Страв од породување

Сите теми што се поврзани со породувањето. Термин за породување, болница, искуства итн.

Moderator: Модератори

Правила на форумот
ТУКА
Придржувајте се до темите. Пораките кои ја насочуваат темата во друга насока, ќе бидат избришани или едитирани. Доколку сметате дека нема соодветна тема или не можете да ја најдете, започнете нова.
Одговори
Nadja
Редовен член
Редовен член
Мислења: 445
Придружен: 26 Aug 2012, 19:03
Му се допанале: 9 пати
Им се допаднал: 52 пати

Re: Страв од породување

Post by Nadja » 30 May 2013, 13:47

Vesela wrote:Дефинитивно природно, освен ако нема медицински индикации за царски. Јас се породив царски, зошто така мораше,неможеше да се отворам и покрај провокациите, а папочната врпца му беше многу замотана оклку врат. Немаше друг избор. Но, кога би бирала јас сум за природно. Болките после Царски не се баш пријатни и трааат подолго.
Во право си за тоа. Најчесто, последиците од царскиот се чувствуваат после одреден период. Знам неколку такви случаи.

Crnokosaa
Домашен член
Домашен член
Мислења: 572
Придружен: 11 Nov 2012, 22:16
Му се допанале: 102 пати
Им се допаднал: 236 пати

Re: Страв од породување

Post by Crnokosaa » 08 Jun 2013, 22:46

Eve i ovde da go ostavam tekstot: (scared) (rolll)

Секој знае дека раѓањето боли. За време на бременоста и јас нон-стоп мислев на болката и кога еднаш се исеков, почнав да кукам: Олеле, колку ме боли! Како ќе го истрпам раѓањето, ако само една исеченица толку ме боли...?



Моите зборови ги чу една акушерка. Таа не ме смири дека нема да боли, туку рече: “За време на раѓањето болката е сосема поинаква, таа е конструктивна”

Тогаш не разбрав што значи тоа. Сега, по раѓањето, ја опишувам како болка за време на работа, на која не и обрнуваш внимание, бидејќи си концентриран на работата. Знаеш дека таа болка е за добро и претходно се подготвуваш да ја примиш и управуваш. При исеченица чувствуваш самосожалување, бидејќи не си била подготвена за толку силни болки.

Конструктивната болка може да се претвори во одличен советник, ако умееш да ги разбираш нејзините сигнали. Основната функција на таа болка е да ти покаже што треба да правиш, за породувањето да помине со лесно. Еден час по раѓањето на бебето, веќе не се сеќаваш дека си имала болки.



Секогаш ли одат под рака болката и раѓањето?

Како настанала претставата за болните породувања?

Книгите и филмовите имаат огромно влијание врз јавната свест. Ако авторот сака да ги заинтересира читателите, опишувајќи го породувањето на главната хероина, тој претставува епизоди преполни со драматизам, страдања и маки.

Во 50–те години на XX век англискиот акушер Грентли Дик-Рид по долгогодишната пракса во Англија и Африка си го поставил прашањето:”Зошто претставничките на некои култури раѓаат лесно, а други со судни маки?” Во својата книга “Раѓање без страв” тој прв ја следи врската меѓу стравот од болката и самата болка. Тој пишува:”Стравот од болката провоцира напрегање на мускулите од матката, ја зголемува напнатоста и се јавува силна болка”. Таков исход се забележува во многу други ситуации, на пример: чувствуваме потреба да посетиме тоалет, но ја немаме таа можност. Не се осмелуваме да ги опуштиме мускулите што го држат сфинктерот затворен и продолжуваме да чувствуваме болка, често многу остра, додека не ни се даде можност да го испразниме мочниот меур. Природните контракции не треба да создадат никакви болни чувства, ако не се придружени од страв и тензии.

Се што предиспонира опуштање на телото и мир, го стимулира создавањето на ендорфин (хормон на радоста), кој е природен аналгетик. Постојат најмалку седум типови на ендорфин и секој од нив нема помала сила од влијанието на инјекција морфиум.

Значи организмот на жената може сам да произведува лекови против болка. Но механизмот на одделување на ендорфин е многу кревок и зависи од вкупната емоционална состојба на родилката. Загриженоста може да го спречи лачењето на овој природен аналгетик.



Од каде доаѓа болката?

