Справување со неплодноста

Се што е поврзано со неплодноста, недоумици, како се справуваме, како да си помогнеме, природни средства за лекување неплодност итн.

Moderator: Модератори

Правила на форумот
ТУКА
Придржувајте се до темите. Пораките кои ја насочуваат темата во друга насока, ќе бидат избришани или едитирани. Доколку сметате дека нема соодветна тема или не можете да ја најдете, започнете нова.
Одговори
Lejla7
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 4049
Придружен: 24 Oct 2011, 14:34
Му се допанале: 1286 пати
Им се допаднал: 1103 пати

Справување со неплодноста

Post by Lejla7 » 01 May 2012, 17:14

Не знаев што наслов да и ставам на оваа тема, ако некој има подобра идеја нека каже.
Сакав само да се пожалам нешто зошто освен на маж ми (а и нему веќе му е преку глава) нема кому да кажам.
Денес толку бедно се почуствував додека бевме на излет поради мојов проблем со неплодноста. Сопругите на другарите на маж ми се сите бремени и јас се најдов во ситуација да немам за што да разговарам со нив, имено цело време разговараа само за бременоста, стомаците, мрдањето на бебињата...јас нормално немав што да кажам на темата, а најстара сум од сите. А не можев ни да ја сменам темата, ќе си кажат ете завидува, не сака ни да разговара за тоа. Само што не заплакав. Некако се почувствував сосема безнадежно и изолирано.Што ако јас никогаш не го доживеам тоа? Како ќе се справам со тоа? Не ме сфаќајте погрешно, мило ми е за сите нив и им посакувам се најубаво, но ете тешко ми падна. Во исто време и чекав да добијам. Каков парадокс.
Дали сте се почувствувале и вие вака или само јас сум изрод? Како се справувате со ваквите ситуации?

Debora
Администратор
Администратор
Мислења: 11056
Придружен: 22 Sep 2009, 17:24
Му се допанале: 5853 пати
Им се допаднал: 3576 пати

Re: Справување со неплодноста

Post by Debora » 01 May 2012, 17:48

Лејла многу ми е жал што си имала таков излет денес. (a2) Мисли на тоа дека за кратко време и ти ќе ги правиш овие муабети. (love5)
Јас не знам што да кажам оти моите пријателки беа постари од мене, а и јас се омажив покасно и веќе скоро сите си имаа деца, па не минувавав низ ова, а можеби и ме пазеле... па внимавале да не се почувствувам отфрлено. (confus) На работа колешките ми беа постари од мајка ми, па така изгледа дека воопшто не се соочив со ова.
Во секој случај јас не верувам дека си изрод, веројатно сите се чувствуваат така и верувам дека кога ќе ја прочитаат темава, ќе имаат што да кажат другите. (kup)
Ти праќам силна гушка, ние тука секогаш се разбираме и за тоа и си го имаме форумов. За да си кажеме што не мачи, тишти, радува итн. (a2) (a2) (a2)
Еве на пример да си седела со мене, цело време ќе сум ти зборувала за кучиња. (rolll)

belomorka
Безрезервен форумски другар
Мислења: 2680
Придружен: 15 Sep 2011, 16:12
Му се допанале: 266 пати
Им се допаднал: 861 пати

