Што после губење на плодот???

Место за подршка на сите оние кои се соочиле со спонтан абортус. Што после спонтан абортус, причини, испитувања итн.

Moderator: Модератори

Правила на форумот
ТУКА
Ве молиме да се придржувате до темите. Пораките кои ја насочуваат темата во друга насока, ќе бидат избришани , едитирани или префрлени во друга тема. Доколку сметате дека нема соодветна тема или не можете да ја најдете, ве молиме започнете нова.
Одговори
kit-kat
Модератор
Модератор
Мислења: 3252
Придружен: 08 Jul 2012, 13:13
Му се допанале: 1250 пати
Им се допаднал: 1725 пати

Што после губење на плодот???

Post by kit-kat » 24 Apr 2013, 14:09

Ја отварам оваа тема за да си ја отворам душата.За да споделам со оние што го поминале ова болно искуство.
Па во 12 недела ми беше констатиран мртов плод веќе 10-12 дена.Ние чекаме срце,радосни да си го видиме а сега шок.
Го гледам докторот,и чекам да се разбудам од тој лош сон...
Тој нешто зборува јас не го слушам,немав солза ниту збор,ниту воздух.
Ми рече ти си среќна жена,а уште повеќе твојот роден син.Бидејки ако не дојдеше со мртов плод во себе можеше да добиеш сепса и да завршиш фатално (scared)
Но не постоеше утеха за мене.Дојдов дома си го гушнав синко насмеана а срцето ми плачеше.
Другиот ден се заврши.Не постои физичка болка што може да се мери со онаа во душата кога дојдов дома.Празно,пусто ми беше.Но се уште камен.Синко дојде напишавме домашно,ручавме...
Го седнав и се му кажав.Следеа моменти кои ми го скратија животот.Тешки зборови,очиња кои секој ден се насмеани, полни со солзи,кои течеа како река .Голем е за да разбира но не доволно да свати дека и вакви работи се случуваат.
Рече„зошто Господе ми го зеде најмилото нешто за кое чекав и пекав 5 години?Колку парина имам дадено во црква за тоа бебче а ти ми го зеде?Дали сум јас крив дека не ја слушам понекогаш мама?„
Повторно објаснување дека никој не е крив дека е Божја воља.А дали можеш во тие моменти да бидеш силен и да не пролееш солзи само јас си знам како издржав.На крај ми рече „мамо јас плачам,и тато тагува,а ти си најсилната жена на светот„
И навистина морам да сум.Се изнаплакав се изнатагував но морам понатаму.
Од денес си ветив дека морам да се издигнам,морам понатаму,бидејки болката носи уште поголема болка,тагата носи тага.
Лејла дури сега сочувствувам со оние кои го доживеале ова.Колку да речев дека сваќам како ви било,тоа не било ни приближно према ова што го имам во себе.
А навистина секоја планина своја тежина.Но ја барам Карина не дека таа нејзе и било најтешко.Бидејки само неа ја знам на форумов што го доживеала ова а има дете дома.
Како да го утешам син ми кој еве со солзи си дојде од школо,Цело време прашува зошто?
Фала му на Бога што имам веќе една утеха мојот син.Дај Боже прво на сите да ви даде по едно,а за второ што е судбина.
Фала на сите што сте со мене.Мислам дека ќе прашувам доста на темава. (kup) (kup) (kup)

Debora
Администратор
Администратор
Мислења: 11040
Придружен: 22 Sep 2009, 17:24
Му се допанале: 5833 пати
Им се допаднал: 3569 пати

Re: Што после губење на плодот???

Post by Debora » 24 Apr 2013, 14:26

Кит кет јас се испотресов што читам... зборовите на твоето синче (cry) .... а како ти било па тебе. (cry) Душа убава, ич нека не ни помисли дека ова е оти Бог го казнува. (cry) (cry) (cry) Напротив, бебенцето можеби било болно и сега е на подобро место, каде ништо нема да му фали. А он нека се стрпи уште малку и ќе има братче или сестриче. Срце мило, каков терет си ставило.
Се надевам дека ќе се јави Карина, ако може ... (prayer)

ani4ka
Редовен член
Редовен член
Мислења: 427
Придружен: 14 Jun 2012, 12:09
Му се допанале: 98 пати
Им се допаднал: 204 пати

Re: Што после губење на плодот???

