Страв од породување

Сите теми што се поврзани со породувањето. Термин за породување, болница, искуства итн.

Moderator: Модератори

Правила на форумот
ТУКА
Придржувајте се до темите. Пораките кои ја насочуваат темата во друга насока, ќе бидат избришани или едитирани. Доколку сметате дека нема соодветна тема или не можете да ја најдете, започнете нова.
Одговори
Debora
Администратор
Администратор
Мислења: 11042
Придружен: 22 Sep 2009, 17:24
Му се допанале: 5835 пати
Им се допаднал: 3571 пати

Страв од породување

Post by Debora » 22 Sep 2009, 18:14

Дали се плашевте од породувањето?
Како го надминавте стравот?

Petra
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 2039
Придружен: 17 Nov 2009, 20:50
Location: God's Kingdom
Му се допанале: 1044 пати
Им се допаднал: 729 пати

Re: Страв од породување

Post by Petra » 28 Sep 2009, 21:33

Еве ќе почнам од оваа тема.Јас од породување се плашев многу.Пред да останам бремена кога слушав другите жени како разговараат на оваа тема јас имав грчеви во стомакот. :D Но,кога забременив тој страв веќе го немаше.Во почетокот на бременоста беше присутен,но,во многу мала мера.Како напредував во бременоста постепено исчезнуваше.Мислите стануваат се по мајчински. И кога дојде самото породување јас не се плашев.Се се одвива природно така што воопшто нема време за страв.Кога ја земав мојата ќерка во прегртка заборавив на се во истиот момент. :)

Debora
Администратор
Администратор
Мислења: 11042
Придружен: 22 Sep 2009, 17:24
Му се допанале: 5835 пати
Им се допаднал: 3571 пати

Re: Страв од породување

Post by Debora » 30 Sep 2009, 13:29

Јас имам некој "чуден" страв. Понекогаш ми се случува да се уплашам кога ќе видам бремена жена, за тоа како таа ќе си помине на породувањето. Можеби баш заради страшните приказни, кои сум ги слушала. Среќа што не ми се случува тоа со секоја бремена жена која ќе ја видам. :oops:

Petra
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 2039
Придружен: 17 Nov 2009, 20:50
Location: God's Kingdom
Му се допанале: 1044 пати
Им се допаднал: 729 пати

Re: Страв од породување

Post by Petra » 30 Sep 2009, 19:26

Мислам дека баш иамш среќа Дебора што така не ти се случува со секоја трудница што ќе ја видиш. :D И јас се согласувам со тебе дека дел од стравот што го чувствуваме пред пораѓај од пораѓајот е од приказните што сме ги слушале.Всушност и не е страшно!

Annabel
Редовен член
Редовен член
Мислења: 490
Придружен: 09 Nov 2009, 21:21
Им се допаднал: 13 пати

Re: Страв од породување

Post by Annabel » 10 Nov 2009, 12:07

И јас не се плашев од пороѓајот, и мислам дека лесно поминав, уште да примев епидурална и ќе посакав наредниот ден повторно да раѓам :D .

Инаку, од мое искуство и од искуство на моите другарки, имам заклучено дека оние што се пооптоварени со пороѓајот, постојано размислуваат за тоа и се плашат, потешко поминуваат и на пороѓај. Можеби грешам....

Debora
Администратор
Администратор
Мислења: 11042
Придружен: 22 Sep 2009, 17:24
Му се допанале: 5835 пати
Им се допаднал: 3571 пати

Re: Страв од породување

Post by Debora » 10 Nov 2009, 14:28

Воопшто не грешиш Анабел. Жената мора да биде свесна дека нејзиното тело е совршено опремено за да го роди детето.
Едноставно женското тело е создадено за да раѓа. Ако постојат сомнежи за тоа дали е способна, многу нормално дека однапред ќе биде ослабена и ќе помине потешко.
Се радувам на твојата храброст и верувам дека нема да ти треба ни епидурална. :D

Debora
Администратор
Администратор
Мислења: 11042
Придружен: 22 Sep 2009, 17:24
Му се допанале: 5835 пати
Им се допаднал: 3571 пати

Re: Страв од породување

Post by Debora » 10 Nov 2009, 14:35

Сега се сетив на една моја пријателка, вика: ги гледам лугево на улица и си викам, па сите овие се родиле, епа и јас ќе можам да го родам моето дете :D .
И навистина си беше храбра до крај и иако бебето го роди карлично до ден денес си е таква.

Annabel
Редовен член
Редовен член
Мислења: 490
Придружен: 09 Nov 2009, 21:21
Им се допаднал: 13 пати

Re: Страв од породување

Post by Annabel » 11 Nov 2009, 00:03

Да, и мајка ми така вика, ако е толку страшно, никој немаше да роди второ или трето дете.

delfinka
Нов член
Нов член
Мислења: 6
Придружен: 13 Nov 2009, 18:00

Re: Страв од породување

Post by delfinka » 13 Nov 2009, 19:14

lele toj pusti strav i pri samata pomisla me fakja strav zdravje boze koga ke treba da ragjam nekogas ne znam kako ke mozam ama si velam koga gledas od strana mozebi izgleda tesko a usvari ne e taka :?

sanja
Нов член
Нов член
Мислења: 62
Придружен: 13 Nov 2009, 14:57

Re: Страв од породување

Post by sanja » 13 Nov 2009, 20:58

И кај мене постои некој страв од пораѓај! Не ми е страв од болката, колкава и да е ќе се издржи, за бебушот се ќе издржам, само ми е страв да не се јават некои компликации што би му наштетиле на бебето! Се надевам се ќе помине добро, едвај чекам да си го видам бебушот во моите раце, сепак имам уште цели 3 месеци....

Одговори

Return to “Породување”