Page 8 of 11

Re: Страв од породување

Posted: 04 Nov 2013, 10:05
by ripcence
Кога требаше да се пораѓам првиот пат не ми беше став воопшто, најверојатно затоа што и незнаев што ме чека, ама цело време бев фокусирана погрешно дека МОРАМ да го направам тоа, дека бегање нема и дури и смислував 300 будалаштини. Кога дојде времето за породување а и претходно бев една недела на патологија ме породуваа со провокации, пак бев погрешно фокусирана на болката, бев гневна зошто со сила ме породуваат, кога ќе почнеше болка јас погрешно-не дишев се додека не помине (не е во темата ама се надоврзувам на постот на црнокоса) бев како разгалено детиште, де сакав да станам, де да легнам, де на оваа страна, де на грб, цтг-то неможеа да го направат. За среќа со мене беше една тетка кој ме исшамара со информации " сакаш побрзо да го видиш бебето или сакаш да се мачиш? Дали знаеш што му правиш-што си правиш затоа што не соработуваш..." Од тој момент почнав да слушам, почнав да соработувам, не е страшно породувањето ако правилно го правиш, мислев само дека бебето доаѓа, дека си прави пат до овој свет, јас сум мама и морам да го дочекам со отворено срце. И навистина така треба да се замислиме себеси како цвет кој ќе расцвета и ќе донесе нешто прекрасно на свет, сите болки исчезнуваат во оној момент кога малото ангелче ќе ти го стават на стомак.
Со второто породување знаев што треба, со насмевка ја дочекав принцезата. Единствена разлика беше во тоа што седев дома скоро до последен момент, полесно ми беше дома, шетав низ дома, си го изгушкав и заспав синко, направив проверка на се што сум спремила...
Еве и сега едвај чекам да дојде тој момент да си го видам чедото.

Re: Страв од породување

Posted: 19 Nov 2013, 05:15
by Радост
Не ми е толку страв од самиот чин туку од тоа како ќе помине се и дали ќе бидам способна веднаш да се грижам за нејзе. Како минуваат деновите, колку и да не сакам, сцените во главата сами се продуцираат. :)

Re: Страв од породување

Posted: 19 Nov 2013, 09:31
by Vesela
Радост потполно те разбирам. И јас немав страв од самиот чин на породување. Па, сите сме од мајка родени нели? Но, и јас како тебе многу, ама многу се плашев што после, дали ќе биде се во ред со бебето, дали ќе можам да се грижам, дали ќе бидам добра мајка.............илјадници прашања. Мој совет ти е не се оптеретувај, се ќе си дојде на свое место, за се се погрижила мајка природа. Колку повеќе грижи , толку е потешко. Верувај опушти се уживај во најнајнај.....убавиот период на една жена. Те прегрнувам (kup)

Re: Страв од породување

Posted: 19 Nov 2013, 10:53
by ripcence
Радост мене ми е трето па мислам дека највеќе се грижам за тоа, што и како ќе биде после, се сум заборавила, дечкиве пораснаа си се навикнав ''мирно'' да си спијам, не се веќе зависни од мене од мојата помош... ама ќе видиш кога ќе дојде принцезата на свет ќе се претвориш во лавица (a2)

Re: Страв од породување

Posted: 04 Jan 2014, 02:05
by iva-iva
женски многууууууууууу ми е страв од породувањето, сакате верувајте сакате не неспијам навечер иако има уште време до чинот, знам дека ке сум во сигурни раце (одлучив да се породувам во плодност) меѓутоа незнам како да го избркам овој страв... ве молам за совет (unsure)

Re: Страв од породување

Posted: 04 Jan 2014, 07:00
by Miki
Iva, a od shto tochno e toj strav? Od bolkata? Od dali kje bide se vo red? Od toa shto kje pravish ponataka, dali kje se snajdes?
Od shto se plasis tolku?

Re: Страв од породување

Posted: 04 Jan 2014, 07:31
by Petra
iva-iva, можеш да ни кажеш поточно од каде доаѓа тој страв.
Всушност, скоро кај секоја жена постои страв од тоа како ќе се одвива породувањето. Важно е да се разбере дека едноставно женското тело е создадено за да раѓа. Наместо сомнежи, стравови да чуваш во себе, подобро држи се за вистината дека ти си способна да раѓаш, таква си создадена. Тие болки не се толку неиздржливи. Се се одвива природно, тогаш воопшто не ми ни текна на страв, едноставно немав време за тоа. Контракциите ќе помогнат твоето бебе да пристигне во овој свет. (b4) (love5) (a2) (a2) (a2)

Re: Страв од породување

Posted: 06 Jan 2014, 22:49
by iva-iva
За после породување не ми е воопшто страв, се е навика меѓутоа најмногу ми е страв за текот на породувањето, доколку нешто тргне како што не треба или доколку испаничам, или неможам да ги издржам болките се онесвестам и го доведам во ризик мојот и животот на моето душиче... знам дека мора да бидам силна ама прагот на издржливост на болка ми е мн низок .. (unsure)

Re: Страв од породување

Posted: 10 Jan 2014, 00:50
by Petra
Ива-ива, сега дури го гледам постов. Комјутерот не ми е достапен цело време, па на кратко се уклучувам кога можам.
Јас бев голема паничарка, пред бременоста се плашев од самиот пораѓај, како ќе биде. Во бременост се плашев дали многу ќе боли. (smile) Еднаш ја прашав мајка ми дали боли многу, и ме утеши со тоа; како влегло така ќе излезе. Нема многу емоции. (laugh1) Ама и така е. (smile) Како не родиле нас така ќе родиме и ние. Не слушај лоши приказни, стравот најчесто доаѓа од нив, затоа игнор. Не мисли на компликации,само позитивно дека на свет ќе донесеш едно прекрасно суштество.
Нема место за паника, во моментот на породувањето, нема ни да почувствуваш страв. Се се одвива природно, телото е се спремно за пораѓај, тогаш ќе гледаш се да помине во најдобар ред. Ќе видиш како чудно е тоа. Дека боли, боли, да не се лажеме. Ама таа болка е само неколку часа и толку. Не е неподносливо, женското тело е создадено да ги издржи. Колку мајки родиле. (rad)
Со Господ напред, на свет ќе донесеш здраво и живо бебче и тука ќе ни се пофалиш како убаво сте поминале. (thumbsup) (a2)

Стравот е голем непријател, овде може да се прочита.
http://tvoebebe.com/BREMENOST/soveti-za ... oduvanjeto

Re: Страв од породување

Posted: 10 Jan 2014, 01:55
by iva-iva
петра то благодарам на убавите препораки и позитивните мисли. Во овие моменти верувај ми многу ми значат (a2) секако дека ке се пофалам на форумите дај боже еднаш да бидни да помини па можеби и јас ке бодрам некоја наредна мамичка.. поздрав голем