Пробно породување?

Сите теми што се поврзани со породувањето. Термин за породување, болница, искуства итн.

Moderator: Модератори

Правила на форумот
ТУКА
Придржувајте се до темите. Пораките кои ја насочуваат темата во друга насока, ќе бидат избришани или едитирани. Доколку сметате дека нема соодветна тема или не можете да ја најдете, започнете нова.
mamigabi
Редовен член
Редовен член
Мислења: 250
Придружен: 19 Jul 2013, 13:49
Му се допанале: 216 пати
Им се допаднал: 142 пати

Пробно породување?

Post by mamigabi » 05 Dec 2013, 10:26

Здраво девојки, јас морав да пишам во оваа тема, денес имам закажано во 16 часот да одам во клиника, рекоја ќе ме задржат за породување, а јас немам никакви знаци (confus) само вчера изгледа ми падна родилниот чеп, друго ништо. Многу сум исплашена, не од породувањето и болките што ќе ги имам туку да не ми се ископлицира нешто на бебето, не сакам да ми го малтретираат внатре, плус тоа не е ни спуштено и никако нема да дозволам со вакум да ми го ваѓаат, подобро ако увидат дека тешко е приридно, со време на царски да си одам. Докторката е добра, веќе се знаеме и ја знае ситуацијата, денес полнам десет дена од терминот. Таа ми рече ќе ме прегледа на ЕХО па ЦТГ и потоа вагинално и со инекции да започне пробно породување, а какво е тоа ПРОБНО породување појма немам (scared) Цела вечер не спиев од мислење, сакам само бебето да си го видам живо и здраво

Debora
Администратор
Администратор
Мислења: 11056
Придружен: 22 Sep 2009, 17:24
Му се допанале: 5853 пати
Им се допаднал: 3576 пати

Re: Пробно породување?

Post by Debora » 05 Dec 2013, 10:50

Мама Габи ја раздвоив темава. Јас претпоставувам дека мисли да пробаат со провокации да се породиш. Нека пише некој што знае.
Какви вакуми? (rp) Ако не бива, прави царски и готово.

Bobe
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 1055
Придружен: 20 Nov 2010, 14:35
Му се допанале: 1344 пати
Им се допаднал: 800 пати

Re: Пробно породување?

Post by Bobe » 05 Dec 2013, 10:55

и мене ова пробново ми асоцира на провокации (laugh1) ,ич не му се секирај МамаГаби,може сакаат да видат како ке изрегираш на провокацијата,ако не царски,можеби е подобро (love5) (a2)
мојата снаа и помина терминот,и нон-стоп кутрата одеше,никакви симптоми немаше за породување,најсмешно и велеа бебето спие,не сака да излезе (rolll),и навистина така беше,па со провокација ја средија и тоа не истиот ден,си почекаа да се наспие убаво бебуш и разбуди (laugh1)
со лесно нека ти е од се срце ти посакувам,и наскоро да ни се пофалиш како е да си се гушкаш со најмилото (bu) (bu) (bu) (love5) (love5) (love5) (love5)

Радост
Модератор
Модератор
Мислења: 2203
Придружен: 23 May 2013, 07:48
Location: Скопје
Му се допанале: 1320 пати
Им се допаднал: 1927 пати

Re: Пробно породување?

Post by Радост » 05 Dec 2013, 11:01

Уште да ни речат децата пробно да ги чуваме. (rolll) Ужас!
Мама Габи нека Бог биде со вас и со лесно да си поминете. Јас колку и да сум против тој царски рез би те советувала исто како и Дебора, ако веќе се мора, нема потреба да те мачат со саати. Зборувај искрено со докторката и нека те советува како човек, не како професионалец, колку се реално шансите со провокација без други симптоми за породување, да успееш да си го родиш бебушот.

Чекаме мекици. (a2)

Vesela
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 1599
Придружен: 06 Mar 2013, 12:00
Location: All around the world :)
Му се допанале: 294 пати
Им се допаднал: 689 пати

Re: Пробно породување?

