Во што го изнесовте бебето од родилиште?

Сите теми што се поврзани со породувањето. Термин за породување, болница, искуства итн.

Moderator: Модератори

Правила на форумот
ТУКА
Придржувајте се до темите. Пораките кои ја насочуваат темата во друга насока, ќе бидат избришани или едитирани. Доколку сметате дека нема соодветна тема или не можете да ја најдете, започнете нова.
Lejla7
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 4048
Придружен: 24 Oct 2011, 14:34
Му се допанале: 1284 пати
Им се допаднал: 1103 пати

Во што го изнесовте бебето од родилиште?

Post by Lejla7 » 28 Jan 2015, 21:51

Јас си планирав да го облечам бебето (здравје од Бога, кога ќе дојде време) во комплетче алиштенца, купив и џемперче за одозгора, а за секој случај ако е ладно имаме и многу мало скафандерче за мало бебе. Исто, си планиравме да го понесеме во транспортер за кој не ни треба ни ќебе бидејки самиот си има покривка која се прикачува и ми се чини дека е доста топла. Е арно ама, еве информација од сестрите во нашево родилиште - за транспортерот обавезно ќебенце одоздола оти не бил рамен и плус рачињата на бебето не му ги протнувале низ каишите оти било многу мало??? Е па како јас да го возам неврзано, што е поентата на транспортерот тогаш? Во раце да сум го држела, Бог да чува. (ner)

А убаво си пишува на упатствата за транспортерот - наменет е за бебиња 0+ се до 13 кг. И има перниче - подлога за новородено која понатаму се вади така што дополнително да се постела ќебе нема потреба, а и нема да може да се наместат каивчињата.

Ај кажете ми вие во што ги изнесовте вашите бебенца, јас ли грешам или сестрите?

Filigran
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 1827
Придружен: 22 Jul 2012, 15:43
Му се допанале: 898 пати
Им се допаднал: 739 пати

Re: Во што го изнесовте бебето од родилиште?

Post by Filigran » 28 Jan 2015, 22:17

Lejla, незнам каков ти е транспортерот, ама мојот се додека не го ставивме бебето во него ми изгледаше супер и мене. Повеќе е за како седечка положба, а новороденчето е толку мало што се витка , му пропаѓа газето и положбата не е баш убава. Ние му стававме перниче за да се израмни, да може да лежи. Е за земање од болница дојдоа свекрва ми и мајка ми, и мерак ни беше враце да го земиме. Го облече сестрата (пошто јас абер немав како да го облечам (confus) ), го ставивме во плик и мислам пелена(онаква убава).
И рацете не му ги провнувавме. Малечок беше (love5) Само кога пдевме на подалечни дестинации со кола тогаш се правев.
На крајот направи онака како што сакаш и мислиш. Со лесно (big-hug)

Lejla7
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 4048
Придружен: 24 Oct 2011, 14:34
Му се допанале: 1284 пати
Им се допаднал: 1103 пати

Re: Во што го изнесовте бебето од родилиште?

Post by Lejla7 » 28 Jan 2015, 22:24

Па мојот и твојот транспортер би требало да се слични бидејќи и мојот е Чиполино, само Бејби Макс. А како во кола да се возам со бебе в раце, па нели е тоа опасно? Едно нагло кочење и лета бебето од раце. А пеш не можеме да си одиме, далеку сме.
Не знам, навистина не знам. Милион прашања имам в глава.

Filigran
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 1827
Придружен: 22 Jul 2012, 15:43
Му се допанале: 898 пати
Им се допаднал: 739 пати

Re: Во што го изнесовте бебето од родилиште?

Post by Filigran » 28 Jan 2015, 22:40

Кога си одевме ние свекрва ми го носеше враце, и вкола седеше назад. Ама ние сме ептен блиску до болница. Па ти организирај се да го носиш во транспортер, и за секој случај земи си едно ќебенце ако треба да му ставиш под него. Колку и да сте далеку со кола ќе стигнете, така да не се секирај многу за тоа. Се нека биде како треба па за тоа ..............

Радост
Модератор
Модератор
Мислења: 2203
Придружен: 23 May 2013, 07:48
Location: Скопје
Му се допанале: 1320 пати
Им се допаднал: 1927 пати

Re: Во што го изнесовте бебето од родилиште?