Физиолошката смисла на секоја болка е една: таа му дава знаци на организмот за кршење на природните процеси. Самото раѓање не е нешто деструктивно за организмот на мајката, тоа е сосема природен процес. Мускулите на матката имаат малку рецептори за болка. Најчесто болката се јавува во мускулите околу матката и се локализира ниско долу во стомакот, или во областа на крстот. Вистинската причина за породилните болки е мускулната напнатост, што им пречи на нормалните физиолошки промени кои се случуваат кај жената за време на раѓањето. Стравот од раѓањето и загриженоста, ја зголемуваат мускулната тензија, жената дава отпор на отворањето на грлото на матката и движењето на детето, а во исто време матката со сите сили го турка детето надвор. Мајката најчесто, понесена од болката, сама ги затвора вратите на детето кое се раѓа.

Покрај тоа, стравот и напнатоста водат до одвојување на катехоламини (хормони на стравот). Под нивно влијание крвта од матката се фокусира во рацете и нозете, бидејќи стравот и напнатоста го подготвуваат телото за бегство. На овој начин се нарушува нормалниот доток на кислород до матката. Недостатокот на кислород може да е резултат на неправилно дишење бидејќи до мускулите не стигнуваат потребните ресурси и настанува болка.

Распространето е мислењето дека сите луѓе имаат различен праг на толеранција на болката. Она што за едни е лесна непријатност, за други е неиздржлива болка. Покрај тоа перцепцијата на болка може да се разликува од ситуација во ситуација: Забоболката во текот на ноќта е неподнослива, но ако гледаме интересен филм станува скоро незабележлива. Стресот и загриженоста ја засилуваат перцепцијата.



Што да правам?

Стравот од болката не тера да се напрегаме предвреме, што доведува до настанување на болка. Силната болка не плаши уште повеќе, тензиите се зголемуваат, болката се засилува итн. Што да правиме? Треба да го раскинеме овој синџир, да одделиме барем една алка од него.

Ако Ве боли, не треба да трпите превиткувајќи се со стиснати заби. Движете се, ориентирајте се според своите чувства. Не паничете и не и се спротивставувајте на болката, туку обидете се да си напомнете зошто Ве боли. Можеби не се опуштате доволно, можеби се плашите, дишите неправилно и така го нарушувате дотокот на кислород во мускулите на матката.

За време на породувањето префрлете го вниманието од своите непријатни чувства, на чувствата за бебето. Раѓањето има многу посилно и поважно значење за бебето, отколку за мајката. Жената го разбира процесот на раѓање и може свесно да влијае на него, додека бебето не знае што се случува и е многу ранливо во овој момент.

Подготвувајте се за породувањето, пречекајте го без страв и запомнете дека тоа е многу силен емотивен момент кој, со правилен пристап, може да стане најубавиот момент во Вашиот живот.



Совети:

- Не слушајте кошмарни раскази. Подобро побарајте литература за безболно породување.

- Не се приготвувајте за фактот дека страшно ќе Ве боли. Подгответе се да ги надминете чувствата на неспокој.

- Научете се да го опуштите телото и да ги отстраните лошите и загрижувачки мисли.

- За да го намалите неспокојот потрудете се предвреме да ја посетите породилната сала и да се запознаете со лекарот кој ќе присуствува на породувањето.

- Мислете на бебето. Помагајте му да се движи напред. Во овој момент обидете се да се убедите дека Ве чекаат незаборавни моменти со Вашето бебе.

- Замислете дека сте цвет кој расцветува. Ова ќе Ви помогне да не се спротивставувате на природниот процес..

mamigabi
Редовен член
Редовен член
Мислења: 250
Придружен: 19 Jul 2013, 13:49
Му се допанале: 216 пати
Им се допаднал: 142 пати

Re: Страв од породување

Post by mamigabi » 30 Oct 2013, 12:23

Ја прочитв статијата на црнокоса, навистина треба силно психички да се спрема трудницата. Еве на пример јас се повеќе и повеќе се плашам (ner) , како наближува времето не знам, на моменти се чувствувам дека ќе бидам многу силна а на моменти само плачам од страв, размислувам за царски иако самата знам доколку нема потреба, подобро природно, дури и сонувавав дека ме породиле царски (scared) помагајте, се плашам, имам кошмари, плачам....леле каква лигава сум станала, па јас не сум таква по природа, не знам за оваа епидурална анестезија дали носи некаков ризик??

