Контракции

Сите теми што се поврзани со породувањето. Термин за породување, болница, искуства итн.

Moderator: Модератори

Правила на форумот
ТУКА
Придржувајте се до темите. Пораките кои ја насочуваат темата во друга насока, ќе бидат избришани или едитирани. Доколку сметате дека нема соодветна тема или не можете да ја најдете, започнете нова.
Одговори
Ana.I
Домашен член
Домашен член
Мислења: 523
Придружен: 27 Oct 2010, 22:03
Им се допаднал: 8 пати

Контракции

Post by Ana.I » 28 Mar 2011, 11:03

Девојки едно прашање-ако на ЦТГ се гледаат контракции,а немаш никакви болки,тоа значи дека процезот на пораѓање започнува,но уште не се чуствуваат болки? И ме интересира дали ако на ЦТГ ти видат контракции,пораѓањето наскоро,во следните ден,два,три ке настапи или можеби и повеке?

Debora
Администратор
Администратор
Мислења: 11002
Придружен: 22 Sep 2009, 17:24
Му се допанале: 5788 пати
Им се допаднал: 3546 пати

Re: Контракции

Post by Debora » 28 Mar 2011, 11:48

На моја пријателка на ЦТГ и ги виделе контракциите, а она не чувствувала ништо. Мислам дека се породи во рок од 1-2 дена. Лекарот и кажал дека има болки и дека породувањето е започнато, иако она не знаела.
Ана.И почна? (love5)

Ana.I
Домашен член
Домашен член
Мислења: 523
Придружен: 27 Oct 2010, 22:03
Им се допаднал: 8 пати

Re: Контракции

Post by Ana.I » 28 Mar 2011, 12:41

Не знам Дебора ке видиме,ама изгледа да (smile)

brankica
Нов член
Нов член
Мислења: 32
Придружен: 09 Jul 2010, 18:03
Им се допаднал: 2 пати

Re: Контракции

Post by brankica » 28 Mar 2011, 13:54

[quote="Ana.I"]Не знам Дебора ке видиме,ама изгледа да (smile)
spremaj se ana zapocnat e procesot....SO GOSPOD NAPRED ZA BRZO KE SI GO VIDIS I GUSKAS BEBUSOT...koga na CTG pokazalo sati se vo prasanje..pozz

elka
Нов член
Нов член
Мислења: 31
Придружен: 24 Nov 2010, 17:02

Re: Контракции

Post by elka » 28 Mar 2011, 22:37

ajde so lesno da pomines i da ni se pofalis poz

Petra
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 2039
Придружен: 17 Nov 2009, 20:50
Location: God's Kingdom
Му се допанале: 1044 пати
Им се допаднал: 729 пати

Re: Контракции

Post by Petra » 05 Apr 2011, 10:46

Ana.I wrote:Девојки едно прашање-ако на ЦТГ се гледаат контракции,а немаш никакви болки,тоа значи дека процезот на пораѓање започнува,но уште не се чуствуваат болки? И ме интересира дали ако на ЦТГ ти видат контракции,пораѓањето наскоро,во следните ден,два,три ке настапи или можеби и повеке?
Кај мене беа забележани слаби контракции на ЦТГ кои јас не ги сеќавав, не знаев дека се породилни боки. Беа многу слаби, незабалежителни болки како за пред добивање, неприметливи. Тоа беше во сабота наутро. Докторот ме задржа во болница затоа што мене и беше поминат терминот веќе 10. Дури вечерта почнав да ги забележувам повеќе и наредниот ден околу 17 часот се породив.
Кај тебе како е Ана.И? (lovet) (a2)

Ana.I
Домашен член
Домашен член
Мислења: 523
Придружен: 27 Oct 2010, 22:03
Им се допаднал: 8 пати

Re: Контракции

Post by Ana.I » 05 Apr 2011, 13:20

Кај мене Петра уште пред една недела на ЦТГ се покажаа контракции,ама ништо од болки.Вчера бев на контрола и повторно на ЦТГ контракции,а јас уште немам болки,а не сум воопшто ни отворена.Е сега бидејки уште не ми е поминат терминот,а бебето е добро и сеуште имам доволно плодова вода,ми рекоа дека ке чекаме и оваа недела,па ке видиме,ако не биде ништо до викендов-пак на контрола.

iva-iva
Нов член
Нов член
Мислења: 94
Придружен: 03 Dec 2013, 17:59
Му се допанале: 16 пати
Им се допаднал: 25 пати

Re: Контракции

Post by iva-iva » 26 Feb 2014, 16:14

женски јас сум 39 + 1 и некако имам болки во половината се слушнав со др Кристинка и ми рече да одам на вагинален преглед и ЦТГ .. ке ви пишам како ке поминам ..уффф сеуште немам некакви болки ... ме интересира само колку се качуваат мах бројките на ЦТГ апаратот за време на породувањето дали некој знае .. колку да очекувам на сестрами и се качиле мах 98.. ама заврши со царски па ме интересира како беше кај вас..

Bube
Редовен член
Редовен член
Мислења: 448
Придружен: 08 Jul 2014, 12:20
Му се допанале: 180 пати
Им се допаднал: 259 пати

Re: Контракции

Post by Bube » 03 Jan 2015, 22:51

Doktorkata mi kaza deka se kacuvaat do 100 ,120 i toa se najsilnite bolki . jas dosega sum bila samo dvapati na ctg i sum imala od 20 do 30 (racinja) za pogolemi neznam kako izgleda ama naskoro ke znam

Одговори

Return to “Породување”