debora » 16 Nov 2010, 15:19

Ја најдов темава во Бременост па ја префрлив во Здравје во Бременост, каде што и е местото. Не сме приметиле дека не е на нејзино место.
Нова трудница се надевам дека ќе ти помогне нешто од советите. (smile)

Ana.I
Домашен член
Домашен член
Мислења: 523
Придружен: 27 Oct 2010, 22:03
Им се допаднал: 8 пати

Re: Настинка и кашлање во бременоста

Post by Ana.I » 17 Nov 2010, 10:25

novatrudnica kako se vika antibiotikot?
Jas koga bev 11 nedela pocna tecenje nos i bolki vo grloto.Ne zemav nikakvi lekovi,samo so caj i ovosje si vikav aj moze ke pomine,ama vo 12 nedela jas veke nemozev da goltam od bolka i kaciv temperatura.Maticnata-opst lekar,vo konsultacija so ginekologot mi dadoa da pijam OSPAMOKS-toa e na baza na amoksicilin(penicilinski tableti)no polesno se rastvatale vo zeludnikot.Mi rekoa deka nema nikakva opasnost da gi pijam i bas se sekavam na zborovite na mojot ginekolog-vika ajde Ane ne panici,pazarem vas trudnicite nema da ve lecime i ke ve ostavime taka,ne se sekiraj,ima lekovi i za vas,samo ne smee da se preteruva so pienje

Novatrudnica
Нов член
Нов член
Мислења: 43
Придружен: 15 Nov 2010, 13:29

Re: Настинка и кашлање во бременоста

Post by Novatrudnica » 29 Nov 2010, 17:29

Ане и јас почнав денес да пијам алмацин(амокицилин)500мг,прво се мислев дали да ги пијам, ај викам да не му наштетам на плодот иако лекар ми ги препиша, ама никако да помине. Што се не пробав , мед,лимон, чаеви,лист од зелка на челото(страдам од синуситис), спреј аквамарис.Кашлицата многу ми пречи, а секретот ми е ист како тој од носот. Прочитав на интернет дека амоксицилинот бил безбеден за трудници, па го почнав од денес, гледам дека нема друг избор. Ако не ти наштетиле на тебе, веројатно нема ни на мене, се надевам.

Novatrudnica
Нов член
Нов член
Мислења: 43
Придружен: 15 Nov 2010, 13:29

Re: Настинка и кашлање во бременоста

Post by Novatrudnica » 02 Dec 2010, 10:32

Сепак не го пиев антибиотикот, не помагал за синуситис. Знае ли некој да ми обајсни зошто капките за нос не треба да се употребуваат, кога дејствуваат локално и тоа е единствен спас за да може да се спие навечер од затнативе синуси??? Плус тоа не по цел ден, само навечер, а од друга страна можело спреј кој е кортикостероид, а тоа читав дека ни под точка разно да не се става. Ваши искуства???

Ana.I
Домашен член
Домашен член
Мислења: 523
Придружен: 27 Oct 2010, 22:03
Им се допаднал: 8 пати

Re: Настинка и кашлање во бременоста

Post by Ana.I » 02 Dec 2010, 11:15

mene mi rekoa deka smeam da stavam kapki za nos-ama za deca,no ne gi koristev

aneta
Нов член
Нов член
Мислења: 61
Придружен: 06 Nov 2010, 14:47
Им се допаднал: 1 time

Re: Настинка и кашлање во бременоста

Post by aneta » 02 Dec 2010, 11:32

Јас и во 12та недела и во 16та, на два пати фатив бронхитис со ларингит во комбинација.
И првиот па имав мала температура и како матичниот општи така и гинекологот ми рекоа одма да почнам со антибиотици и да не одолговлекувам многу.Пиев оспен на база на пеницилин се и сите доктори ми рекоа дека пеницилински препарат е најбезбеден во бременост.
Дури и фармацевтката кај што го купив ми рече и она дека била болна во бременоста и пиела натибиотици и дека воопшто не му штетело на детето.
Инаку не се препорачува апсолутно никаков сируп, ни на природна база, бидејќи не им е проверено влијанието врз трудниците.Капки за нос и останати работи никако.
Само вода со морска сол, домашно направено и да се плакне грло и да се листи носот, како и многу инхалации.

Одговори

Return to “Здравје и компликации во бременоста”