Re: Справување со неплодноста

Post by belomorka » 01 May 2012, 19:08

ооо, мила, не си едниствена. Јас живеам заедно со мојот како да го наречам вонбрачен другар 7 години а сме заедно полни 11 години. Ние сеуште не сме венчани. Од моите другарки јас сум најмала, а само две од нив имаат мали керкички едната се породи на 40 години а другата на 39 и сега на 40 пак е трудна. Другите две сеуште немаат деца. Ама ние секогаш сме знаеле дека кога се дружиме нема зборење за деца, свекрви мажи туку само трач рубрика (smile) . Ама нели секогаш има ама, од страната на дечкоми јас сум најстара. Сите се по 10 години помали од мене, сите влегоа во врска после нашата и сите беа отприлика истовремено трудни. Лелее ,па родендени во игротеки во годината по 10, абе што да ти кажам, и кога ке почнат уште демек они богзна што направиле, па да ни викаат абе ајде што чекате веке. Несакаш ни да замислиш како се осеќам. Е затоа јас си имам тактика. Си седнувам со мажите и си зборувам, за работа, за фудбал, за кошарка за тенис, и многу многу не им обрнувам внимание, а кога ке му речат на детето од малку кај тетката јас им викам ааа не јас моите не сум решила да ги чувам а не па вашите. И така ги посрамувам и се повлекуваат. Ако тие немаат осет и јас ке немам. Кога беа трудни посебна приказна, па како им се лоши па едно па друго. И јас стално им викав е добро де не сте само вие трудни и изгледа ке им текнеше дека се без осет па ке престанеа. Мила немој да правиш ништо со сила ако неможеш да ги слушаш смени им ја темата. Кога на жена ке и кажеш дека некој дел од гардеробата и е убав или дека и е убава коста одма ке почне за тоа да збори (smile) (smile) . Леле уште колку имама да пишувам (tongue) (tongue) Не се секирај ние сме јаки жени!

imambebe
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 1603
Придружен: 30 Apr 2011, 00:18
Му се допанале: 216 пати
Им се допаднал: 588 пати

Re: Справување со неплодноста

Post by imambebe » 01 May 2012, 21:00

Iskreno i jas sum se nasla vo takva situacija ama ne mi bilo mnogu tesko mozebi zatoa sto se obiduvame 3 godini, zolva mi e bremena so vtoro i jas samo ja prasuvam kako e bebeto, mrda li, neznam interesno mi e, ama koga sme vo drustvo kaj sto site imaat deca se razbira deka mi e malku neprijatno i jas si praam kako belomorka poveke muabet so mazite, a najtesko mi padna koga edna prijatelka ne kanese na rodenden kaj svoite deca i koga namerno ili nesakajki rece deka veke nema da gi kani tie sto nemaat deca, maz mi poveke ne ni sakase da odi na rodenden tamu, a oni se negovi prijateli, ama jas ajde da gi smeknam rabotite pak iako jas bev mnogu poveke navredena, no imam mnogu golema poddrska od mojata koleska koja pominala niz seto ova i ednostavno samo se opustam , ignoriram toa sto mi preci i go cekam vremeto koga ke im se nasmeam vo lice. Zatoa bez gajle site sme se nasle vo takva situacija, no ovdeka sme si najgolema poddrska ke dojdat i nasite 5 minuti,pozdrav

TinaV
Редовен член
Редовен член
Мислења: 484
Придружен: 04 Nov 2011, 14:08
Им се допаднал: 3 пати

Re: Справување со неплодноста

Post by TinaV » 01 May 2012, 22:44

Многу често сум се нашла во ситуација кога сум се чувствувала баш како денес што се почувствува Лејла. На почетокот ме нервираше таа ситуација и дури си помислував како намерно да зборат пред мене, па дека немаат осет и незнам што уште не. Но, кога подобро ќе размислам, доколку така се чувствуваме, тоа би значело дека се сожалуваме, што во никој случај не е во ред. Сите тие пријателки, роднини, колешки и сл. не ми се виновни за тоа што немам деца и тоа што јас немам деца не треба тие да не си зборуваат за своите или да не ги гушкаат пред мене за да јас не се чувствувам лошо. Не, не треба да бегаме од вистината, не треба да се сожалуваме заради нашата сегашна состојба, а уште повеќе да се чувствуваме како изрод. Додека тие разговараат за своите деца и јас се вклучувам во разговорите, па си велам па што ако немам деца, зошто да се чувствувам отфрлено и затоа се вклучувам и не размислувам дека сум поразлична од нив и дека треба да стојам настрана од таа група, категорија на луѓе. Всушност се е во нашата глава. Немојте да мислите дека ако немате деца дека сте помалку вредна или полоша личност од онаа која има дете. Почитувајте се себе си, не се сожалувајте, и не се оптеретувајте со тоа дека некој нема осет или намерно ве поштедува да не ве повреди. Не се оптеретувајте со другите луѓе. Прифатете го проблемот, затоа што ако ја надминете оваа кризна ситуација и успеете да останете смирена и да не ја изгубите вашата самодоверба знајте дека ќе си честитате себе си за храброста и разумноста.Ве гушкам сите и ви посакувам да уживате во животот.