Post by ani4ka » 24 Apr 2013, 14:38

lele zeno site zborovi se suvisni (cry) se molam za vas da bidete silni (prayer) (prayer) (prayer)

Vesela
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 1599
Придружен: 06 Mar 2013, 12:00
Location: All around the world :)
Му се допанале: 294 пати
Им се допаднал: 689 пати

Re: Што после губење на плодот???

Post by Vesela » 24 Apr 2013, 15:16

(prayer) (prayer) (prayer)

maried
Домашен член
Домашен член
Мислења: 823
Придружен: 12 May 2012, 01:22
Му се допанале: 192 пати
Им се допаднал: 422 пати

Re: Што после губење на плодот???

Post by maried » 24 Apr 2013, 15:43

Кит-Кат многу ми е жал...биди храбра затоа што имаш прекрасен ангел дома...а замисли како им е на тие кои ја чекаат својата прва радост, прва среќа...за мене ќе ти кажам...одам на лекар ми вика има бременост ама надвор од матката, јас умирам од болки, добивам внатрешно крварење, одам на итна операција...дома си заминувам со болка, со солзи, со неверување...поминува една година, ми касни, правам тест bfp ..пресреќна, дојде денот и јас ќе станам мајка...поминува време се е како што треба, одам на контрола ми викаат плодот нема срцева работа, мораш итно на киретажа...повторно солзи, шок, зошто јас, каде зргешив....немав сила веќе и снемав и солзи....сега пак сум бремена..ама со страв, секој ден за мене е ден поминат во страв..затоа мила моја, јас потполно те свакам како ти е...бори се и биди силна, немој психички да паднеш, бори се заради тебе, бори се за твојот прекрасен син...те гушкам мила и издржи машки!!!

carina
Домашен член
Домашен член
Мислења: 726
Придружен: 20 Jul 2011, 08:21
Location: skopje
Му се допанале: 193 пати
Им се допаднал: 279 пати

Re: Што после губење на плодот???

Post by carina » 24 Apr 2013, 17:23

кит кат (cry1) (cry1) (a2) (a2) .плачам со тебе.дури сега прочитав,многу ми е жал.знам празна ти е душата,телото,мозокот..пресврт во твојот живот ,долгоочекуваната огромна срека за еден момент ја снемува ..и не само што ја снемува,ја заменува огромна тага.си викаш ај може со тек на време ке помине,ама секој период потоа со нова тежина го поминуваш.во цела несрека тука се нашите деца кои ни даваат сила за понатаму,тука се обврските околу нив,тука се детските бисери кои ке не насмеат и кога душата ни плаче.
и јас бев силна како тебе,нормално пред М ниту збор.дури ми викаше ,,тебе мама ич не ти е жал за бебето,затоа не плачеш,, сакав да и кажам дека јас најмногу плачам,дека не сум го извадила од мислите ниту еден ден.дека во себе плачам само заради неа,за таа да ја преброди загубата полесно.после тоа следеше период рагање на бебиња на некои од нејзините другарчиња,па прашања од типот,,колку ке имаше сега нашето бебе,, ,тага во нејзините очи,која ме боли уште повеке.
и сеуште прашува,еве 8-9 месеци се поминати....
кит кат ти посакувам полесно да заздравиш психички и физички после ова.да помине само како еден лош сон.и шетај ,излегувај,купувај си,гледај комедии...и болката ке остане ама скриена во некое ќоше,помала...ама сепак ке остане,барем кај мене е така.
те гушкам најсилно (a2)

Petra
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 2039
Придружен: 17 Nov 2009, 20:50
Location: God's Kingdom
Му се допанале: 1044 пати
Им се допаднал: 729 пати

Re: Што после губење на плодот???

Post by Petra » 24 Apr 2013, 17:50

Кит-кат, потресно...какви зборови тешки кажува твоето синче, мене срцето ми го параат. Како ли ти е тебе... (cry) Ох, да се намали неговата болка и тага, да биде силен и јак. (cry) (cry) (cry) (cry) (cry) (cry) Ич да не мисли дека е казнет од Бог, Него толку многу Бог го љуби. И сега во овој миг не е заборавен од него, туку ја носи неговата болка, го крепи и ќе биде добро со него.
Како да му се објасни со оглед на неговата возрсат да разбере, да прифатат дека тоа се случи. Живот и смрт, како што човек се раѓа така и умира. Но зошто ова се случува, тоа не знаеме. (cry1) Би можело да му се објасни дека можеби со бебето нешто не било во ред, можеби било болно...зошто? Не знаеме... Се случуваат некои работи за кои не знаеме зошто се случуваат. Но едно знаеме, се надевам дека ќе го утеши. Бебето е живо. Сега е на најдоброто место, тоа е кај Бог. Бог се грижи за Него, ја има сета љубов и внимание, на најубавото место е сега. Во радост и светлина.
Тагата на синко ќе биде заменета, со радост. Ќе биде утешен со братче или сестриче кое наскоро ќе дојде. Нека не го заборава тоа. (a2) (bu) (bu) (bu)

