Вашето породување

Сите теми што се поврзани со породувањето. Термин за породување, болница, искуства итн.

Moderator: Модератори

Правила на форумот
ТУКА
Придржувајте се до темите. Пораките кои ја насочуваат темата во друга насока, ќе бидат избришани или едитирани. Доколку сметате дека нема соодветна тема или не можете да ја најдете, започнете нова.
buci12345678
Редовен член
Редовен член
Мислења: 295
Придружен: 04 Nov 2013, 14:25
Му се допанале: 185 пати
Им се допаднал: 233 пати

Re: Вашето породување

Post by buci12345678 » 10 Nov 2015, 14:13

девојки да ви го напишам и моето породување после 5 месеци ама нема врска (brows) . на 03.04.имав некои благи болки како и обично уште кога влегв во 9 месец еден ден имав болки другиот немав ништо,мојата свекрва ме убеди да одам во болница и отидовме тука во поблиската болница во која за жал не ме примија ми рекоа да одам кај мојот матичен доктор и он ме праша како се чуствувам и ми кажа да одам веднаш во нивната болница. таму веднаш ме ставија на цтг ми рекоа дека имам некои болки ама не се вистинските бев отворена 1цм ама ме оставија да лежам во болница поради тоа што бебето многу ретко мрдаше и морав да бидам под нивни надзор. овој ден имав болки а вечерта во 12:08 точно погледнав на часовникот ми пукна водењакот.ме ставија повторно на цтг имав болки на 2 мин и ми рекоа ако те ставиме на бокс ќе трае долго така да испиј го тоа апче и пробај да одмориш. какво одмарање јас од болки полудев,дури во 6 часот ме примија во породилната соба и тоа благодарение на мојот матичен ако не ме видеше како стојам во ходник. таму ме ставија на цтг а на мене болките наместо да ми бидат појаки тие стануваа поретки и послаби,ми ставија инекција за болки па кога ме фатија ама овој пат не престануваа беа константни и ми ставија епидурална анестезија тогаш малце здивнав. поминаа уште неколку саати а мене никако да ме породат, бабицата ми кажа дека најверојатно ќе бидам царски затоа што бебето било превисоко. тогаш побарав од нив да го видам мм па кога го кога почнав да повраќам абе црева сум истурила (ner) среќа успеав да се воздржам да не повраќам пред него го избркав надвор па потоа (rolll) . после тоа кога влезе бабицата во соба дојде до цтг и ги повика и другите доктори со зборови кои никогаш нема да ги заборавам БЕБТО ГО ГУБИМЕ !!! тогаш ме натераа да се свртам на една страна рекоа дека не оди ми дадоа кислород и ме натераа да се свртам на другата страна и тогаш се врати на нормала. после тоа ме зедоа во сала и ми ставија анестезија кога ме пробудија ми рекоа дека имам синче кое тежи 2 960 и е долго 49 и е роден во 15:10 ме префрлија на интензивна. тој ден ми го донесоа бебето да го видам и после дури ми го дадоа другиот кога ме префрлија во соба. ете тоа е моето породивање недај боже на никој тоа да го снајде. ви посакувам среќа!!! (kup)

Lena_nela
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 1155
Придружен: 13 Dec 2013, 15:56
Му се допанале: 1200 пати
Им се допаднал: 825 пати

Re: Вашето породување

Post by Lena_nela » 10 Nov 2015, 14:34

Буци мила си се измачила,ама пак на крај кога ке си го видиш бебчето се заборава на се!!! Господ бил со вас !!! (big-hug)

sweety
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 2260
Придружен: 31 Oct 2013, 19:01
Му се допанале: 958 пати
Им се допаднал: 1200 пати