Lejla7
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 4049
Придружен: 24 Oct 2011, 14:34
Му се допанале: 1286 пати
Им се допаднал: 1103 пати

Re: Справување со неплодноста

Post by Lejla7 » 01 May 2012, 22:56

Фала ви девојки, ви праќам гушки на сите (a2) (a2) (a2) Ме смиривте малку
Дебора, сфатив што сакаш да ми кажеш - дека сите прават муабет за тоа што нив ги интересира, ете ти на пр. за кучиња, но мислам дека сепак на оваа твоја тема никој нема да се почувствува отфрлено или непријатно...а да сме седеле двете верувај баш ќе имав што да ти кажам и јас -половина излет го поминав во собирање коски за кучето на сестра ми (rolll) (rolll) (rolll)) Ти благодарам за поддршката мила (a2) (a2) (a2)
Сепак треба да се покаже малку чувствителност кога се знае дека постои проблем, нели? (Мислам сепак беше малку невкусно од страна на моиве трудници) Донекаде можеби беше крив и мојот ПМС, но сепак (unsure) (unsure) (unsure)
Беломорка, следниот пат ќе пробам и јас некоја од твоите тактики ;-) ;-) ;-)
Уф, Сакамбебе, лани на роденден на внук ми од девер бевме ставени да седиме во делот за постарите со образложение дека немаме деца (sad1) (sad1) (sad1), а во другиот дел беа мајките со децата. претходната година пак (со исто образложение) не бевме ни поканети (sad1) (sad1) (sad1) Тотално разбирам што те повредило толку
Уште еднаш (a2) (a2) (a2) до сите

Lejla7
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 4049
Придружен: 24 Oct 2011, 14:34
Му се допанале: 1286 пати
Им се допаднал: 1103 пати

Re: Справување со неплодноста

Post by Lejla7 » 01 May 2012, 23:07

Ах Тина, дали на слеп човек би му зборувала за тоа колку е убаво да се гледа??? Или на инвалид за тоа колку е прекрасно да се трча во природа. Малку е сурово, нели?
Сфаќам што сакаш да кажеш, и не мислам дека ги кривам другите за тоа што немам јас деца, но сепак малку треба да се има чувство и доблест и да се внимава дали нашите постапки ги повредуваат другите луѓе (под постапки не ги подразбирам ситуациите кога мајките ги гушкаат своите деца, или пак зборуваат за нив, ама тоа зборување пак и не мора да биде нон стоп)
И знам и дека не треба да се самосожалувам и затоа сте тука вие и овој форум за да ме потсетите на тоа. Благодарам мила (a2) (a2) (a2) Едноставно понекогаш има такви моменти и само сакав да споделам

Trena
Редовен член
Редовен член
Мислења: 253
Придружен: 01 Nov 2010, 11:05
Им се допаднал: 4 пати

Re: Справување со неплодноста

Post by Trena » 02 May 2012, 00:16

Драга Лејла,
И јас сум била и во еднат и во другата ситуација, па можам да ти кажам како е и од двете страни на огледалото.
Иако сега имам 2 деца , сум била во период кога не сум можела да останам трудна, па после сум била во истиот период ,плус со еден спонтан , а и сега имам познанички кои немаат деца.
За мене најтежок бил периодот кога сум посакувала бебе,а сум го немала.
Тоа се многуууууу тешки моменти.Една од најголемите болки на душата.
Толку сум била разочарана што сум мислела дека никогаш нема да добијам бебе ,а дека баш ко за инает има бебиња на секое ќоше. (smile)
Секој муабет ми бил една голема лупа со која и ненамерните ситници биле преувеличени.
Сега , како мајка пак ,можам да ти кажам дека секоја мајка не ни знае да поведе муабет без да се инволвира детето/децата.Не постои сила која ќе може да ги регулира чувствата на мајките по тоа прашање.
Верувам дека никој намерно пред тебе не истакнува ништо. Мислам дека и самата си свесна за тоа, па како што вели „колешката“ Тина , неможат мајките да не ги гушнуваат децата поради тоа.
Не сум запознаена со твојот проблем на неплодност , но ти посакувам што побргу да го почувствуваш чувството „знам да правам муабет само за моите деца“ (a2)

kikica
Редовен член
Редовен член
Мислења: 251
Придружен: 10 Aug 2010, 09:08
Им се допаднал: 10 пати

