Спинална анестезија
Сите теми што се поврзани со породувањето. Термин за породување, болница, искуства итн.
Moderator: Модератори
Правила на форумот
ТУКА
Придржувајте се до темите. Пораките кои ја насочуваат темата во друга насока, ќе бидат избришани или едитирани. Доколку сметате дека нема соодветна тема или не можете да ја најдете, започнете нова.

-
- Форумски домаќин
- Мислења: 1095
- Придружен: 17 Sep 2013, 17:00
- Му се допанале: 988 пати
- Им се допаднал: 697 пати
Re: Спинална анестезија
Post by Ninushka » 04 Jan 2014, 23:52
Спиналната повеќе ја препорачуваат од целосната бидејки според Петановски целосната е поштетна. Но баш истиов случај што го кажа Радост и се има на моја колешка случено, а кај сестра ми па се помина ок со спинална.
-
- Член
- Мислења: 200
- Придружен: 20 Nov 2012, 16:33
- Му се допанале: 63 пати
- Им се допаднал: 73 пати
Re: Спинална анестезија
Post by Emilija85 » 06 Jan 2014, 13:06
Да велат дека после спинална може често да имаш главоболки или болки во рбетот. За среќа немам такви некои болки сега, може за тоа што пиев доста течности, уште таму сестрите ми кажаа 2.5 л вода или леден чај најмалку дневно да се пие за да се прочисти телото од анестезиите. Иако сите ми велеа да не пијам за да не ми останал стомакот, јас си пиев и повеќе од 3 л дневно, барем сега немам главоболки а за стомакот ќе му ја мислам одкога ќе прекинеме со доење.
-
- Нов член
- Мислења: 94
- Придружен: 03 Dec 2013, 17:59
- Му се допанале: 16 пати
- Им се допаднал: 25 пати
Re: Спинална анестезија
Post by iva-iva » 06 Jan 2014, 23:07
ова страшно ми е за спиналната да не фаќа.. али сепак крајно е целосна .. значи има начин... а дали некој има искуство со епидурална да не фака?? или не постои таква опција?? јас наредниот месец кога ќе одам на гинеколог ке си закажам разговор со некој од анестезиолозите од Плодност бидејќи без анестезија (ner) (ner) (ner) некој анестезиолог од таму да ми препорачате ако имате искуство ?
-
- Домашен член
- Мислења: 726
- Придружен: 20 Jul 2011, 08:21
- Location: skopje
- Му се допанале: 193 пати
- Им се допаднал: 279 пати
Re: Спинална анестезија
Post by carina » 09 Jan 2014, 18:02
и мене не ми фати спиналната овој пат,па одевме со општа.не знам колку пати ме избоцкаа,ништо не ми отрпна.а анестезиологов сигурен секој пат,е сега ке фати....а пред 8 години во чаир од прва ми фати.
-
- Форумски домаќин
- Мислења: 1127
- Придружен: 03 Aug 2013, 02:50
- Location: Скопје
- Му се допанале: 1340 пати
- Им се допаднал: 892 пати
Re: Спинална анестезија
Post by ripcence » 11 Apr 2014, 11:52
Кај мене спиналната фати од прва, ама јас бидејќи овде читав како не фаќа спиналната, а претходно не ми кажаа дека допирите ќе ги чувствувам-но не чувствувам болка се (cold) од страв.
Се помина во најдобар ред, после тоа имав ужасни главоболки иако пиев течности и повеќе од 2,5л. сега фала богу веќе престанаа главоболките, знае од време на време да ме заболи р'бетот, ама не е страшно.

- Модератор
- Мислења: 2603
- Придружен: 18 Oct 2010, 20:28
- Му се допанале: 940 пати
- Им се допаднал: 618 пати
Re: Спинална анестезија
Post by Peperutka » 20 Aug 2014, 19:40
И јас се породив со спинална која од прва фати за среќа (rad)
Сега читам дека овде дека може и да не фати па си викам имав среќа (smile)
Веднаш ми се блокираа нозете и стомакот и многу ми се вртеше,но сестрата ми стави инекција и ми стана подобро.Пиев и јас многу ледени чаеви и сок и немав ниту главоболки ниту болки во грбот.К.машала е тежок и уште понекогаш ќе го кренам за да му сменам памперс и сл. и немам никакви проблеми (smile)
Предност е со спиналната што го гледаш доаѓањето на свет на најмилото (smile)
Дајбоже и со второво така да биде (smile)
Сега читам дека овде дека може и да не фати па си викам имав среќа (smile)
Веднаш ми се блокираа нозете и стомакот и многу ми се вртеше,но сестрата ми стави инекција и ми стана подобро.Пиев и јас многу ледени чаеви и сок и немав ниту главоболки ниту болки во грбот.К.машала е тежок и уште понекогаш ќе го кренам за да му сменам памперс и сл. и немам никакви проблеми (smile)
Предност е со спиналната што го гледаш доаѓањето на свет на најмилото (smile)
Дајбоже и со второво така да биде (smile)
-
- Модератор
- Мислења: 2603
- Придружен: 18 Oct 2010, 20:28