Post by Радост » 28 Jan 2015, 23:24

Лејла јас ја изнесов во транспортер. Од Ремедика до дома ми е пола саат возење и не ми беше никако друго изводливо. Беше ладно и во ќебе завиткана и така во транспортерот. Ич не се побуни. :)

Lejla7
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 4048
Придружен: 24 Oct 2011, 14:34
Му се допанале: 1284 пати
Им се допаднал: 1103 пати

Re: Во што го изнесовте бебето од родилиште?

Post by Lejla7 » 28 Jan 2015, 23:31

А каивчињата ги врзавте мила и покрај ќебето или не?

Радост
Модератор
Модератор
Мислења: 2203
Придружен: 23 May 2013, 07:48
Location: Скопје
Му се допанале: 1320 пати
Им се допаднал: 1927 пати

Re: Во што го изнесовте бебето од родилиште?

Post by Радост » 29 Jan 2015, 01:15

Не. И сестрата што ја спремаше и докторката на испис ми рекоа дека нема потреба. Она беше малечка, 2800 излезе од болница и замотана во ќебенцето таман целата си влезе внатре и немаше кај да мрда. (laugh1) Здравје да е само, ќе биде старо само неколку дена и нема да има кординација на рачињата за да можеш да го врзеш, тоа може после првиот месец кога ја носев на контроли.

Не се плаши сигурен ќе е во ќебенце и транспортерот, ти ќе си до него, а он ќе го преспие возењето. (love5)

Bube
Редовен член
Редовен член
Мислења: 448
Придружен: 08 Jul 2014, 12:20
Му се допанале: 180 пати
Им се допаднал: 259 пати

Re: Во што го изнесовте бебето од родилиште?

Post by Bube » 29 Jan 2015, 02:09

I nie si ja emavme vo transporterot I nas ne ni ja vrzaa. Rece sestrata bidejki e mala a I vo slucaj da se zakasle ili aspirira da mozes da si ja svrtis ili krenes. Bese zavitkana vo debelo kebence I bas kako so vika radost si vleze vnatre celoto. Vo kolata jas I kerka bevme pozadi , si ja drzev so ednata rakanejze so drugata transporterot. Ne bese nogu strasno (thumbsup)

Lejla7
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 4048
Придружен: 24 Oct 2011, 14:34
Му се допанале: 1284 пати
Им се допаднал: 1103 пати

Re: Во што го изнесовте бебето од родилиште?

Post by Lejla7 » 29 Jan 2015, 10:07

Фала ви девојки (kup) Знам дека непотребно паничам за одредени работи, но таква сум..
Ми беше во план и онака да си купам плик ќебенце. Ќе заврши работа?

Miki
Домашен член
Домашен член
Мислења: 600
Придружен: 09 May 2012, 17:27
Му се допанале: 33 пати
Им се допаднал: 133 пати

Re: Во што го изнесовте бебето од родилиште?

Post by Miki » 29 Jan 2015, 15:59

Retko komentiram na ovoj nacin...ama moram. Se raboti za bezbednost, a ne kako sakame.
Lejla, majki....gluposti!!!

Moite bebinja gi iznesov od bolnica so pod 2kg i 40cm. SEKAKO deka gi vrzav so kaishite. Ako bebeto ne e bezbedno da se vrze zoshto e malo, ne go ispustaat od bolnica. Veruvajte, imam iskustvo na temava.
Ako transporterot e sertificiran za 0 meseci, podlegnal na testovi i proceduri...ne nie da se pravime pametni.
Kjebe odozdola nikako, eventualno tenka pelena zaradi kontakt. Shto mislite vp koja polozba e bebeto vo matkata 9 meseci?!?! Ispraveno horizontalno?!?! Toa e najprirodna i najbezbedna poza, sklupceno fetus poza. Zatoa i ubavo spijat vo transporteri.
Prvo shto gleda Vidoevski na prva kontrola e kako go koristite transporterot.
Ova ne sakav da go napisam, ama sega kje go napisam namerno. I site vizuelizirajte go!
Sedum mesecnoto bebe shto zagina vo soobrakjajkata letoska, ne bilo vo transporter.

Одговори

Return to “Породување”