Вашето породување

Сите теми што се поврзани со породувањето. Термин за породување, болница, искуства итн.

Moderator: Модератори

Правила на форумот
ТУКА
Придржувајте се до темите. Пораките кои ја насочуваат темата во друга насока, ќе бидат избришани или едитирани. Доколку сметате дека нема соодветна тема или не можете да ја најдете, започнете нова.
Iki
Нов член
Нов член
Мислења: 6
Придружен: 30 Jun 2015, 16:54
Му се допанале: 1 time

Re: Вашето породување

Post by Iki » 30 Jun 2015, 18:53

Zdravo na site! Nova sum Na forumot, i nemam makedonska poddrska :) Ve citav za vrème Na bremenosta, no Sega posakav da spodelam...zasto 2 meseci sum porodena I ponekogas se navrakam Na poroduvanjeto...posebno Koga treba da zaspijam a ne odi..:/
Mojot termin bese 19.04, a se porodiv Na 26.04, na polna 41 nedela. Prvite kontrakcii gi iMav Na 14.04., otkako Pomina terminot Po procedura(taka mi kazaa doctorite) sekoj den odev Na ctg I sekoj den pokazuvase dékà imam kontakcii.Na 25.04 bev veke otvorena skoro 2cm, a prethodniot den ne. Ovie kontrakcii ne me bolea Moram da naglasam déka bea onie podgotvitelnite. Pritoa, cel 9ti mesec pesacev sekoj vtor den, a posle datumot I sekoj den Po 10km, I Po skali se kacuvav Na 13katnici za da izlezi bebus :) Isto bese I Na 25.04. vecerta napraviv 10 km, se kaciv I Po skali do 13 Kat, Vo 23h se istusirav I Si legnav. Vo 5h Na 26.04. se razbudiv so bolki.Bev Vo wc I zabelezav I sokrvica. Rekov ke gi meram kontrakciive..sfativ deka se Na 5minuti!!! Se javiv kaj doktorkata I taa mi Kaza da Odam da me stavat Na ctg I da me pregleda (dezurna bese). Na ctg pokaza super porodilni kontrakcii,a Po pregledot bev otovorena 4-5 cm I mi Kaza déka denes ke bide :) Me zadrzaa Vo predporodilna, I do 9h bev otvorena 8 ipol cm... No, situacijata ne se Smena do 11h, pa mi go puknaa vodenjakot. Po Eden saat isto..a kontrakciite mi bea Vo 9h Na 3min Vo 11h Na 2 min I se posilni. Vo 12h mi staviaa oksidocin so infuzija, I bolkata Stana nepodnosliva..zasto moite kontrakcii,prirodnite,bea silni. No, bebeto Pocna da go isfrla mekoniumot..mnogu malku, AMA se matela plodovata voda veke. Ostanav Na 9cm, a bebeto ne se spusti Vo porodilen kanal, pa Vo 1:06h bev poreodena so carski, so spinalna anestezija Koja mi ja stavia Vo pauzata od 3sek (Mislam déka Na 3 sek mi bea togas silnite kontrakcii). Inaku, osven indikacijata za carski rez déka 4 saati sum imala zastoj Vo poroduvanjeto, mi pisuvase Na kartonot I dékà vodata e mekonijalna, I zategnat papcanikot okolu vrat( Za ova ne sum sigurna zasto Na pregledite Na eho se Gledase papcanikot déka e kaj ramoto Na bebeto...) Na ctg se pojavila "bukva W", taka ja vikaa ..deka bebeto veke treba da izlezi..imalo nekoj takov ritam or something shto bil znak isto. Inaku, Vo periodot od 9h do 11h mi stavija I gel Diantal dékà ocekuvaja bebe od 4kg, AMA ne se rodi prirodno.i beset 3880gr,52cm...ete I pokraj toa sto jas ne sakav carski..nekoi raboti ne ispagaat kako sto sakame. Carskiot traese mn kratko, I super bese toa sto bev svesna I sto go slusnav prviot plac, I go doprev do liceto..Ranata mi e 7cm dolga I izgleda kako draskanica, pod bikini linijata e, I super zazdrave. I spored mene ne e bitno samo poroduvnjeto, tuku I negata posle,vo bolnicata. Ako nemav jas promos Mislam dékà nemase Ni da dojam, nemase Ni da stanam sledniot den (diskusot poveke me bolese od ranata..deka Si go imam toj problem od tinejdzer),i ke padnev Vo depresija. Najvazno e sto sme super, princezata moja se rodi 3880gr, 52cm, Apgar 9/10. Moite dilemi Sega se...dali ako pocekaa uste malku ke izlezese prirodno..iako dok.bese pesimist.Kazaa déka ako mi stavele epiduralna ke se namalele kontrakciite Na Matkata I ke se odolgovlecel procesot I taka uste pomalku ke imalo sansi bebe da se spusti. A ne turkaa stomak-toa ne go pravele(kako Na nekoi moi prijatelki shot Im se kacuvale bukvalno Na stomak I gi turkale bebushite)sho I ne sakav bidejki nemav Ni Edna stria, a taka I pukale stomacite. Plodovata voda ne ja vidov Dali e zamatena, za papcanikot ne znam..za srceto Na bebeto tie znaat..znaci..mi kazaa dvajcata akuseri-deka mislat dékà da odime Na carski e najdobro, I dui ne rekov "ok" ne otidovme - AMA shto da Kazam ne sum jas doctor...shto ako recev, ne..da cekame..stavete epidural... pa da se rodese bebeto so posledica ili izmaceno..ili ako zaglavese...ili da se macev use 20 saati I krajot da beset ist. Se porodiv Vo Remedika, I Mislam dékà tamu pomalku rizikuvaat ..ako se poragav Vo drzavna ke me porodea prirodno so turkanje I so posilni provokacii??? I ke me ostavea Na boks mnooogu podolgo...?! DIlemi, dilemi..ama ne veruvam déka Apgar Na bebe ke bese 9/10...a ako me cekaa I Na kraj carski...ke mi beset use pokrivo..Ama mozam da se prasuvam. Celo vrème :"shto ako.?! Shto aka?." I Pak nema da znam Dali ima vrska carskiov shto otidov Vo Remedika (niv ne Im treba nekoj director da porpoise pa mozi zatoa polesno se resavaat za carski)..Iskreno ne odbrav privatna dékà sum Bogatá, se zadolziv samo za ubavo da pominam,,a Vo dilemma bev do kraj..ne mi bese bitno kolku ke potrosam, tuku kaj ke bidat postrucni..a vrski nemam. I Pak ne znam Dali pravilno postapiv.