Post by Vesela » 05 Dec 2013, 11:05

Мамагаби, со лесно нека е. Не се грижи, веројатно мислела докторката на провокации. Знај една работа колку помалку мислиш негативно и те фаќа паника , толку полесно за детето и за тебе.
Чекаме наскоро да јадеме мекици (rad) (rad)
Те прегрнувам.

mamigabi
Редовен член
Редовен член
Мислења: 250
Придружен: 19 Jul 2013, 13:49
Му се допанале: 216 пати
Им се допаднал: 142 пати

Re: Пробно породување?

Post by mamigabi » 05 Dec 2013, 12:01

Дебора, Радост, Весела, Бобе ви благодарам на поддршката (smile) па ќе видиме денеска што ќе биде, веројатно провокација ќе стАват и ќе видат како ќе се одвиваат работите па и јас нема да ќутам па ќе се бунам, доволно сум информирана и образована да имам појма барем од основни работи, па тие сестрите и бабиците како ме третираат кога одам на ЦТГ како да сум слегла од планина (ner) вака треба документите да ги чуваш, така треба...алооо сум завршила факултет, не дека тоа нешто значи, не мора да ме третира како неписмена, јас го ценам секој човек без оглед на образование, ама такви мивки кои само си се шетаат и колку пати ме заборавија е нема да дозволам да ми се качат на глава па и појма немаат, една ми го стави ЦТГ и ќе ми го распараше стомакот од што го стегна и бубрегот лев ми го прободе врвката и ми излезе се, тоа гелот се на хеланките ми протече, а од сестри ни трага ни глас, па кога дојде докторката кога виде дека сама ги извадив и имав една црвена линија на стомакот, ги искара убаво ама џабе тоа

ripcence
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 1127
Придружен: 03 Aug 2013, 02:50
Location: Скопје
Му се допанале: 1340 пати
Им се допаднал: 892 пати

Re: Пробно породување?

Post by ripcence » 05 Dec 2013, 20:48

Мамагаби со лесно нека биде, јас исто го надносев С многу па и лежев на патолошка, искрено незнам што е тоа родилен чеп (confus) ама и јас бев без болки и ни најава за породување, па ми ставија првин една вагиналета и го наместија креветот со нозете нагоре да бидам, така лежев 4 часа, од вагиналетата требало да се отворам, ама јас од 4прста не мрдав, ни болки ни ништо, потоа ми пуштија провокација со инфузија, ама и беа решени да ме породат па и ми го пукнаа водењакот, кај мене делуваше провокацијата па за неколку саати се породив нормално.
Ова истово и го правеа и на снаа ми, со две провокации таа ни болки ни отварање па ја породија со царски.

Нека биде со лесно, Бог ќе е со вас, ќе си се гушкате со бебушот. (a2)

carina
Домашен член
Домашен член
Мислења: 726
Придружен: 20 Jul 2011, 08:21
Location: skopje
Му се допанале: 193 пати
Им се допаднал: 279 пати

Re: Пробно породување?

Post by carina » 05 Dec 2013, 20:53

мамигаби со лесно и брзо да ти помине породувањето,ке чекаме и ние (bu)

mamigabi
Редовен член
Редовен член
Мислења: 250
Придружен: 19 Jul 2013, 13:49
Му се допанале: 216 пати
Им се допаднал: 142 пати

Re: Пробно породување?

Post by mamigabi » 06 Dec 2013, 16:56

Здраво јас пак дома сум (laugh1) отидов натоварена како за на одмор и ме вратија дома, немаше потреба да останам. На ЦТГ ништо не покажа, потоа Ехо добро беше, уште е високо, не се спуштило, постелка 3 степен зрела, па вагинален преглед Скроз затворена. Докторката не сакаше да ми стави провокација, рече да почекаме природно да добијам болки затоа што со провокации се поболни (scared) па утре пак на ЦТГ и ќе видиме, а денес почнаа болки да ме фаќаат ама ќе почекам уште малку дома и ако се поинтензивни (sonic) на клиника

Debora
Администратор
Администратор
Мислења: 11056
Придружен: 22 Sep 2009, 17:24
Му се допанале: 5853 пати
Им се допаднал: 3576 пати

Re: Пробно породување?

Post by Debora » 06 Dec 2013, 17:01

Мама Габи јас мислам добро направила докторката, важно се е во ред. (love5) Ако не е созреана состојбата за провокации, подобро што не ти ставиле. Со лесно мила - се радувам што уште многу малку ќе се гушкате со срценцето. (a2)

Одговори

Return to “Породување”