Справување со неплодноста

Се што е поврзано со неплодноста, недоумици, како се справуваме, како да си помогнеме, природни средства за лекување неплодност итн.

Moderator: Модератори

Правила на форумот
ТУКА
Придржувајте се до темите. Пораките кои ја насочуваат темата во друга насока, ќе бидат избришани или едитирани. Доколку сметате дека нема соодветна тема или не можете да ја најдете, започнете нова.
kit-kat
Модератор
Модератор
Мислења: 3256
Придружен: 08 Jul 2012, 13:13
Му се допанале: 1251 пати
Им се допаднал: 1731 пати

Re: Справување со неплодноста

Post by kit-kat » 09 Feb 2014, 17:16

Фала ви Лејла и Редроуз барем си ја олеснивме душата.Кај мене и не е така болно бидејки синко ми е тука и за се ќе го гушнам и болката е помала.Но во тоа гушкање детето ја осеќа мојата тага и солзите кои ги кријам за таа работа пред него.
Но ве молам како на дете од 8 години да му се објасни дека правењето бебе не е одење во продавница и купување чоколадо на пример.
До скоро мислеше дека е до нас,но сега со разговори некако сфаќа дека не сме ние тие што кроиме судбина.Често поставува прашање од типот„мама да беше нашето бебе живо сега ќе ставевме паре во баничката за него? (scared) илиќе го носевме на скиење?Ти со него ќе седеше во хотел или со мене на планина„
Е тие работи ме болат,што уште детето се мачи и вели ако сака Бог ќе ни даде ако не...
А згора на се тоа можеби „добронамерните„совети од луѓето го враќаат назат.
Но ние ќе голтнеме и културно во стилот на Лејла од уво до уво со насмевка ќе вратиме (kup) (kup) (kup)

sweety
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 2260
Придружен: 31 Oct 2013, 19:01
Му се допанале: 958 пати
Им се допаднал: 1200 пати

Re: Справување со неплодноста

Post by sweety » 20 Feb 2014, 13:59

Психички западнав овие денови, само 7 месеци како се обидуваме и со мој 24 години очајувам само тоа ми се мота низ глава кога и кај нас , можеби звучам себично знам дека веќе некој со години се бори ама немам сила веќе, ме мачи што постојано слушам за нови трудници сите наши пријатели веќе се со бебиња или во очекување и сите питуваат па ајде кога кај вас, па даваат совети па како што да се прави па ме нервира веќе тоа опушти се и ќе биде а јас со насмевка на лицето а душата ми плаче кога и јас ќе ги видам тие две црти КОГА ,знам дека не смеам да очајувам оти полошо си правам но тоа е посилно од мене (sad1)

sweety
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 2260
Придружен: 31 Oct 2013, 19:01
Му се допанале: 958 пати
Им се допаднал: 1200 пати

Re: Справување со неплодноста

Post by sweety » 10 Apr 2014, 18:02

Колку и да сака човек да биде опуштен да не мисли кога околку него е опкружен со трудници како да се справиме со тоа. Незнаев ддека е толку тешко иако се уште не сме ја почнале битката за бебе уште од самиот старт немам сила немам нешто позитивно во мене за да ме крене, нон стоп мм го прашуваат имате ли деца неговите колеги се во исчекување а после нас се земаа , моја пријателка правеше ин витро од прва се фати и многу ме погоди што два пати ми рече не е фер ти да останеш трудна пред мене вие после нас правевте свадба, ме погоди иако не дадов слабост пред нив , ме одбегнува не ми се јавува во последно време се дружи со трудници или со некој што веќе има деца може е и поарно оти последен пат кога се видовме не приметив да се радува туку само жалење и лигавење слушав,тоа само едно се прашувам како би било да беше обратно јас да бев во исчекување,кога ќе дојде денот мм да каже: ДА И МОЈАТА ЖЕНА Е ТРУДНА (cry) (cry)

SMESKO
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 1422
Придружен: 12 Sep 2013, 12:28
Му се допанале: 1559 пати
Им се допаднал: 912 пати

Re: Справување со неплодноста

Post by SMESKO » 10 Apr 2014, 19:02

Sweety мила немој вака.Незнам колку год имаш,но без разлика на годините ти ќе имаш деца не едно туку три се разбравме (rp)
Таа твоја ќе ја наре4ам глупава другарка врска нема со животот,како не било фер да останеш трудна пред неа,КАКВО ДРУГАРСТВО Е ТОА (comp) ,таа е Господ па таа ќе ги реди работите како што оди редот (confus)
Се случуваат многу чуда,едно од тие ќе бидиш ти,7,8 месеци искрено не се многу,само те молам да не се разочаруваш,гледај само напред,еве јас после missed abortus се надевам на друга бременост после само 2 месеци.Си викам НАДЕЖТА ПОСЛЕДНА УМИРА а надеж има додека не се докажи спротивното(секогаш има и полошо)
Знам колку ти е тешко да гледаш како на другите им оди како подмачкано со правење деца но некојпат треба да се соочиме со вистината дека ПРАВЕЊЕТО ДЕЦА НЕ Е ПЛУКНИ ПА ЗАЛЕПИ.
Те молам да не се разочаруваш,ќе се молам за тебе (prayer)

Lejla7
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 4049
Придружен: 24 Oct 2011, 14:34
Му се допанале: 1286 пати
Им се допаднал: 1103 пати

Re: Справување со неплодноста

Post by Lejla7 » 10 Apr 2014, 19:16

Да ви кажам дека јас ги ислушав вестите за прво дете на сите мои пријателки, повеќето веќе родија и второ и сега веќе дишам полесно, немам стресови од вести за нови забременувања освен ако не одат и на трето (laugh1)

Шега на страна, колку и да се радуваме за убавата вест секогаш (барем јас) си мислам кога и јас ќе објавам такво нешто, зошто не и јас...Тешко е и стресно кога ти маки мачиш со неплодноста да гледаш како некому сето тоа лесно му поаѓа од рака. Но повеќето работи во животот се така. Некој се мачи за едно, друг за друго. А мила Свити, па вие многу малку време се обидувате и јас верувам дека ќе биде во скоро време. Само трпение. И ако некој ти приговара или те избегнува или едноставно ти прави муабети што не ти одговараат, избегнувај го. Не се полни со негативна енергија.