Re: Вашето породување

Post by sweety » 22 Nov 2015, 23:15

еве го и моето искуство. Имав контрола и докторите приметија дека беебто веќе две недели не напредува и најдобра опција беше царски. Требаше веднаш но бидејќи јас сакав тој доктор да ме прави чекавме до петок а во меѓувреме останав во болница . возбудена бев дека ќе се породам и дека тој чин ќр заврши а воедно имав и жногу страв.Е кога почна припремата пред сала почнав да плачам бев изгубена од страв како ќе се заврши па дали добро ќе знам да се наместам за анестезијата милион мисли во глава.Мм беше цело време со мене ми беше полесно ме храбреше же држеше за рака.За Десет мин ја извадија ќерка ми и ми рекоа да погледнаж на десно да ја покажат веднаш заплаче а и јас од возбуда, ја бакнав и мм отиде со неа да ја средат додека пак мене уште пола саат ме досредуваа а мм само се шеѕа со неа и ми ја ставија на гради уште три саата останавме на интензивна и мм беше цело време со нас .е сега арно велат колку побрзо станеш толку подобро јас веднаш утредредента станав е сега за болење боли посебно првиот пат, и наредниѕе неколку дена ама не толку јако, посебно се осеќа на станување седнување, неможеш да ср грижиш за бебето мора се некој да има до тебе ни да се облечеш да се свиткаш ама со тек на времето ќр може се нормално.јас бев со спинална.Тоа е моето искуство со царски, али дефинитивно да треба да бирам би било природно но имаше ризик и мораше вака, не е дека имам лошо искуство брзо закрепнав но ме нервираше што неможам да се грижам за малата првите неколку дена сеха после десет дена е веќе подруго.

Lena_nela
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 1155
Придружен: 13 Dec 2013, 15:56
Му се допанале: 1200 пати
Им се допаднал: 825 пати

Re: Вашето породување

Post by Lena_nela » 23 Nov 2015, 10:35

sweety мила и јас со синко се породив со царски,причина, голем плод тесна карлица,надносен една недела и некој ден,а од контракции ни К,но бев со целосна анестезија,во право си дека што побрзо станеш тоа подобро,јас немав мн болки од раната.(беше како затегање на тоа место) и мн брзо почнав и дома да чистам а и со синко бев сама. Од се тоа мн ми беше тешко првото станување поради целосната анестезија и ми се вртеше , а тоа што го преспав цел ден е друга приказна.Е сега сите ми викаат дека ке бидам повторно со царски и јас сакам со спинална,анастезиологот ми рече дека е подобро со таа,а исто и матичниот,е сега повторно се ми е како првпат да се пораѓам царски па ме интересира за колку време почна да ги чуствуваш нозете,дали припремата,ставањето на анастезијата боли т.с и мене ме плаши дали ке можам да соработувам и додека го прават царскиот дали почуствува нешто?!?!!!!??

sweety
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 2260
Придружен: 31 Oct 2013, 19:01
Му се допанале: 958 пати
Им се допаднал: 1200 пати

Re: Вашето породување

Post by sweety » 23 Nov 2015, 21:16

Лена-нела треба да соработуваш со анестезиилогот и јас од тоа имав страв ама мирував и плус пред мене една ми ги држеше раците ми зборуваше нешто да ми ги отргне мислите веднаш фати анестезијата не боли ништо осеќаш мала боцка кога ти земаат крв од вената повеќе боле (smile) , јас за неполни два часа почнав полека да ги осеќам нозете, ништо не почуствував ни болка ни ништоза време на операцијата, е сега првиот ден е нормално боли ама јас имав болки во рамењата и малку во вратот првите два три дена а раната како затегање, пецкање и повеќе на едната страна и како менструални болки е откако ми ги извадија конците е друга песна не сум се ни напила таблета против болки ни ништо не се плаши нормално е да се има трема возбуда но поминува со лесно (l2) што и да треба слободно прашај

Lena_nela
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 1155
Придружен: 13 Dec 2013, 15:56
Му се допанале: 1200 пати
Им се допаднал: 825 пати

