Повторувачки спонтан абортус
Место за подршка на сите оние кои се соочиле со спонтан абортус. Што после спонтан абортус, причини, испитувања итн.
Moderator: Модератори
Правила на форумот
ТУКА
Ве молиме да се придржувате до темите. Пораките кои ја насочуваат темата во друга насока, ќе бидат избришани , едитирани или префрлени во друга тема. Доколку сметате дека нема соодветна тема или не можете да ја најдете, ве молиме започнете нова.

-
- Нов член
- Мислења: 2
- Придружен: 13 Nov 2009, 09:46
Повторувачки спонтан абортус
Post by bibe » 13 Nov 2009, 10:03
Zdravo! I jas imav vakov problem i so godini ne mozea da mi otkrijat sto mi e zosto imav nekolku spontani. I zatoa sakam da im pomognam so sovet na site sto imaat vakov problem, a gi imaat iscrpeno site mozni pricini za spontanite da go napravat i testot za" Ispituvanje na Hemostaza" i D-dimeri" jas go pravev na Klinika za Transfuziologija i po 12god. i po nekolku spontani se ustanovi deka toa bilo pricinata i eve sega imam edno preubavo bebence.Toa e mojot sovet . :) :)
-
- Нов член
- Мислења: 2
- Придружен: 13 Nov 2009, 09:46
Re: Повторувачки спонтан абортус
Post by bibe » 14 Nov 2009, 22:12
Zdravo heba!Ispituvanjata gi pravev (veke napisav) na Klinika za Transfuziologija kaj dr.Kostova Stojanka ona e zadolzena za taa problematika i ona me vodese vo bremenosta od taa oblast, a se pravi preku krv ednas mesecno i cini okolu 300 den.Pozdrav.heba wrote:zdarvo Bibe !! kazi mi samo kade gi praveshe ispituvanjata i dali preku krv !!!!
-
- Администратор
- Мислења: 11056
- Придружен: 22 Sep 2009, 17:24
- Му се допанале: 5853 пати
- Им се допаднал: 3576 пати
Re: Повторувачки спонтан абортус
Post by Debora » 16 Jan 2010, 17:03
ПОВТОРУВАЧКИ СПОНТАН АБОРТУС
После 3 последователни абортуси, се вели дека станува збор на повторувачки абортус. Кога се работи за оваков случај се прават низа испитувања, за да се утврди причината која води до тоа да се случуваат абортусите.
Кога ќе се открие причината, зависно од нејзиниот вид, се превземаат соодветни мерки. Сепак понекогаш причината не се открива. Но и во таков случај, парот има големи шанси следната бременост да биде успешна.
Освен класичните ултазвучни испитувања се прават:
* Кариотип – со ова испитување се проверува дали има некои хромозомски аномалии кај двајцата родители.
* Испитување на хормоните кај мајката.
* Микробиолошко испитување на двајцата родители. Понекогаш причина за спонтаните абортуси може да биде некоја инфекција на уро-гениталниот тракт.
* Имунолошки испитувања. Понекогаш организмот на мајката може да не го препознава бебето како свое и да го нападне.
* Хистероскопија. Се гледа внатрешноста на матката, за да се утврдат евентуални аномалии. Кога се работи за аномалија на матката, абортусите често се случуваат во второто тромесечие.
* Биопсија на ендометриумот на матката. Со ова се гледа дали хормоните имаат правилен ефект врз матката.

- Форумски домаќин
- Мислења: 2265
- Придружен: 28 Mar 2013, 11:47
- Му се допанале: 206 пати
- Им се допаднал: 1170 пати
Re: Повторувачки спонтан абортус
Post by Happy^_^ » 01 Nov 2013, 16:38
Е сега ова моево не знам што е најверојатно во Систина ќе знаат (smile)
Не се гледаше ни сакус ни плод ни ништо. Дали да го рачунам како повторувачки спонтан?
Ми рекоа дека моќе матката не ми била спремна после киретажа или вирусот што ме фати за време на плодни денови ама мене некако не ми се остава на случајност.