Една голема гушка за тебе (kup)

kit-kat
Модератор
Модератор
Мислења: 3256
Придружен: 08 Jul 2012, 13:13
Му се допанале: 1251 пати
Им се допаднал: 1731 пати

Re: Справување со неплодноста

Post by kit-kat » 10 Apr 2014, 22:05

Еј немој така Свити па девојко ти си премлада што се 24 години?А само 7-8 месеци обиди?
Ако исплачи се денес на човекот му треба тоа, но вети од утре со насмевка ќе се бориш до твоите bfp
Силна (big-hug) до тебе.

sweety
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 2260
Придружен: 31 Oct 2013, 19:01
Му се допанале: 958 пати
Им се допаднал: 1200 пати

Re: Справување со неплодноста

Post by sweety » 10 Apr 2014, 23:11

Фала ви на утешните зборови сите ние имаме моменти на слабост,но ете околината околу мене допринесува плус така да се чуствувам и одбегнувањето од некој луѓе капак ми беше на се,овде познавам околу 7 фамилии од кои сите се во исчекување на првото дете само кај нас ништо ,мислам дека кај мене психата игра голема улога, но одиме напред од утре само позитивно мислење и работа само (smile) и мора да дојде до позитивен исход,фала Смешко за молитвите и јас се молам за сите нас овде да не огрее сонце (big-hug) (big-hug) (big-hug)

Miki
Домашен член
Домашен член
Мислења: 600
Придружен: 09 May 2012, 17:27
Му се допанале: 33 пати
Им се допаднал: 133 пати

Re: Справување со неплодноста

Post by Miki » 11 Apr 2014, 04:59

Извинете ме сите, ама морам да искоментирам...негативно :( АМА со најдобри намери!
Sweety...24 години и 7-8 месеци обидување?!? Ова е вистина!?! Ако е, стварно се вознемирив. Па ти дури не спаѓаш во категорија 'неплодност'. И тешко ти паѓа што другите околу тебе го добиле тоа побрзо и полесно!?!? Е колку побрзо бе???? И ти не можеш да се справиш со тоа!?!? Ти се во животот добиваш од прва па ова не ти успева? Не можам да разберам. Прочитај ги животниве приказни на форумов и сама ќе се охрабриш и ќе видиш зошто вака пишувам. Кога малку човек ќе расчепка се сфаќа дека забременѕвањето не е баш од прва, ама и тоа е ок и нормално.
Се жалиш на твоите другарки, а помислуваш како се осеќа Лејла кога треба тебе да те теши!?!
Ајде малце уживај и опушти се со твоите 24, зошто за секунда ќе станат 34 кога ќе се преиспитуваш што си пропуштила во раната младост :)

sweety
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 2260
Придружен: 31 Oct 2013, 19:01
Му се допанале: 958 пати
Им се допаднал: 1200 пати

Re: Справување со неплодноста

Post by sweety » 11 Apr 2014, 10:58

Мики во право си да ги исчитав сите и знам дека некои таа борба ја водат 7,8 дури и 10 години ,но секоај планина со своја тежина(мисла дека така беше),јас знам дека нема потреба за паника или разочарување но сите имаме моменти на слабости и најтешко ми паѓа одбегнувањето нанекој луѓе не ми е пријателка туку ми е кума ми беше срам да пишам дека ми е кума оти се дружиме цело време а во псоледно време осеќам одбивност а знае дека пробуваме и дека еве до сега не се фатило, јас бев таа што слушаше по три саати само за тоа правеше муабет околу инвитрото јас бев да и правам друштво додека мм и беше на работа кога требаше да одмара а сега каде сум јас испарив веќе не сум потребна, мислам дека овој форумот е за да си ја дадеме меѓусебната подршка не се битни годините дали се 24 или 34 сите имаме една цел.

Bea
Нов член
Нов член
Мислења: 30
Придружен: 14 Aug 2013, 08:11
Му се допанале: 4 пати
Им се допаднал: 15 пати

Re: Справување со неплодноста

Post by Bea » 11 Apr 2014, 11:18

Sweety, годините секако дека не се важни, но верувај ми, сите ти дадоа убави совети и во право се.
Јас немам пишувано многу на форумов, но мојата борба ќе полни 5 години летово. Имам 31 година. И нашите кумови се оддалечија од нас најверојатно поради тоа што не сме со деца - иако не гледам каква врска има тоа, ама нејсе.

7 месеци не се ништо! Со мм скоро 2 години се обидувавме и дури после тоа почнавме со испитувања. А да ти кажам право уште не се откажувам од идејата дека може да бидне и природно :)
Со твојата грижа и психа само ги отежнуваш работите. Млади сте, уживајте и пробувајте си опуштено барем уште пола година, па после ќе видите што како. Еве иде пролет, лето, одмори... Немој да дозволиш коментарите од околината да те депримираат. Сите што исчекуваме тоа сме го поминале и се надеваме на најдобро bfp . Мисли позитивно и позитивни работи ќе ти се случуваат.

Одговори

Return to “Разно за неплодноста”