silvija
Член
Член
Мислења: 208
Придружен: 14 Jan 2013, 20:56
Му се допанале: 107 пати
Им се допаднал: 20 пати

Re: Што после губење на плодот???

Post by silvija » 24 Apr 2013, 18:17

ох ме расплакавте (sad1)
мила Кит кет, мораш да бидеш силна заради тој мал ангел што си го имаш, гушкај го и пробај да не мислиш на ова што се случило
тешко е знам, јас во истата недела и срценце слушнав и мислам дека бев најсреќна на цел свет, и за многу кратко се отиде во неповрат, и немаше понесреќен човек од мене.. колку суров е понекогаш животот..
ама времето ги лечи раните, полека ама сигурно
биди јака мила, биди среќма со тоа што го имаш и ти посакувам многу скоро повторно да си останеш трудна и да си родиш уште еден мал ангел
(l2)

NadicaG

Re: Што после губење на плодот???

Post by NadicaG » 24 Apr 2013, 20:48

kit-ket mnogu e bolno veruvam mila,no tagata i radosta na srceto samo toa go poznava,ne mozi drug da go vidi

no nikako nemojte da mislete deka e kazna Bozja,Bog tolku mnogu ve saka i sega vo ovoj momenti vi gi brisi solzite,sekogas ima pricina zosto nesto se slucuva i eden den na neboto ke ti bide jasno,no sega znaj deka ova bilo najdobroto za site vas i za nego,zivotot prodolzuva,lugeto i posle ausvic morala da se ispravat i prodolzat ponatamu,ostanuva rana,no nauci da zivees so svojte rani,jas mozebi ne sum doziveala spontan,no sum doziveala mnogu rani od drug vid,prvo ucev da gi prifatam,da ne begam od niv,a uste poloso da gi potiska ili negiram,posle ucev kako da gi odnesam vo moeto srce,zosto moeto srce e pogolemo od mojte rani,posle ucev kako da naucam da ziveam so niv i nakraj sto mislam deka e najgolemoto nesto nesto vo seto toa ...koga mojata bolka stana BOLKATA,nesto sto me pravi soocesnik so bolkata na celiot svet sto vo ovoj moment se slucuva,samo covek sto doziveal bolka,mozi da razbere tuga bolka i da bide blagoslov i uteha za drugi skrseni srca,zatoa pretvorigo ova prokletstvo vo blagoslov,nesto sto definitivno ke te promeni,rasiri ,prodlaboci kako licnost i nemoj da gi zapiras solzite,isplacigi tvojte rani ,solzite ni se dar od Bog i se lek na srceto,kolku sto e potrebno isplacigi,tagat e vo nas tolku mnogu zosto ne placime,kolku pobrzo nesto isplacis,tolku porano ke mozi da si odi....... (a2)

Crnokosaa
Домашен член
Домашен член
Мислења: 572
Придружен: 11 Nov 2012, 22:16
Му се допанале: 102 пати
Им се допаднал: 236 пати

Re: Што после губење на плодот???

Post by Crnokosaa » 24 Apr 2013, 21:32

Nemam komentar, premnogu mi e zal ... (cry1) Daj Boze seto ova da pomini mnogu brzo, da ti dade Gospod sila da go prebrodis ovaj najtezok moment vo tvojot zivot, i utre da se razbudis so novi sili za tebe licno, a i za tvoeto semejstvo, posebno za sinceto. Ke mu dade Bog najubavo i najsakano bratce / sestrice samo so dobra misla. Znam deka nisto nemozi sega da te smiri, tagata i bolkata se uzasni, no mozebi vremeto ke si go napravi svoeto, ke ja namali bolkata ... Te guskam ! (prayer) (prayer) (prayer)

Одговори

Return to “Спонтан абортус”