Матка во облик на буквата Т - причина за неплодност???

Се што е поврзано со неплодноста, недоумици, како се справуваме, како да си помогнеме, природни средства за лекување неплодност итн.

Moderator: Модератори

Правила на форумот
ТУКА
Придржувајте се до темите. Пораките кои ја насочуваат темата во друга насока, ќе бидат избришани или едитирани. Доколку сметате дека нема соодветна тема или не можете да ја најдете, започнете нова.
Одговори
Lejla7
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 4049
Придружен: 24 Oct 2011, 14:34
Му се допанале: 1286 пати
Им се допаднал: 1103 пати

Матка во облик на буквата Т - причина за неплодност???

Post by Lejla7 » 30 Mar 2013, 21:04

Како што ви кажав девојки, пред два дена ми кажаа дека матката ми е во облик на буквата Т и дека можеби тоа го предизвикало спонтаниот абортус во 2007 ( а еден имав и пред тоа, во претходниот брак). Значи веќе зборуваме за два спонтани.
Просурфав малку на Интернет и имав што да прочитам - најпрво како доаѓа до оваа аномалија - може да е генетска, со таа аномалија да се родиш туку така, но можно е и да е предизвикана од еден лек даван на трудниците во 60те и 70те години со цел да се спречат компликации во бременоста. Лекот бил синтетизиран естроген и подоцна бил забранет, само не можев да разберам дали се употребувал само во САД или и во Европа. Ќе мора мајка ми да ја прашам дали се сеќава што пиела дури била бремена со мене, ама кој знае колку памти. Тоа што ме плаши овде е дека не само што лекот предизвикува аномалија на матката кај женските фетуси туку и им носи дополнителен ризик од рак на матка (ner) (ner) (ner)

А сега за последиците од ваквата Т-обликувана матка. Спонтаните абортуси во прво тромесечие можат да бидат последица на ваквата матка. Постојат жени со ваков облик на матка кои без проблем си ја износуваат бременоста, но има и такви кај кои поради ова доаѓа до повторувачки спонтани абортуси, неуспешни ин витра, предвремено пораѓање поради слаб цервикс, па дури и вонматерична бременост. И за жал, пишува дека нема многу што да се стори во врска со оваа деформација. Некаде прочитав дека во рана бременост се даваат хормони со цел да се постигне успешно износување на плодот, или пак серклаж во второто тромесечие за да се спречи евентуалното предвремено породување. Во секој случај, доколку настане бременост треба да се следи постојано

Дали вие сте слушнале нешто за ова? Што мислите?

Debora
Администратор
Администратор
Мислења: 11056
Придружен: 22 Sep 2009, 17:24
Му се допанале: 5853 пати
Им се допаднал: 3576 пати

Re: Матка во облик на буквата Т - причина за неплодност???

Post by Debora » 30 Mar 2013, 21:14

Лејла мислам дека матка во облик на Т и дворога матка се едно исто. (confus) Во бременост има една тема topic969.html
Има многу жени што си ги износиле нормално бременостите, ако е потребно ќе се направи и серклаж.

Lejla7
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 4049
Придружен: 24 Oct 2011, 14:34
Му се допанале: 1286 пати
Им се допаднал: 1103 пати

Re: Матка во облик на буквата Т - причина за неплодност???

Post by Lejla7 » 30 Mar 2013, 21:20

Не е исто Дебора, дворога матка е Bicornuate uterus, а оваа мојата е T-shaped. Читав за сите аномалии. Дворогата има два рогови, затоа така се вика. Уште ја викаат срцевидна, а не во облик на Т.

Debora
Администратор
Администратор
Мислења: 11056
Придружен: 22 Sep 2009, 17:24
Му се допанале: 5853 пати
Им се допаднал: 3576 пати

Re: Матка во облик на буквата Т - причина за неплодност???

Post by Debora » 30 Mar 2013, 21:38

Во право си, не сум разбрала добро.
А за лекот (DES) , читав дека го банирале во 1971, белким кај нас не продолжиле и после тоа да го даваат.

TTC 2
Нов член
Нов член
Мислења: 30
Придружен: 22 Aug 2013, 14:40
Му се допанале: 4 пати
Им се допаднал: 11 пати

Re: Матка во облик на буквата Т - причина за неплодност???

Post by TTC 2 » 22 Aug 2013, 18:36

Одамна не сте пишувале на оваа тема ама може ќе прочитате (smile) имам и јас матка во форма на Т и кога ми кажаа после ХСГ-то се испаничив многу (sad1) по еден месец пријателка на мајка ми која работи во сала и кажа дека во својата кариера видела матки( при царски рез) деформирани во сите можни форми и букви од азбуката па бременостите ги износиле без проблем. (thumbup) Детето внатре си правело место и матката е еластична па многу жени не ни знаат каква матка имаат ако не правеле ХСГ или царски рез.Но ако докторот смета дека е тоа причина а за спонтан постои интервенција за растегнување и носење на матката во нормална форма, д-р ми рече лапароскопски е кратко и за еден ден се излегува од болница па ако мора да дојде до тоа -мора се ќе издржиме.А во самото зачнување пречка нема.
позз и среќно на сите во борбата за (b4)

Happy^_^
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 2265
Придружен: 28 Mar 2013, 11:47
Му се допанале: 206 пати
Им се допаднал: 1170 пати

Re: Матка во облик на буквата Т - причина за неплодност???

Post by Happy^_^ » 20 Jan 2014, 20:56

Еве сум и јас тука. Митко ми рече дека и мојата матка е во оваа форма (ner) (ner) (ner) Ми рече сега за сега не правиме ништо само да пијам Аспирин за циркулација во матката и се надева дека ќе нема потреба од интервенција. (ner) (ner) (ner)

Lejla7
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 4049
Придружен: 24 Oct 2011, 14:34
Му се допанале: 1286 пати
Им се допаднал: 1103 пати

Re: Матка во облик на буквата Т - причина за неплодност???

Post by Lejla7 » 21 Jan 2014, 08:00

Аспиринот се пие за спречување на стварање тромбови што доведува до слаб доток на крв во матката, ама мене трансфузиологот ми кажа дека не е доволен само Аспиринот, а и очигледно е со мојата историја на толку спонтани дека не е доволен. Пиев Аспирин при двете ин витра

martinamila
Нов член
Нов член
Мислења: 6
Придружен: 12 Feb 2014, 00:42
Му се допанале: 1 time
Им се допаднал: 1 time

Re: Матка во облик на буквата Т - причина за неплодност???

Post by martinamila » 12 Feb 2014, 00:48

И мене хсг ми покажа ваква матка + септум. Ќе правам операција ке ми ја средуваат матката , естетска корекција ме зеза мм (rolll) баш и јас ода кај Митко и он рече додека не се среди ова стимулации не препорачувам (ner)

Одговори

Return to “Разно за неплодноста”