Биохемиска бременост

Се што е поврзано со неплодноста, недоумици, како се справуваме, како да си помогнеме, природни средства за лекување неплодност итн.

Moderator: Модератори

Правила на форумот
ТУКА
Придржувајте се до темите. Пораките кои ја насочуваат темата во друга насока, ќе бидат избришани или едитирани. Доколку сметате дека нема соодветна тема или не можете да ја најдете, започнете нова.
Одговори
Miki
Домашен член
Домашен член
Мислења: 600
Придружен: 09 May 2012, 17:27
Му се допанале: 33 пати
Им се допаднал: 133 пати

Биохемиска бременост

Post by Miki » 04 Jun 2012, 20:50

Tina, еве јас ќе пробам лаички да ти прераскажам што знам. Биохемиска бременост е термин кој се користи во ситуација кога бременост ќе се потврди само хемиски во лабораторија (преку тест на урина, т.е. крв), ама нема да се потврди на ехо. Уствари доаѓа до оплодување на јајце клетката, но таа не успева да се имплантира и се исфрла од организмот со следната менструација. Тогаш ќе почне да се лачи hCG, ама после некое време се намалува количеството во крвта, зашто прекинува и лачењето во некој момент. Има неколку работи кои се спомнуваат како прчини, најчесто е заради хромозомски пореметувања на плодот кои телото ги препознава и затоа ги отфрла уште во многу ран стадиум. Не е симтом никаков на некој недостатик или неплодност, дури многу е честа појавата. Само ретко се приметува, освен ако не се напрви тест.
Се надевам помогнав. Ако има прашања слободно кажи, зашто доста читав на темава, ама сега не ми текнува можда се да пишам (smile)

TinaV
Редовен член
Редовен член
Мислења: 484
Придружен: 04 Nov 2011, 14:08
Им се допаднал: 3 пати

Re: Utrogestan

Post by TinaV » 04 Jun 2012, 22:33

Значи Мики, ако при оваа биохемиска бременост настанува оплодување на јк, но истата таа оплодена јк не може да се задржи во матката (се исфрла како страно тело), дали тоа значи дека после ембротрансферот при инвитро всушност постои веќе биохемиска бременост? И ако е така тогаш зошто после 14-от ден од ЕТ се јавува негативен тест при неуспешно инвитро? Некако не ми е јасна оваа бременост.

Debora
Администратор
Администратор
Мислења: 11056
Придружен: 22 Sep 2009, 17:24
Му се допанале: 5853 пати
Им се допаднал: 3576 пати

Re: Utrogestan

Post by Debora » 04 Jun 2012, 23:29

Јас мислам дека ХЦГ почнува да се лачи по имплантацијата, значи клетката се имплантира, ама тоа трае многу кратко и се исфрла.

belomorka
Безрезервен форумски другар
Мислења: 2680
Придружен: 15 Sep 2011, 16:12
Му се допанале: 266 пати
Им се допаднал: 861 пати

Re: Utrogestan

Post by belomorka » 04 Jun 2012, 23:35

И јас имав биолошка бременост, јас колку што разбрав се инплантирало но површински и не успева да се задржи и ако си нестрплив или имаш силно чувство дека се случил и направиш тест ке знаеш а ако не нема ни да знаеш, но ова за хромозомите и за пореметување на плодот не сум чула бидејки при инвитро еве кај мене од 7 извадени (мислам дека беа толку) четири се оплодија три правилно се двоеа во третиот ден останаа две и двете беа бластоцисти и дури тогаш ми ги трансферираа. јас во 11 ден од трансверот точно знаев дека сум бремена и си направив тест и испадна со 2 црти едната многу бледа, но откако отидов во болница да правам бета хцг по два саат ми реко дека и сум и несум бремена дека бетата ми е 11 и дека за 3 дена треба пак да направам, во рок од половина час јас прокрварев нормално и знаев дека толку ми била радоста. Докторот незнаеше што да ми каже само рече дека му е многу криво . (confus)
Ама тоа врееме помина сега пак ке си поднсам документи овој пат ке јас сменам и болницата и докторот нормално

Miki
Домашен член
Домашен член
Мислења: 600
Придружен: 09 May 2012, 17:27
Му се допанале: 33 пати
Им се допаднал: 133 пати

Re: Биохемиска бременост

Post by Miki » 05 Jun 2012, 09:42

Еве мали дополнувања, ама да не преведувам, ќе го напишам во оригинал...

HCG is the “pregnancy hormone” which is created in the embryo after conception. The hormone tells the body to prepare for pregnancy by stopping the monthly menstrual cycle and lining the uterus. This generally happens around 8 to 10 days after conception when the embryo begins to implant itself into the uterine lining.

Most chemical pregnancies are due to chromosomal problems in the developing fetus. Other possible causes are inadequate uterine lining, uterine abnormalities both congenital or acquired like fibroids, low hormone levels, luteal phase defect or certain infections.

TinaV
Редовен член
Редовен член
Мислења: 484
Придружен: 04 Nov 2011, 14:08
Им се допаднал: 3 пати

Re: Биохемиска бременост

Post by TinaV » 05 Jun 2012, 18:21

Значи биохемиската бременост е резултат на урината, некои инфекции и во тој случај само е високо нивото на хормонот, а во матката нема ембрион или фетус, или пак и да има тогаш настануваат некои хромозомски нарушувања што се причина да не остане ембрионот или фетусот и можеби поарно што го исфрла организмот сам штом не е во ред, Но си велам од др. страна ако вторава ситуација почесто се случува дали има некој лек за да се спречи тоа нарушување или тоа е генетска ранота или незнам уште што не.

anja
Член
Член
Мислења: 158
Придружен: 17 Feb 2010, 20:48
Им се допаднал: 7 пати

Re: Биохемиска бременост

Post by anja » 19 Jun 2012, 15:46

Читам за биохемиска бременост, и не разбирам како се случува тоа.
Пр. јас правев инсеминација и од пуста нетрпеливост направив тест 9 ден од инсеминацијата. (fr)
Ми се појави втора црта многу бледа. Има ли шанси тоа да е од инекцијата Прегнил што ја примив ? (confus) (confus) (confus) или ... трескам глупости ?

Miki
Домашен член
Домашен член
Мислења: 600
Придружен: 09 May 2012, 17:27
Му се допанале: 33 пати
Им се допаднал: 133 пати

Re: Биохемиска бременост

Post by Miki » 19 Jun 2012, 15:51

Anja, не трескаш глупости. Инекцијата Прегнил е уставри hCG хормон. Тестовите за бременост работат на база на детектиреање на hCG во урина или крв. Зависно од дозата на инекцијата, hCG се исфрла од организмот за 7-14 дена од примањето, Затоа по инсеминација се прави на 15 ден тестот, порано може да биде лажно позитивен од Прегнил инекцијата (unsure)
Ама да се надеваме дека кај тебе не е само од тоа. Повтори си го тестот за една недела (smile)

anja
Член
Член
Мислења: 158
Придружен: 17 Feb 2010, 20:48
Им се допаднал: 7 пати

Re: Биохемиска бременост

Post by anja » 19 Jun 2012, 16:05

Фала Мики. Требало прво да си прочитам ... да си прашам. Ама ете

Miki
Домашен член
Домашен член
Мислења: 600
Придружен: 09 May 2012, 17:27
Му се допанале: 33 пати
Им се допаднал: 133 пати

Re: Биохемиска бременост

Post by Miki » 19 Jun 2012, 16:07

Абе што се секираш, само трпеливо, не значи дека не си стварно бременка (smile)

Одговори

Return to “Разно за неплодноста”