Iki
Нов член
Нов член
Мислења: 6
Придружен: 30 Jun 2015, 16:54
Му се допанале: 1 time

Re: Вашето породување

Post by Iki » 30 Jun 2015, 19:14

Inaku..moite najbliski (a imam I 3 medicinski lica Vo semejstvoto) smetaat déka ispadnalo najdobro shto mozelo..A jas "mozese I podobro" :) Pa jas Sum taa sho Pomina I poveke od pola prirodno poroduvanje, pa carski..neli? Sega se Trudam da Si svirkam ...posto ne mozam da go vratam vremeto...valjda dobro ispadna..VALJDA (whistle)

Iki
Нов член
Нов член
Мислења: 6
Придружен: 30 Jun 2015, 16:54
Му се допанале: 1 time

Re: Вашето породување

Post by Iki » 30 Jun 2015, 19:19

И ...сега најдов и македонска поддршка..откако се изнамалтретирв со тоа буквите претходно... (comp)

Crnokosaa
Домашен член
Домашен член
Мислења: 572
Придружен: 11 Nov 2012, 22:16
Му се допанале: 102 пати
Им се допаднал: 236 пати

Re: Вашето породување

Post by Crnokosaa » 30 Jun 2015, 22:13

Здраво Ики, добредојде на форумов да се друзиме и само убави работи од тебе да читаме :)
Нека ти е здрава и жива принцезата , немој да се мачиш со мисли повеќе што ако , ете бидна, помина се во најдобар ред, здрави живи весели .
Уживај со ќеркичката и не мисли на ништо што поминало а и јас не гледам ништо страшно во пораѓајот се испаднало во ред, незнам зошто се мачиш ... Да не почнам јас да го пишувам моето искуство ... син ми се роди со апгар 5/6/8 , со вакум беше . без кислород , му даваа првите денови, 9 дена во инкубатор, измачено 3 саати ми се качуваа на стомак и буквално цели раце ги пикаа во мене, со скрмено раменце ( фрактура на клавикула )
и да не пишувам повеќе , мноогу болно искуство , капак ме пресекоа и ме сошијаа на хемороиди ... Биди задоволна што така со леснно завршило се . Еве го и мојов од толку солзипаника и страв дали ке преживее сега е темпераментно здраво детенце и мноогу зборливо и немирно . Голем поздрав :)

