Спермограм и спермокултура

Кои испитувања се праваат во случај на неплодност, резултати од испитувањата на неплодност и што потоа.

Moderator: Модератори

Правила на форумот
ТУКА
Придржувајте се до темите. Пораките кои ја насочуваат темата во друга насока, ќе бидат избришани или едитирани. Доколку сметате дека нема соодветна тема или не можете да ја најдете, започнете нова.
borjana
Редовен член
Редовен член
Мислења: 406
Придружен: 19 Apr 2015, 23:42
Му се допанале: 81 пати
Им се допаднал: 205 пати

Re: Спермограм и спермокултура

Post by borjana » 17 Apr 2016, 10:34

женски многу истражував за спермограмот,и конечно најдов решение па да споделам и со вас
вкупниот број на сперматозоиди во ејакулатот= концентрацијата на сперматозоиди х волуменот

пример кај нас со дијагноза хипоспермиа
волумен 6 мл (ова е грешка на биологот маш ми кажа дека му истекло надвор од садчето кутриот и оставил 3 капки тоа е 0,6) значи 0,6мл
концентрација 88
вкупен број 52

значи 52= 88 х 0,6

нашиот проблем е само во подвижноста докторот рече ајде да не го аздисуваме со витамини нека јаде путер од кикирики само од агроплос. се што знаете за подвижност на сперматозоиди ке ми е од корис.

Bella-Iza
Нов член
Нов член
Мислења: 2
Придружен: 15 Sep 2016, 13:01

Re: Спермограм и спермокултура

Post by Bella-Iza » 15 Sep 2016, 14:15

Дали после излечена бактерија доаѓа до подобрување на спермограмот?

Debora
Администратор
Администратор
Мислења: 11045
Придружен: 22 Sep 2009, 17:24
Му се допанале: 5839 пати
Им се допаднал: 3572 пати

Re: Спермограм и спермокултура

Post by Debora » 15 Sep 2016, 18:23

Има добра веројатно да се подобри спрермограмот по излекувањето на бактеријата. Со среќа. (smile) (dobr)

Bella-Iza
Нов член
Нов член
Мислења: 2
Придружен: 15 Sep 2016, 13:01

Re: Спермограм и спермокултура

Post by Bella-Iza » 17 Sep 2016, 14:40

Се нaдевaм и јaс декa ќе имa пoдoбрувaње.Веќе сo 7 месеци се бoриме сo ентерoкoкa спп и никaкo дa се исчисти a и сo спермoгрaмoт целo време се вртиме вo круг oд oлигoaстенo вo aстенoспермијa пa нoрмaлен пa пaк oд пoчетoк.
Некoј сoвет-препoрaкa

Debora
Администратор
Администратор
Мислења: 11045
Придружен: 22 Sep 2009, 17:24
Му се допанале: 5839 пати
Им се допаднал: 3572 пати

Re: Спермограм и спермокултура

Post by Debora » 17 Sep 2016, 20:23

Бела Иза ако сакаш ѕирни ја темава viewtopic.php?f=21&t=196 има пишувано искуства за подобрување на спермограм, ама веројатно дека ќе мора да се исчисти упорната бактерија. (fr)

Bojana
Нов член
Нов член
Мислења: 63
Придружен: 25 Jul 2016, 18:49
Му се допанале: 5 пати
Им се допаднал: 27 пати

Re: Спермограм и спермокултура

Post by Bojana » 23 Mar 2017, 16:53

Девојки дали сте слушнале за билкарот Перо Дабески од Гостивар и дали навистина неговите лекови помагаат за подвижноста на сперматоидите

elsa13a
Нов член
Нов член
Мислења: 21
Придружен: 31 Oct 2016, 10:34
Му се допанале: 3 пати
Им се допаднал: 13 пати

Re: Спермограм и спермокултура

Post by elsa13a » 22 Apr 2017, 17:14

Женички што имате искуство со спермограм наптавен во Њу борн како сте задоволни од истиот? Мислам дали се добри како клиника? Два пара мој блиски пријатели со купон од групер добија исти резултати :) азооспермија ептен лоша дијагноза па ќе одат и на друго тестирање.. во шок се! Ве молам ако има некој искуство со оваа дијагноза пишете ми искуство се е добредојдено :) Фала, поздрав до сите!

Debora
Администратор
Администратор
Мислења: 11045
Придружен: 22 Sep 2009, 17:24
Му се допанале: 5839 пати
Им се допаднал: 3572 пати

Re: Спермограм и спермокултура

Post by Debora » 23 Apr 2017, 14:22

Елса јас немам искуство со таа клиника, ама дијагноза не се поставува од само еден спермограм. Се прави барем уште еден на растојание од околу 2,5 месеца затоа што може и заради банална причина како неодамнешна покачена температура да има големо влошување на сликата. Добро е што спермограмот ќе го повторат. Јас на нивно место би го направила обавезно на друго место.
Пиши каков ќе биде резултатот, се надевам дека се работи за грешка. (bu)

elsa13a
Нов член
Нов член
Мислења: 21
Придружен: 31 Oct 2016, 10:34
Му се допанале: 3 пати
Им се допаднал: 13 пати

Re: Спермограм и спермокултура

Post by elsa13a » 23 Apr 2017, 17:34

Дебора многу ти благодарам прекрасна си! Не им се чека на пријателиве 2 месеци ќе одат за побрзо, а не дај боже да треба за следен ќе остават повеќе простор :) твоите зборови ги успокоија малку за тоа ти се благодарни! Ќе пишам обавезно по следните испитувања што е како е :)
Нека биде грешка!
(big-hug)

Катуш
Нов член
Нов член
Мислења: 1
Придружен: 09 Feb 2019, 17:40

Re: Спермограм и спермокултура

Post by Катуш » 09 Feb 2019, 17:52

Здраво на сите. Сопругот испитуваше спермограм и спермокултура во Систина.Резултатот од спермограм не е добар, наведена е дијагноза "астеротератозооспермија" трет степен,доколку резултатот од спермокултура е уреден. Вчера закажеме уролог кај Др.Сотир Ставридис.Би ве замолила доколку има некој ист проблем за совет да ми каже.Премногу сме загрижени.Благодарам.

Одговори

Return to “Испитувања на неплодност”