Re: Вашето породување

Post by Lena_nela » 15 Dec 2015, 22:33

Еве и јас да си пишам како го поминав породувањето.
Јас бев закажана за царски за во петок11.12,но ушре во пнеделникот од сабајле како нешто да мо потече на гаќи,сенјавив кај д-р.што требаше да ме прави царски и ми вика идај да те прегледам.Отидов и ме гледапе на ехо,и ми вика рано е бебе е високо има сеуштњ доволно плодова вода... Ајде да прегледам вагинално и ми вика имаш инфекција на грло на матка,затоа ти тече како вода со крв ,ми даде вагиналети и со дојдов дома. Два дена по малку ми истекуваше слуз со розевкаста боја и од време на време чуствував болки-контракци но ако ги имам 5 на 10 мин.после тоа 2-3 саати па и повеќе немав. Бевме во средата кај моите на слава и негде на кај 22ч. почнаа контракции на секои 10мин. но беа мн слаби и краткотрајни, негде на кај 1:30 почнаа да се јавуваат на 5-7 мин. и повторно беа слаби и кратко трајни продолжија и наредениот саат и така на кај 2:30,3ч бев во болница на ЦТГ имав контракции,бебе високо поставено,во 37 недела и некој ден (за малку 38) ,грло на матка омекнат(е тоа што ми истекувало и било водењакот и испаќал пополека чепот,кај виде д-р инфекција ???)а само 1 см отворена, ми ги направија сите испитувања и во 8:45 бев во сала,во 9:20 фо извадија бебушот,а во 9:35 бев префрлена на интезивна.

Evicka10
Нов член
Нов член
Мислења: 10
Придружен: 15 May 2016, 00:23
Му се допанале: 5 пати
Им се допаднал: 16 пати

Re: Вашето породување

Post by Evicka10 » 16 May 2016, 00:20

Мојот пораѓај беше 15 мин.На секоја и посакувам исто.. (joy)

RedRose30
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 1060
Придружен: 26 Oct 2013, 11:05
Му се допанале: 1303 пати
Им се допаднал: 446 пати

Re: Вашето породување

Post by RedRose30 » 30 May 2016, 15:54

Браво Евичка. Јас се породив царски со спинална анестезија. Закрепнував извесен период, раната болеше, ама сепак си ги чував од старт децата, си се грижев за нив, секако со помош од мм и баба им (smile) .

Martinka
Член
Член
Мислења: 114
Придружен: 16 Apr 2013, 11:21
Му се допанале: 4 пати
Им се допаднал: 57 пати

Re: Вашето породување

Post by Martinka » 06 Jul 2016, 00:36

Еве го и моето искуство со породувањето..
На 09.06 ме примија на оддел патолошка бременост кон 11ч и веќе ко 15ч ме префрлија во предродилна сала каде што ме ставија на провокации и почнаа контракциите да ми стануваат се појаки меѓутоа не се отварав повеќе од 4 прсти...патешествието траеше до кај 23 ч кога ме префрлија во родилна сала но сеуште ситуацијата беше непроменета..
Докторите се решија за царски бидејќи бебето не сакаше да се спушти и сеуште не се отварав..после полноќ се роди мојата принцезичка и ме префрлија после на интензивна нега..језиви беа првите неколку часа после спиналната анестезија кога воопшто ме си ги осеќав нозете :(
Следното утро ме префрлија во соба и со нетрпение чекав да ми ја домесат бебушка да ја видам оти некако се ми беше матно на операцијата и не се ни сеќавам дека ја видов..
Првиот ден бев со катетер и воопшто не станав пд кревет..следното утро ми го извадоа и ми помогнаа да се избањам..тие 2-3 дена ми беа најтешки затоа што ме болеше раната кога станував, кога се движев.
По 3 дена не отпуштија дома па веќе дома полесно се снаоѓавме..
За крај можам да кажам дека имав позитивно искуство со морто породување со царски рез со лесно опоравување.

Mari G
Нов член
Нов член
Мислења: 98
Придружен: 20 Apr 2016, 16:05
Му се допанале: 97 пати
Им се допаднал: 79 пати

Re: Вашето породување

Post by Mari G » 06 Jul 2016, 12:31

Моите два пораѓаја беа природни.Имав болки но не многу јаки , но ме држеа по 24 часа, за на крај да се породам со провокација.
Самите пораѓаи беа брзи, со првото на боксот се кчив во 06 и 30 , а веќе во 06 и 45 бебушот беше дојден на свет, со второто беше уште побрзо, некои 5-10 мин.

Одговори

Return to “Породување”