Peperutka
Модератор
Модератор
Мислења: 2602
Придружен: 18 Oct 2010, 20:28
Му се допанале: 941 пати
Им се допаднал: 618 пати

Re: Вашето породување

Post by Peperutka » 01 Jul 2015, 19:29

Ики а за што се каеш,што си породила царски а си сакала природно,за тоа???
Ова им го посветувам и на сите трудници-Кога е во прашање животот и последиците на вас и бебето,не треба ограничување,природно или царски,важно е ДОМА ДА СЕ ВРАТИТЕ ЖИВИ И ЗДРАВИ И ВИЕ И БЕБЕТО,е тоа е многу важно.
Не оди секогаш така како што ние сме си замислиле,точно е дека опоравувањето по царскиот е побавно за разлика од природното породување а да се искомплицира нешто со природно пор. па недај Боже ти или бебето да имате последици за цел живот,тоа не е болно и тешко????

Crnokosaa
Домашен член
Домашен член
Мислења: 572
Придружен: 11 Nov 2012, 22:16
Му се допанале: 102 пати
Им се допаднал: 236 пати

Re: Вашето породување

Post by Crnokosaa » 01 Jul 2015, 23:58

Точно така Пеперутка , јас бев од секогаш за природно , зашто се правев операција од слепо црево и мноогу тешко закрепнав, ама вечерта на толку болка и. чекање да се породам на толку мачење ги молев да ме породат царски. а дотичниот доктор несакаше не му се работеше викаше кога тогаш ќе се породиш ... Можи не беше дојдено времето многу згрешив што ме избрзаа јас прв пат на слепо појдов башка што ич не ги погпдив докторите гнаси невидени чудовишта , можи затоа толку тешко поминавме ама сега си викам. камо царски да ме породеа немаше толку тешки денови таму. поминеме, башка раната ај горе ај долу одвај станував и тоа по неколку дена, тие соцарски другиот ден стануваа а јас неможев да мррднам . Затоа не мисли на глупости само здравке Господ да дава и здрави живи деца, другото се поминува .

dream4baby
Нов член
Нов член
Мислења: 64
Придружен: 21 Jan 2015, 00:59
Му се допанале: 24 пати
Им се допаднал: 24 пати

