Лажен спонтан абортус

Место за подршка на сите оние кои се соочиле со спонтан абортус. Што после спонтан абортус, причини, испитувања итн.

Moderator: Модератори

Правила на форумот
ТУКА
Ве молиме да се придржувате до темите. Пораките кои ја насочуваат темата во друга насока, ќе бидат избришани , едитирани или префрлени во друга тема. Доколку сметате дека нема соодветна тема или не можете да ја најдете, ве молиме започнете нова.
lide86
Нов член
Нов член
Мислења: 75
Придружен: 10 Aug 2013, 16:27
Му се допанале: 14 пати
Им се допаднал: 40 пати

Re: Лажен спонтан абортус

Post by lide86 » 24 Sep 2013, 12:25

Јаков1 читам и не можам да се изначудам кај ја најде сета таа храброст и верба да ја истераш бременоста до крај и да си го родиш синчето... БРАВО и што би рекла баба ми АЛАЛ ТИ ВЕРА.... (cl) твоето синче ќе биде гордо на својата мајка за патот што го поминала за да го донесе на овој свет... нависитна браво и гушкајте си се сега.... (kup)

mamigabi
Редовен член
Редовен член
Мислења: 250
Придружен: 19 Jul 2013, 13:49
Му се допанале: 216 пати
Им се допаднал: 142 пати

Re: Лажен спонтан абортус

Post by mamigabi » 24 Sep 2013, 12:57

Браво за Јаковче (cl) браво за мама и за нејзината желба и волја да го донесе на свет своето детенце. Немам коментар за докториве, не знам што е проблемот, треба да се освестат, ова може и мене да ми се случи и на сите други. Дали ќе се запрашаат дека ако направат грешка, ние мајките цел живот тоа ќе го памтиме, зошто да има црни дамки во нашите животи. Нека си ја зголемат стручноста, нека учат како треба, нека не земаат дипломи под рака, затоа што си играат со нашите животи. Само можам да кажам дека на никого не треба да се верува, за било каков проблем треба мислење од повеќе стручни лица

Debora
Администратор
Администратор
Мислења: 11056
Придружен: 22 Sep 2009, 17:24
Му се допанале: 5853 пати
Им се допаднал: 3576 пати

Re: Лажен спонтан абортус

Post by Debora » 24 Sep 2013, 13:07

Јаков и јас ќе речам АЛАЛ ТИ ВЕРА, твојата љубов и вера ти го спасиле синчето. Нека е живо и здраво, Бог да го благословува и понатаму. ^:)^
Лекарите секогаш правеле и ќе прават грешки, ама ти си се изборила за твоето сонце.

Vesela
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 1599
Придружен: 06 Mar 2013, 12:00
Location: All around the world :)
Му се допанале: 294 пати
Им се допаднал: 689 пати

Re: Лажен спонтан абортус

Post by Vesela » 24 Sep 2013, 13:28

Респект Голема Мајко, Секоја чест за упорноста и љубоват кој чедото. Сречно и весело детство за малиот борец Јаков

Bella85
Член
Член
Мислења: 147
Придружен: 11 Mar 2013, 18:19
Му се допанале: 108 пати
Им се допаднал: 35 пати

Re: Лажен спонтан абортус

Post by Bella85 » 24 Sep 2013, 14:20

Bravo,bravo i samo bravo.E toa e Majka.Majka koja se bori za svoeto dete i togas koga sansite se pod 0.Postov e za objava vo site vesnici i socijalni mrezi i strani za dase vidi strucnosta na nasite doktori. (rp) (rp) (rp)

Радост
Модератор
Модератор
Мислења: 2203
Придружен: 23 May 2013, 07:48
Location: Скопје
Му се допанале: 1320 пати
Им се допаднал: 1927 пати

Re: Лажен спонтан абортус

Post by Радост » 25 Sep 2013, 11:20

Јунак мил. (love5)
Да е жив и здрав Јаков! Бог да му дари и нему верба како што сте ја имале вие. А за вас, секоја чест, голем пример сте за сите идни мајки, Бог нека ве дарува само со убави и весели моменти.