tanjic
Нов член
Нов член
Мислења: 99
Придружен: 16 Dec 2012, 13:14
Му се допанале: 14 пати
Им се допаднал: 46 пати

Re: Страв од породување

Post by tanjic » 30 Oct 2013, 13:33

леле и јас само што влегов во 9 месец и само си мислам како ке биде што ке биде си велам можам јас па одвај го сонував тиа момент да го видам бебето во моите раце морам да бидам силна да биде се во ред и со него и сомене , а па во друг момент си мислам леле колку ке боле ке го можам ли јас тоа ,инаку сум многу страшлива имам фобија од болници но мислам дека ке соберам сили за овој момент (t3) уште малку остана само со лесно нека е (confus)

Debora
Администратор
Администратор
Мислења: 11056
Придружен: 22 Sep 2009, 17:24
Му се допанале: 5853 пати
Им се допаднал: 3576 пати

Re: Страв од породување

Post by Debora » 30 Oct 2013, 13:38

Мама Габи има тема за епидурална, прочитај си повеќе искуства со неа. (smile)

mamigabi
Редовен член
Редовен член
Мислења: 250
Придружен: 19 Jul 2013, 13:49
Му се допанале: 216 пати
Им се допаднал: 142 пати

Re: Страв од породување

Post by mamigabi » 03 Nov 2013, 19:33

Дебора, јас баш за тоа се распрашував и една другарка се пораѓаше со епидурална, но мм е против не знам што му е, не било тоа здраво бла бла бла, ќе видам ако не со Господ напред па ќе истрпам треба да донесам живот на овој свет (bu)

sju
Член
Член
Мислења: 155
Придружен: 19 Apr 2012, 14:26
Му се допанале: 28 пати
Им се допаднал: 68 пати

Re: Страв од породување

Post by sju » 03 Nov 2013, 20:01

Mila ako maz ti e protiv toj neka raga:)) shala na strana toa si e tvoja odluka i NIKKOJ nema pravo da ti se mesa. Jas iskreno ni vo ludilo ne bi se poragala bez epidural. Moze ne e vo temata no eve sega i za stravot. Kakov strav, nema tuka mesto za strav. Toa e edno preubavo iskustvo koe jas lucno go pametam kako najsrekniot den vo zivotot. Veruvajte koga bebush se raga , srekata, silata, i site onie euforicni cuvstva go ubivaat stravot. Opustete se i veruvajte deka ne ste ni svesni kolku nie zenite sme silni.

mamigabi
Редовен член
Редовен член
Мислења: 250
Придружен: 19 Jul 2013, 13:49
Му се допанале: 216 пати
Им се допаднал: 142 пати

Re: Страв од породување

Post by mamigabi » 03 Nov 2013, 20:09

Благодарам Сју (smile) мм така вели бидејќи медицинско лице е и ми ги кажа сите копликации кои недај боже би се десиле со анестезијата, како и да е ќе издржам, не сакам да бидам плашливка,знам дека во тие моменти силата сама ќе дојде, најважно е да биде се во ред и да нема никакви компликации

sju
Член
Член
Мислења: 155
Придружен: 19 Apr 2012, 14:26
Му се допанале: 28 пати
Им се допаднал: 68 пати

Re: Страв од породување

Post by sju » 03 Nov 2013, 20:13

Bez razlika dali e med lice ili ne, toa e tvoe telo i ti odlucuvash! So lesno i sigurno ke najdete kompromis.

anabejbi
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 1522
Придружен: 21 Nov 2012, 17:19
Му се допанале: 462 пати
Им се допаднал: 850 пати

Re: Страв од породување

Post by anabejbi » 04 Nov 2013, 07:46

Мамигаби тоа е сепак твоја одлука и мислам дека треба сама да си одлучиш за тоа ако можеш бес проблем да ја добиеш. Денес е незамисливо вадење на заб без анестезија иако има некои што сеуште одбегнуваат да користат.
Сепак мислам дека породувањето нетреба да не плаши колку сме повеќе опуштени толку полесно и ќе поминеме, неможам да поверувам дека ова јас го кажувам (scared) во принцип сум паничар, ама верувајте дека се ова што го поминав спонтаните, болниците и оваа бременост ме променија и воопшто немислам на породувањето и тоа какво ќе биде ќе оставам на лекарите да одлучат.

Одговори

Return to “Породување”