Нередовна менструација

Дијагнозите со кои се соочуваме, а се причина за неплодност

Moderator: Модератори

Правила на форумот
ТУКА
Придржувајте се до темите. Пораките кои ја насочуваат темата во друга насока, ќе бидат избришани или едитирани. Доколку сметате дека нема соодветна тема или не можете да ја најдете, започнете нова.
Debora
Администратор
Администратор
Мислења: 11056
Придружен: 22 Sep 2009, 17:24
Му се допанале: 5853 пати
Им се допаднал: 3576 пати

Нередовна менструација

Post by Debora » 16 Jan 2010, 16:28

Иако нередовниот менструален цилус понекогаш не е никаква пречка за забременување, сепак понекогаш може да укажува на ановулаторни циклуси.
http://www.tvoebebe.com/NEPLODNOST/iregular.php

Peperutka
Модератор
Модератор
Мислења: 2603
Придружен: 18 Oct 2010, 20:28
Му се допанале: 940 пати
Им се допаднал: 618 пати

Re: Нередовна менструација

Post by Peperutka » 28 Oct 2010, 20:35

Моите менструации се многу нередовни,можеби поради нискиот прогестерон.Зарем може само еден хормон да прави толкав проблем?Требаше да добијам околу 15 Окт.,ми доцни а овие денови имам на гаќичките кафеави дамки со многу малку крв а воопшто не ме боли стомак.Незнам како да го протолкувам ова,никогаш не ми се случило вакво нешто.Сигурно дека не сум бремена зошто докторот ми кажа дека неможе да се случи овулација поради низок прогестерон.Уште утре закажувам на доктор.Дали сте имале ваков или сличен проблем?Многу сум загрижена (help)

Debora
Администратор
Администратор
Мислења: 11056
Придружен: 22 Sep 2009, 17:24
Му се допанале: 5853 пати
Им се допаднал: 3576 пати

Re: Нередовна менструација

Post by Debora » 28 Oct 2010, 21:05

Кафеави дамки неколку дена пред менструацијата се знак на циста или низок прогестерон. Нивото на прогестерон треба нагло да падне за да дојде менструација. Кога опаѓа постепено се јавуваат кафеавкасти дамки -спотинг. Лесно се корегира тоа, не е ништо страшно. Јас пред неколку години извесен период имав таков проблем, ама го снема. Може да помогне и земање на Б6 витамин - по 50-60 мг дневно, поделен на 3 дози.
Хормоните се зависини едни од други, ако еден не е во ред, влијае и врз другите.
Јас кога отидов прв пат на лекар заради неплодност, лекарот ми рече да се радувам ако причината е недостаток на хормони, тоа најлесно се корегира. Ама кај мене не се знае што е.
Ако толку ти касни зошто не направиш еден тест? (love5) Ако е негативен секако ништо не губиш.

Peperutka
Модератор
Модератор
Мислења: 2603
Придружен: 18 Oct 2010, 20:28
Му се допанале: 940 пати
Им се допаднал: 618 пати

Re: Нередовна менструација

Post by Peperutka » 02 Nov 2010, 16:04

Кафеавите дамки ми се изгубија а пак немам никави знаци за менструација!Многу сум загрижена :oops:

Debora
Администратор
Администратор
Мислења: 11056
Придружен: 22 Sep 2009, 17:24
Му се допанале: 5853 пати
Им се допаднал: 3576 пати

Re: Нередовна менструација

Post by Debora » 02 Nov 2010, 16:15

А да отидеш на лекар да видиш за што се работи? Ако е до прогестеронот ги дадат Дабростон или Утрогестан и ќе се регулира циклусот.

Peperutka
Модератор
Модератор
Мислења: 2603
Придружен: 18 Oct 2010, 20:28
Му се допанале: 940 пати
Им се допаднал: 618 пати

Re: Нередовна менструација

Post by Peperutka » 11 Nov 2010, 16:54

Вчера бев на гинеколог,и на ехо докторот виде дека имам голема количина слуз,или завчера имало овулација или сум имала циста па таа си пукнала! Незнам што ќе беше ова,веќе по втор пат ми се појавува циста и ми доцни циклусот по два месеци :oops: Со следниот циклус да се обидеме да направиме ХЦГ,ако неможам да направам ХЦГ заради високата седиментација,тогаш ќе одиме со хистероскопија и лапараскопија (sad1) После ХЦГ-то,е полесно за да се регулира се,лекарот спомна и Кломифен и инсеминација во краен случај!