- Модератор
- Мислења: 2203
- Придружен: 23 May 2013, 07:48
- Location: Скопје
- Му се допанале: 1320 пати
- Им се допаднал: 1927 пати
Re: Повторувачки спонтан абортус
Post by Радост » 07 Nov 2013, 00:22
Еве и нешто плус на оваа тема, можеби некому ќе му послужи ( далеку било од сите ).
Причините за спонтаните абортуси се комплексни и често е тешко да се идентификуваат. Дури и оние состојби за кои се претпоставува дека се причина за нив се слабо разбрани. Сепак, жените со повторени спонтани абортуси може да имаат корист од евалуацијата, потпорните програми и од третманот. Кај жените чии спонтани абортуси имаат причина што не може да се идентификува, повеќе од 80 посто од оние со два или повеќе спонтани абортуси на крајот ќе завршат со успешна бременост ако постои потпорна грижа.
ПРИЧИНИ
Иако спонтаните абортуси се чести (30 отсто од сите жени доживуваат најмалку еден спонтан абортус во животот, а 1-2 отсто имаат три или повеќе), има релативно мал број спроведени студии за нивната причина и за третманот.
Кај 40-50 отсто спонтани абортуси причината не може да се открие. Некои од причините се познати, и тие се:
ендокрини проблеми (како што се тиреоидните заболувања), се одговорни за 15-20 проценти од спонтаните абортуси
хиперкоагулабилност (зголемена тенденција да се развие згрутчување на крвта), исто така предизвикува 15-20 проценти
абнормалностите на утерусот и цервиксот предизвикуваат 10-15 проценти
генетичките мутации предизвикуваат 2-5 проценти
инфекцијата е одговорна за 0,5-5 проценти спонтани абортуси
ТРЕТМАН
Овие причини може да се откријат и да се третираат. Кај жените со тиреоидната дисфункција (хипотиреоидизам и хипертиреоидизам), успешен третман го намалува ризикот од спонтаниот абортус, како и од другите неповолни исходи. Скорашните студии, исто така, покажаа дека кај одредени жени што имаат антитиреоидни антитела (состојба што се среќава околу 11 посто од жените во репродуктивната доб) третманот со тиреоидниот хормон левотироксин може ефективно да го намали процентот на спонтаните абортуси.
Жените што имаат хиперкоагулабилност може да се третираат со терапија што го намалува згрутчувањето на крвта. Тоа е најчесто аспирин или хепарин, или и двата.
Тежината е уште еден фактор што придонесува кон зголемени шанси за спонтаните абортуси. Истражувањата покажаа дека обезитет, како и намалената телесна тежина, значително ги зголемува компликациите во бременоста, како и ризикот од спонтаниот абортус. Голем број жени имаат зголемена телесна тежина поради што влијанието на обезитет на исход на бременоста станува јавноздравствен проблем. Дури и умерен губиток на тежина од 5-10 проценти може значително да го намали ризикот од спонтаниот абортус.
ПСИХОЛОШКИ ТРЕТМАН
Повторените спонтани абортуси се поврзани и со зголемен процент на депресија кај тие жени. Додека застапеност на депресијата во општа популација е 5-10 проценти, истражувањата покажуваат дека кај жените што имале еден спонтан абортус зачестеноста се зголемува на 10-20 проценти и на најмалку 30 проценти кај жените што имале два или повеќе спонтани абортуси. Поради тоа, депресијата треба да се третира со психотерапија и со медикаменти, или и со двете. Третирањето на депресијата може да и помогне на жената успешно да преземе и други чекори за намалување на ризикот за спонтаните абортуси, како што е намалување на телесната тежина, земањето на медикаментите како што се пропишани, како и посетување групи за помош.
Неколку контролни студии најдоа дека употребата на хепарин и/или аспирин, кои вообичаено им се пропишуваат на жените со необјаснети спонтани абортуси, не се ништо повеќе ефикасни во тие случаи отколку стандардната грижа.
Од посебна помош е мултидисциплинарен приод кон овој проблем. Евалуацијата, третман, следење и поддршка од тим на доктори од различни специјалности што вклучуваат неколку дисциплини (генетика, ендокринологија, хематологија, имунологија и др.) се вистински приод кон лекувањето на пациентите со овој проблем.

Jump to
- Добредојде и да се запознаеме
- ↳ За форумов
- ↳ Технички прашања
- ↳ Да се запознаеме
- Забременување
- ↳ Во очекување на бременост
- ↳ Забременување
- ↳ Неплодност
- ↳ Испитувања на неплодност
- ↳ Дијагнози на неплодност
- ↳ Медикаменти
- ↳ Разно за неплодноста
- ↳ Инсеминација
- ↳ Ин витро и Наши дневници на ИВФ
- Бременост и породување
- ↳ Бременост
- ↳ Бременост
- ↳ Испитувања во бременоста
- ↳ Здравје и компликации во бременоста
- ↳ Спонтан абортус
- ↳ Разни теми поврзани со бременоста
- ↳ Породување
- ↳ После породувањето
- ↳ Честитки за новите бебуши
- Дете
- ↳ Доење
- ↳ Бебе од 0-12 месеци
- ↳ Бебе
- ↳ Исхрана на бебиња
- ↳ Здравје кај бебиња
- ↳ Опрема, козметика и сл.
- ↳ Дете од 1-3 години
- ↳ Тодлери
- ↳ Исхрана на тодлери
- ↳ Предучилишна возраст
- ↳ Училишна возраст
- ↳ Деца со посебни потреби
- ↳ Разно за децата
- ↳ Воспитување на децата
- Жена
- ↳ Мода
- ↳ Нега и убавина
- ↳ Природна нега
- ↳ Жена - разно
- Семејство, дом, миленици
- ↳ Семејство и брак
- ↳ Свадба
- ↳ Брак
- ↳ Мајчинство
- ↳ Семејство
- ↳ Патувања, празници, одмори...
- ↳ Дом
- ↳ Чистење
- ↳ Апарати и кујнски прибор
- ↳ Рецепти и готвење
- ↳ Уредување на дом и градина
- ↳ Направи сам
- ↳ Разно за домот
- ↳ Миленици
- Здравје
- ↳ Здравје - општо
- ↳ Здравје кај деца
- ↳ Здравје кај возрасни
- ↳ Сексуално преносливи болести
- ↳ Здравје
- ↳ Здрава храна и додатоци во исхраната
- Останато
- ↳ Хоби, спорт и рекреација
- ↳ Да помогнеме
- ↳ Информации
- ↳ Наши размислувања и ставови за разни теми
- ↳ Секојдневие
- ↳ Купувам, продавам, подарувам
- ↳ Опуштено
- ↳ Игри и забава
- ↳ Архива