Fiona
Редовен член
Редовен член
Мислења: 324
Придружен: 13 Jul 2012, 12:56
Location: Скопје
Му се допанале: 35 пати
Им се допаднал: 137 пати

Re: Лажен спонтан абортус

Post by Fiona » 25 Sep 2013, 11:48

Мајка на Јаков!!!
во еден здив ти ја прочитав приказната, браво храбра жено.
Растете со синчето заедно, му подари живот и среќно детстсво.
поздрав мајкице

Debora
Администратор
Администратор
Мислења: 11056
Придружен: 22 Sep 2009, 17:24
Му се допанале: 5853 пати
Им се допаднал: 3576 пати

Re: Лажен спонтан абортус

Post by Debora » 12 Oct 2013, 12:25

Ова многу ме израдува, предложени се нови критериуми спрема кои една бременост ќе се прогласи за неодржива, со цел да се спречи уништувањето на нормалните бремености.

...
Меѓу клучните точки од страна на експертската група се:

• До неодамна, бременоста беше дијагностицирана како неодржива ако ултразвукот покажеше дека ембрионот има пет милиметри, а нема чукање на срцето. Новите стандарди ја покачија оваа големината на седум милиметри.

• Стандарот за неодрживост на бременоста врз основа на големината на гестациската вреќичка без ембрион треба да се зголеми од 16 на 25 милиметри.

• Вообичаено употребуваниот тест преку крв (познат како дискриминаторско ниво) не е сигурен за исклучување на одржлива бременост.

Групата, исто така ги предупреди лекарите да не преземаат било какви активности што може да ја оштетат бременоста, врз основа на единечен тест преку крвта, ако ултразвчните наоди се неубедливи и жената е во стабилна состојба.
http://tvoebebe.com/BREMENOST/novi-prep ... lkjDdfz5T9

Dorotea111
Домашен член
Домашен член
Мислења: 538
Придружен: 07 May 2013, 10:14
Му се допанале: 128 пати
Им се допаднал: 142 пати

Re: Лажен спонтан абортус

Post by Dorotea111 » 12 Oct 2013, 13:14

Белким ова ќе помогне на многу парови. Кај мене и до деветта недела не се појави срцева реакција, еднаш беше 6 мм, потоа на следнатата контрола 3мм, се прашувавме како е тоа можно да се намали, ама докторката рече дека може не измерила убаво минатиот пат. Дека мерките не се баш релевантни, битно е срцевата реакција, и одма ни предложи киретажа. Ние ептен збунети со мм, мислевме што да правиме, почекавме уште неколку дена, отидовме и на втор мислење, истото ни го кажа и отидов на киретажа. А немав ни крварење ниту ништо, некои грчеви ама ги сметаа за нормални. Некогаш си мислам можеби требаше да чекам да прокрварам, а не да одам одма на киретажа. Ама докторите ми рекоа дека со крварење може да дојде до комликации, поубаво е да с енаправи киретажа. И навистина, немав крварење, само 2 три дена, и после никакви компликации, освен душевна болка секако. Можеби кај нас многу брзо се оди одма на киретажа, нема срцева реакција, и одма, ајде. А киретажа правев во една од трите приватни клиники во Скопје, па си мислам нема шанси да направиле грешка, не знам. Така требало да биде, така се тешам. Ајде и да се мислам сега, нема што д анаправам, ама супер иницијатива е ова.

Miicka
Нов член
Нов член
Мислења: 64
Придружен: 04 Jul 2014, 01:18
Му се допанале: 3 пати
Им се допаднал: 8 пати

Re: Лажен спонтан абортус

Post by Miicka » 19 Jan 2015, 17:02

Да му е страв на човек да оди на лекар. Многу се ретки тие доктори што навистина ги бива и си ја знаат работата!

Одговори

Return to “Спонтан абортус”