Re: Справување со неплодноста

Post by kikica » 02 May 2012, 10:33

Лејла79, нешто ме натера и јас да ти одговорам на темава иако не сум била во таква ситуација, но како мајка која како што вика Трена сега зборува главно за своето чедо а претходно бремена која цели 9 месеци зборувала за тие работи кои тебе толку те растажиле, замисли ме како една од тие другите жени и слушни како јас се чувствувам во врска со тебе (smile) искрено- немам ниту капка лошо чувство кон тебе нити умислено сум зборувала така за да те повредам ниту сум сакала да е омаловажам ниту нишо, дури обратно, можеби сум мислела дека со моите муабети за бременоста ќе те натерам за миг да осетиш каква е бременоста и со уште поголемо нетрпение и радост да очекуваш и тебе да е снајде тоа побрзо (smile) Бремената жена зборува за својата бременост како што потоа мајката зборува за детето и тоа ти е како виша сила не може да се контролира, така си иди природно, не верувам дека постои бремена жена или мајка која со тие муабети сака да повреди некој или да нервира или слично. Бремената жена и мајката се толку зафаени со своите преокупации и психички и физички, што сигурна сум дека на моменти не го ни слушаат соговорникот туку само така изгледаат (laugh1) Целта на постов ми беше да те натерам од другиот агол да го погледнеш проблемот и да видиш дека не е толку страшен, дека не треба толку емоционално да ги сфаќаш работите туку пробај од позитивната страна да погледнеш..еве на пример, зошто на слепиот да не му се зборува за тоа колку убави работи има да се видат? зарем да живее само во мрак без надеж и без сознание како е да се гледа? да, можеби тој не може да види со сопствените очи , но зошто да не види и тој преку очите на другиот!? (smile) ти си жена, можеби сега не си бремена ни мајка, но зошто да не уживаш во таквите муабети и преку другите да доловиш бар дел од тоа прекрасно чувство? па еден ден кога ти ќе бидеш на нивно место ќе се сетиш на многу споделени чувства и полезни информации (smile) (a2)

Debora
Администратор
Администратор
Мислења: 11056
Придружен: 22 Sep 2009, 17:24
Му се допанале: 5853 пати
Им се допаднал: 3576 пати

Re: Справување со неплодноста

Post by Debora » 02 May 2012, 12:22

Темава е СПРАВУВАЊЕ со неплодноста и сите ние од овој подфорум сме приморани да се справуваме со неа. Е сега прашањето е како?
Јас сум имала прилика и намерно да сакаат да ме повредат за да ме испровоцираат да направам нешто околу тоа - во прашање беа "пријатели" (rolll) не успеаја во планот и наместо да плачам, се смеам на нивната себичност и плиткост (самите ми кажаа што сакале да постигнат со нивните зборови). Темава ме натера да размислам како се справувам, зошто не ме повредуваат и одговорот мислам дека е: Се сакам и се прифаќам оваква каква што сум. Ова не е фраза. Не се чувствувам помалку вредна, ако некој не ме покани оти немам деца, значи дека не заслужува да одам на нивниот роденден и наместо да плачам ќе го правам тоа што ме прави среќна, прошетка со мм, кучето (tongue) , пријателите (кои зборуваат за децата - што е најнормално, ама па не цело време оти сакаат нешто да слушнат и од мене (thumbup) )
Сакајте се самите себе, ве сакаат вашите мажи, сестри, мајки, татковци ... се сакаме ние тука. (a2) Уживајте во она што го имате, наместо да се сконцентрирате на она што сеуште го немате - а ќе дојде. (love5)
И над се... Бог не сака и Он нека го исцели секое скрешно срце и нека ја однесе насобраната тага. Еден ден се ќе биде поинаку. (bu)
Ви праќам многу љубов и сииилни гушки на сите тука.(l2)

Одговори

Return to “Разно за неплодноста”