Re: Вашето породување

Post by dream4baby » 23 Sep 2015, 00:24

На 11.09 бев на 2ро цтг и преглед закажана и д-р рече дека сум 3 прсти отворена ама да се јавам понеделник да ми кажи кога е наредно дежурен и ми рече не се секирај и пред 5 дена на првото цтг беше отворена малце помалку ама не ти кажав да не паничиш како сега (confus) ама сега веќе се ближи и ти кажувам.Се вратив дома и поручекта заприметив кафеав исцедок и до вечерта му се вратив вака и вака ај да те прегледам рече и ко се соблеков мукозниот чеп беше паднат на гаќите ама прегледот покажа исто 3 прсти.Се помисли и рече ај дојди сабајле да ја пратиме состојбата.Сабајлето бев 4-5 прсти отворена добро ми вика никакви болки немаш (confus) јас му велам не на моменти слаби менструални чувствувам ама шо е тоа за мене исто како да немам и рече вратисе во 16ч.Си се нашминкав се стросав и се вратив ме прегледа и ме праша немаш болки јас се кикотам не докторе и ми го пукна водењакот е сега ќе видиш дали ќе немаш (scared) .Ми дадоа спавача ме ставија на цтг во 17:45 ме фати првата болка и ми стави сестрата 2 инексии како шо видов и сватив едната за да се појачаат болките другата за да не ме боли толку.Ми направија клизма 18ч беше видов погледот и мислите во сатот ми беа насочени имаше и тв ама на канал 5 не ми се погоди серијата не ја пратам (rolll) до 18и30 2пати се прочистив.По 10тина мин болките прејаки на минута беа и почнав напон да чуствувам мислев дека пак е од клизмата и арно свикав сестра напон чувствувам чекај рече да видам мада рано е и прегледа колку сум отворена охохоооо заминав јас по докторот ти стани и овие болки во стоење да ги издржиш.Тие ми се чини нај јаки беа дали дека исправена и не знам во моментот ми текна негде читав дека полесно се издржуваат ако си потпрена на нешто и ја грабнав масата со ноктите и стегнав заби и дишев некако.Докторот дојде и тој направи прглед ајде вика скрос си отворена одиме на бокс јас вакви пациенти сакам и за 2ро да ме бараш карминчето на уста и заминала на пороѓај (whistle) .Инаку часот беше 19:00 (tongue) .На боксот ми објасна кога ке ме фатат болки само тогаш да давам напон како за поголема и да не го пуштам дури не кажи и место да викам аааааааааа да викам ммммммммм помалку уморувало ;-) .Со 2 напони излезе главчето и уште еден излезе цело и го слушнав најмилиот плач на цел свет (rad) на 12.09.2015 во 19:15ч. се роди мојот принц 2800гр тежок 46см долг најслаткото мало детуле (lovet) и после се беше небитно очите во него ми беа дури излегуваше плацентата и дури ме шиеа оти не ме сецнаа ама потпукнав мала работа.По 2 часа не однесоа в соба и сме неразделни со синко мој во едната рака ми спие со другата го пишувам постот (m) Ви посакувам лесно породување како моето (grupna-gushka)

Maceto
Домашен член
Домашен член
Мислења: 668
Придружен: 28 Oct 2014, 14:39
Му се допанале: 574 пати
Им се допаднал: 396 пати

Re: Вашето породување

Post by Maceto » 24 Sep 2015, 13:01

Најмили другарки еве ја и мојата породилна приказна.Знаејки дека имав убава и лесна бременост имав исто таков лесен пораѓај и на секој би му посакала така да помине на пораѓај.На 05.07.2015 во недела сабајле станав да отидам до wc и гледам дека нешто тече,викам по мм и тој станува и му кажувам и ми вика ти пукнал водењакот и почнавме и двајцата да се смееме на глас (rolll) Тоа беше во 9 ч.Тој почна да ми ја спрема торбата за болница а јас влегов да се истуширам.Тргнавме во болница и стигнавме во 11 ч на ГАК.Ме примија во приемна амбуланта,ме ставија на ЦТГ и покажаа контрации,дојде др ме прегледа и ми кажа дека сум 4 цм отворена.Ми дадоа спавача и мм и болничарот тргнаа да ме носат во предродилна сала.Јас побрзо одев и од двајцата,прва трчав нагоре (rolll) Ме сместија и останав таму да шетам,ми дадоа клизма се средив и си шетав и се смеев.Таму девојките лежеа и имаа болки а кас моите болки како од шала да беа,дали пошто имав јаки менструални болки па ова отварањето ми се виде како лесно (brows) Во 12 ч др ме прегледа и веќе бев 5 цм отворена.Останав да шетам и таму на сите им помагав,правев муабет и носев вода и се смеев абе смешки бев (laugh1) Во 15 ч дојде мм горе пред салата,јас излегов ми донесе уште вода и си зборев со него,он ми вила те боли,јас викам епа малку (re) и во 15:30 пак дојде др.ме прегледа и веќе сум била 8 цм отворена и рече може да ја спремаме за бокс.Акушерката што беше ми вила ајде трчи на прв бокс да не ти го зафатат и јас веднаш летав натаму (rolll) Таму ми ставија провокација за побрзо да се отворам и тогаш ме болеше но сепак издржливо,е кога бебе почна да се спушта ме заболе,но акушерката дојде провери колку сум отворена и наеднаш се собра цел тим,дојде и др и ми вика ајде сега напни,а јас му викам леле др а како требаше да дишам и он се насмеа ми кажа и јас напнав два пати и за 20 сек излезе мојата принцеза бела и чиста,3250 гр и 50 см долга.Потоа следуваше шиењето кое многу ме болеше (ner) ама кога го слушав плачот до мене се заборавав.Мм дојде ме изгушка и на среќата и немаше крај.Од целиот персонал на ГАК сум презадоволна и сите да си начекате вакви убави моменти.А сега отидов на гушкање со принцезата (love5)

sunshine_2012
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 1153
Придружен: 04 Jul 2012, 23:01
Location: Tetovo
Му се допанале: 548 пати
Им се допаднал: 738 пати