Debora
Администратор
Администратор
Мислења: 11056
Придружен: 22 Sep 2009, 17:24
Му се допанале: 5853 пати
Им се допаднал: 3576 пати

Re: Нередовна менструација

Post by Debora » 11 Nov 2010, 17:07

Peperutka, мене ме чуди како може лекарот да не е сигурен дали имало овулација или пукнала циста? Плодната слуз се гледа со вагинален преглед, не со ехо и никогаш не може да биде од циста.
Си била ли кај друг гинеколог? Понекогаш е добро да се слушне и второ мислење. Ако им се совпаднат мислењата уште подобро, ќе бидеш сигурна.
Ако имало овулација се надевам дека си била активна па да има и резултат. (t3)
Немој да се грижиш, се ќе се среди. (a2) Не зборувам на памет, туку навистина мислам дека нема да има големи проблеми. Инсеминацијата не е ништо страшно, дај Боже само да биде. (prayer)

Peperutka
Модератор
Модератор
Мислења: 2603
Придружен: 18 Oct 2010, 20:28
Му се допанале: 940 пати
Им се допаднал: 618 пати

Re: Нередовна менструација

Post by Peperutka » 11 Nov 2010, 17:14

Не ми се верува дека било овулација,зошто јас засега немам овулација,а и да имало,ние баш таа вечер немавме односи (sad1) Прегледот беше извршен со вагинално ехо.

Debora
Администратор
Администратор
Мислења: 11056
Придружен: 22 Sep 2009, 17:24
Му се допанале: 5853 пати
Им се допаднал: 3576 пати

Re: Нередовна менструација

Post by Debora » 11 Nov 2010, 17:23

Не ја видов последната порака и ја пратив мојата. Прво ако лекарот вика дека можеби имало овулација веројатно приметил некои знаци, тоа се гледа на ехо. Второ ако не сте имале односи таа вечер, ако сте имале претходната може пак да си забремениш. (edn) (edn) (edn) ја чекаат јајце клетката во заседа и 72 часа, па и повеќе може. Јас искрено се надевам дека ќе биде нешто.
Тоа што немаш редовна овулација не значи дека ја немаш воопшто.

Debora
Администратор
Администратор
Мислења: 11056
Придружен: 22 Sep 2009, 17:24
Му се допанале: 5853 пати
Им се допаднал: 3576 пати

Re: Нередовна менструација

Post by Debora » 22 Dec 2010, 11:51

Добро е овој пост да биде и тука:
Peperutka wrote:Девојки мислам дека овој мој случај е само за оваа тема!
Сите што имаат нередовен циклус да си го набават чајот од Good Nature со вкус на анасон и хмељ.Претходните два циклуси ми беа на 2 месеци (sad1).Мајка ми случајно прочитала дека тој чај е за регулирање на циклусот,ми го набави и почнав да го пијам по завршувањето на циклусот,по 1 литар на ден.Тој чај треба да се пие секој ден по завршувањето на циклусот по 1 литар(додека не се потроши) ама јас го пиев само 4-5 дена па го прекинав зошто ми беше многу горчлив но ете и тие малку денови имале ефект и еве денес добив и тоа ден порано,наместо на 28-от ден,мене ми дојде на 27 ми ден.
Чајот е спакуван во книжна кеса,во посебна кеса е анасонот,а во посебна хмељот.Состојките од двете кесички се мешаат.Во 1 литар зовриена вода се ставаат 4 големи лажици чај,се остава да отстои пола час и се пие во текот на денот,незасладен а никако не се остава за наредниот ден.
Се надевам дека добро ке ви дојде оваа информација на сите што имаат нередовен циклус.

Одговори

Return to “Дијагнози на неплодност”