Сечење на папочната врвца

Сите теми што се поврзани со породувањето. Термин за породување, болница, искуства итн.

Moderator: Модератори

Правила на форумот
ТУКА
Придржувајте се до темите. Пораките кои ја насочуваат темата во друга насока, ќе бидат избришани или едитирани. Доколку сметате дека нема соодветна тема или не можете да ја најдете, започнете нова.
Одговори
Debora
Администратор
Администратор
Мислења: 11056
Придружен: 22 Sep 2009, 17:24
Му се допанале: 5853 пати
Им се допаднал: 3576 пати

Сечење на папочната врвца

Post by Debora » 30 May 2010, 10:26

Раното пресекување на папочната врвка го спречува процесот на "природна трансплантација на матични клетки"

Пресекувањето на папочната врвка по раѓањето треба да се одложи за неколку минути, сугерираат истражувачите од "University of South Florida's Center of Excellence for Aging and Brain Repair".
Одложувањето на пресекувањето на папочната врвка овозможува да се транспортира поголемо количесто крв од мајката кон бебето, а со тоа и многу физиолошки дарови за детето преку природната трансплантација на матични клетки при раѓањето.
Студијата е објавена во списанието "Journal of Cellular and Molecular Medicine".
Неколку студии покажаа дека одложувањето на пресекувањето на папочната врвка, не само што придонесува бебето да добие повеќе крв, туку помага и да се спречи и анемијата - вели Dr. Paul Sanberg - водач на центарот. Крвта од папочната врвка содржи многу скапоцени матични клетки, така да одложувањето на сечењето помага повеќе од овие клетки дојдат во телото на бебето. Dr. Paul Sanberg вели дека тоа може да се смета за прва "природна трансплантација на матични клетки".
При раѓањето плацентата и папочната врвка се контрахираат и почнуваат да пумпаат крв кон бебето. Откако крвта ќе се изедначи, пулсирањето на папочната врвка и преносот на крв прекинува. Во западниот свет практиката досега беше да се сече папочната врвка додека се уште пулсира. Тоа се должи на недоволното познавање од продобивките од одложувањето од неколку минути и почекувањето врвката сама да прекине да пулсира.
Исто и положбата во која жените раѓаат придонесува да се забрза или успори трансферот на матични клетки. Кога жените раѓаат во клечечка, наместо во легната положба, не само што е олеснето породувањето, туку гравитацијата помага да се забрза и трансферот на матични клетки.
Dr. Park. вели дека повеќе анализи покажуваат дека одложеното пресекување на папочната врвка од барем 30 секунди ги намалува случаите на: интравентрикуларно крварење, појава на сепса, анемија и има намалена потреба од трансфузија на крв кај новороденчињата.
Друга придобивка од одложеното сечење на папочната врвка е што детето ќе ги прими целосно придружните фактори за згрутчување на крвта.
Истражувачите истакнуваат и дека многу чести нарушувања кај предвремено родените новороденчиња ќе се намалат со одложеното пресекување на папочната врвка. Тука спаѓаат: проблеми со дишењето, анемија, сепса, интравертикуларно крварење и перивентрикуларна леукомалација - најчеста причина за оштетување на мозокот кај предвремено родените бебиња. Истражувачите претоставуваат дека би се намалиле и многу други заболувања, како: хронични заболувања на белите дробови, апнеа и ретинопатија кај предвремено родени бебиња.
Dr. Stephen Klasko истакнува дека најважно е да не се дозволи да се загубат скапоцените матични клетки за време и непосредно после породувањето.

http://tvoebebe.com/rano-presekuvanje-n ... ite-kletki

Debora
Администратор
Администратор
Мислења: 11056
Придружен: 22 Sep 2009, 17:24
Му се допанале: 5853 пати
Им се допаднал: 3576 пати

Re: Сечење на папочната врвца

Post by Debora » 30 May 2010, 10:28

Знаев дека е добро папочната врвца сама да прекине со пулсирањето, па да се пресече, а дотогаш бебето се става на стомакот на мајката, но не знаев дека тоа е поврзано и со трансферот на матични клетки.

Се разбира ако родителите решат да ги зачуваат во болница матичните клетки, сечењето мора да се направи рано.

Одговори

Return to “Породување”