Re: Вашето породување

Post by sunshine_2012 » 22 Oct 2015, 07:46

Еве и јас да си ја кажам моето породилно искуство со Филип.
Во Неделата вечер околу 23 30ч почнав да крварам и тоа обилно крварење што ме и исплаши, си помислив дека нешто се случува со плацентата. почнав да паничам иму реков на мм да тропне на комшијата спротив нас ( кој е хирург) за да ми објасни што се случува. Тој одма дојде, ме виде дека крварам, ми кажа дека сигурно породувањето веке започнало и да не се плашам туку да си се спремам и полека да си фатиме патот накај болница. ми кажа дека имам време да си отидам во Ремедика каде и што планирав да се породам.
Со мм си фативме патот накај Ск. кога стигнав во Ремедика беше 24 30ч одма ме ставиа на ЦТГ покажа контракции, а јас болки и немав којзнае што, кога ме прегледа докторката јас сум се отворила 7 цм. и затоа сум прокрварила. Ме качија во припремната соба се облеков во спаваката и ајде на ЦТГ едно саат време и покажа некоја си контракција ама ништо посебно и според Акушерката што беше ми вика сабајлето ке биде, после саат време ме прегледа докторката јас отворена 9 цм ниту болка осетив ниту ништо, Др. ме внесе во сала во 2 и 30ч ме смести на бокс ми пушти инфузија и малку провокација за да добијам болки да се спушти бебето, и искрено ги добив болките ама небеа којзнае колку болни, најтешко ми беше кога добив напон првиот пат да го издишам и да не напнувам дватати така беше издржав тоа ( небеше страшно) и бебет се спушти и со три напона го родив Филип во 3 ч; Се роди жив и здрав папочната врвца му беше замотана околу врат 2 пати ама Браво за докторката Снежана Стојковска, таа и со Калеб ме порагаше и ептен сум задоволна од неа. Ме охрабруваше, ми кажуваше се што се случува и ептен убаво ме породи, ама морам да се пофалам и јас имав голема самоконтрола и правев се што ке ми кажеше. глас не испуштив. (smile) Филип се разбира плачеше го средуваа додека и мене ме средуваше и му го подадода на мм за да ми го даде на мене и се разбира да си се сликаме. Маж ми ептен ми беше голема подршка цело време ме охр бруваше, беше до мене и со бебето кога се роди, него остави една минута. Педијатарот ептен го пофали дека бил многу грижлив татко и дека бебето додека таа го прегледувала тој не го пуштил од рака и му зборувал цело време, а бебето било ептен смирено. Мм и со останатите деца беше исто. Му беше важно во првите ч на бебето да не биде само, тој да биде со него додека мене ме средуваа. после еден саат ме однесоа во соба и одма ми го донесоа, почнав одма да го дојам зашто имав колорострум и сакав тој да го испие целото. значи дохрана имаше само 3 пати за тие 3 дена што бев таму (rad) цело време си беше на доење и си напредна во тежина. Прелесен порагај. Со сите три сум имала лесен и брз порагај ама со оваа беше ептен супер и експресно.
Така да мили мои ви посакувам и вие да си дочекате порагај лесен и брз. Морам да му дадам слава на Бог,зашто му ја слушна молитвата што секоја вечерсо мм и децата се млевме да имам лесна бременост, порагајот да биде брз и без многу болки и Филип да ни се роди живо и здраво. Фала му на Бог за неговата милост кон мене.

Peperutka
Модератор
Модератор
Мислења: 2602
Придружен: 18 Oct 2010, 20:28
Му се допанале: 941 пати
Им се допаднал: 618 пати

Re: Вашето породување

Post by Peperutka » 22 Oct 2015, 11:56

Фала му на Бог за лесното породување (rad) Саншајн сега уживајте во благодетите и убавината од Бога,среќата и радоста да се секогаш со вас (a2) Батковците многу ќе ти помагаат околу Филип,нема воопшто мака да видиш (bu) dance

Одговори

Return to “Породување”