- Му се допанале: 940 пати
- Им се допаднал: 618 пати
Re: Спинална анестезија
Post by Peperutka » 28 Sep 2014, 11:54
Имав среќа и со Д. спиналната од прва да фати (smile) Малку е језиво додека ми ја ставија,ми ги гледаа и стискаа пршлените на грбот и штом ми ја ставија,веднаш ми се блокираа прво нозете па стомакот и исто имав вртоглавици па цело време си мижев,но кога го слушнав плачот на моето бебе,ги отворив очите,за да го видам доаѓањето на свет на моето второ сонце (smile)Peperutka wrote:И јас се породив со спинална која од прва фати за среќа (rad)
Сега читам дека овде дека може и да не фати па си викам имав среќа (smile)
Веднаш ми се блокираа нозете и стомакот и многу ми се вртеше,но сестрата ми стави инекција и ми стана подобро.Пиев и јас многу ледени чаеви и сок и немав ниту главоболки ниту болки во грбот.К.машала е тежок и уште понекогаш ќе го кренам за да му сменам памперс и сл. и немам никакви проблеми (smile)
Предност е со спиналната што го гледаш доаѓањето на свет на најмилото (smile)
Дајбоже и со второво така да биде (smile)
-
- Форумски домаќин
- Мислења: 2260
- Придружен: 31 Oct 2013, 19:01
- Му се допанале: 958 пати
- Им се допаднал: 1200 пати
Re: Спинална анестезија
Post by sweety » 25 Nov 2015, 21:20
јас сум со спинална и тоа прв пат слушам да не фаќа, јас мислам дека кај мене од прва фати а која е разликата меѓу двете незнам или која е подобра.Овде немав избор за епидурал ја давале само кај природен пораѓај за да се намалат болките, пиев многу течности главобилки немав освен во рамењата и во вратот, за време на царскиот исто ме здоболе вратот уште претходно ми кажаа дека е нормално тоа еве сега немам никакви болки ни глава ни кичма ништо се најнормално.
-
- Форумски домаќин
- Мислења: 1155
- Придружен: 13 Dec 2013, 15:56
- Му се допанале: 1200 пати
- Им се допаднал: 825 пати
Re: Спинална анестезија
Post by Lena_nela » 26 Nov 2015, 09:56
Тоа е Свити разлика меѓу епидурал и спинална,епидуралната ја даваат при природен пораѓај и таа само ги ублажува болките,а кога ке дојдат напони ја искличуваат за да може жената да ги почуствува напоните и да турка,а додека спиналната е за царски,си свесен,присуствуваш на пораѓајот свесно,го гледаш бебчето,а ништо не чуствуваш од половина на доле.Додека со целосна го преспиваш буквално цел ден,наредниот ден кога ке станеш имаш вртоглавица,кај некои и лошење.Јас со првото бев со целосна и буквално тој ден се изнаспав,другиот ден кога станав имав мала вртоглавица,но во главном убаво поминав,сега сакам да одам со спинална анастезија,па здравје боже за некоја недела ке пишам и за спиналната како сум поминала (thumbsup) само да заврши се во ред.
Jump to
- Добредојде и да се запознаеме
- ↳ За форумов
- ↳ Технички прашања
- ↳ Да се запознаеме
- Забременување
- ↳ Во очекување на бременост
- ↳ Забременување
- ↳ Неплодност
- ↳ Испитувања на неплодност
- ↳ Дијагнози на неплодност
- ↳ Медикаменти
- ↳ Разно за неплодноста
- ↳ Инсеминација
- ↳ Ин витро и Наши дневници на ИВФ
- Бременост и породување
- ↳ Бременост
- ↳ Бременост
- ↳ Испитувања во бременоста
- ↳ Здравје и компликации во бременоста
- ↳ Спонтан абортус
- ↳ Разни теми поврзани со бременоста
- ↳ Породување
- ↳ После породувањето
- ↳ Честитки за новите бебуши
- Дете
- ↳ Доење
- ↳ Бебе од 0-12 месеци
- ↳ Бебе
- ↳ Исхрана на бебиња
- ↳ Здравје кај бебиња
- ↳ Опрема, козметика и сл.
- ↳ Дете од 1-3 години
- ↳ Тодлери
- ↳ Исхрана на тодлери
- ↳ Предучилишна возраст
- ↳ Училишна возраст
- ↳ Деца со посебни потреби
- ↳ Разно за децата
- ↳ Воспитување на децата
- Жена
- ↳ Мода
- ↳ Нега и убавина
- ↳ Природна нега
- ↳ Жена - разно
- Семејство, дом, миленици
- ↳ Семејство и брак
- ↳ Свадба
- ↳ Брак
- ↳ Мајчинство
- ↳ Семејство
- ↳ Патувања, празници, одмори...
- ↳ Дом
- ↳ Чистење
- ↳ Апарати и кујнски прибор
- ↳ Рецепти и готвење
- ↳ Уредување на дом и градина
- ↳ Направи сам
- ↳ Разно за домот
- ↳ Миленици
- Здравје
- ↳ Здравје - општо
- ↳ Здравје кај деца
- ↳ Здравје кај возрасни
- ↳ Сексуално преносливи болести
- ↳ Здравје
- ↳ Здрава храна и додатоци во исхраната
- Останато
- ↳ Хоби, спорт и рекреација
- ↳ Да помогнеме
- ↳ Информации
- ↳ Наши размислувања и ставови за разни теми
- ↳ Секојдневие
- ↳ Купувам, продавам, подарувам
- ↳ Опуштено
- ↳ Игри и забава
- ↳ Архива