Испитување на резерва на јајце клетки

Кои испитувања се праваат во случај на неплодност, резултати од испитувањата на неплодност и што потоа.

Moderator: Модератори

Правила на форумот
ТУКА
Придржувајте се до темите. Пораките кои ја насочуваат темата во друга насока, ќе бидат избришани или едитирани. Доколку сметате дека нема соодветна тема или не можете да ја најдете, започнете нова.
Debora
Администратор
Администратор
Мислења: 11056
Придружен: 22 Sep 2009, 17:24
Му се допанале: 5853 пати
Им се допаднал: 3576 пати

Испитување на резерва на јајце клетки

Post by Debora » 15 May 2012, 17:19

Каде и како се испитува колкави резерви на јајце клетки има жената?

Lejla7
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 4049
Придружен: 24 Oct 2011, 14:34
Му се допанале: 1286 пати
Им се допаднал: 1103 пати

Re: Испитување на резерва на јајце клетки

Post by Lejla7 » 15 May 2012, 17:34

Дебора, еден од начините и тоа најпрецизен е Анти-Милериан хормонот кој се испитува преку крв во било кој ден од циклусот. Јас го имам испитано и мене ми е 1.9, а долната вредност е 1.3, значи полека се доближувам до намалена резерва, иако на резултатот пишува нормално.
Има и други начини, но не се толку прецизни: мерење на ФСХ на трет ден, естрадиол (не знам на кој ден беше), па имаше некој Clomifen challenge test, броење на антрални фоликули и сл. Ај ќе најдам линк од некоја страна каде сум читала за тоа и ќе ти пратам

Lejla7
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 4049
Придружен: 24 Oct 2011, 14:34
Му се допанале: 1286 пати
Им се допаднал: 1103 пати

Re: Испитување на резерва на јајце клетки

Post by Lejla7 » 15 May 2012, 17:36

Еве тука има нешто за тоа http://www.advancedfertility.com/ovarian-reserve.htm
Но доволно е да напишеш Ovarian reserve testing на Google и ќе можеш да си прочиташ информации од повеќе извори. Поздрав

Debora
Администратор
Администратор
Мислења: 11056
Придружен: 22 Sep 2009, 17:24
Му се допанале: 5853 пати
Им се допаднал: 3576 пати

Re: Испитување на резерва на јајце клетки

Post by Debora » 15 May 2012, 17:42

Лејла фала за информациите, а каде го испита Анти-Милериан хормонот?

Lejla7
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 4049
Придружен: 24 Oct 2011, 14:34
Му се допанале: 1286 пати
Им се допаднал: 1103 пати

Re: Испитување на резерва на јајце клетки

Post by Lejla7 » 15 May 2012, 18:33

Ми зедоа крв кај Органџиски (бидејќи таму и ми препорачаа да го направам испитувањето поради повишениот ФСХ), а на резултатот гледам дека пишува Адриа лаб, само мислам дека ми кажаа дека Адриа лаб ги препраќа овие примероци од крв во Германија, па таму ги испитуваат. Барем така ми кажаа

Lejla7
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 4049
Придружен: 24 Oct 2011, 14:34
Му се допанале: 1286 пати
Им се допаднал: 1103 пати

Re: Испитување на резерва на јајце клетки

Post by Lejla7 » 15 May 2012, 18:54

Miki wrote:
Lejla79 wrote:... не планирам да трошам јајце клетки без врска (зошто и ги немам доволно)...
Извинете за мојата неукост, но како знаете дека немате залихи на јк, како се утврдува тоа? На ехо или има некои специјални испитувања. Дали сте запознаени со DHEA, читав интересни работи на оваа тема, посебно имало позитивен ефект во ваква ситуација (DOR, POA) Знам дека има посебна тема за ова, ама некако не е баш активна. Дали можеби некој го поставил ва прашање на својот гинеколог, кој е нивниот став?
Мики, воопшто не си неука, напротив прашањата ти се на место. За испитувањата на резервата на јајце клетки веќе напишав погоре. А за позитивниот ефект на ДХЕА малку сум скептична - сите жени се раѓаат со однапред определен број на јајце клетки така што ДХЕА може само да повлијае на квалитетот, никако на бројот на јајце клетки, иако и ова за квалитетот е дискутабилно. Барем така има читано.
Инаку, мене ова испитување ми го препорачаа кај Др Органџиски кога ми го видоа резулатот од ФСХ хормонот, според нивните референтни вредности ми беше повишен, и плус на ехо утврдија дека немам толкав број на антрални фоликули колку што би требало да има жена на мои години. До душа, после кога требаше да ми издадат црно на бело за тоа што ми го кажаа испадна дека се било во ред бидејќи требало да имам помалку од 5 фоликули за да ми дијагностицираат DOR, а јас имав 8 (ама со огромни стимулации)...И така.
Матичната не сакаше да ме упати на ин витро, а камоли пак да се сети да ми каже дека треба да го испитам Анти-Милериан хормонот. Мој совет ви е доколку нешто мислите дека треба да испитате да си го испитате без да чекате матичен да ви даде зелено светло...касно палат за жал (smile)

Miki
Домашен член
Домашен член
Мислења: 600
Придружен: 09 May 2012, 17:27
Му се допанале: 33 пати
Им се допаднал: 133 пати

Re: Испитување на резерва на јајце клетки

Post by Miki » 16 May 2012, 13:54

Баш сакав да прашам како се иницираат овие тестирања, дали треба да чекам гинекологот да ги предложи или се препорачуваат во некои одредени ситуации. Колку што сфатив ти си имала покачен FSH, а потоа 'наводно' мал одзив на стимулации. Мене никој гинеколог (а се имам консултирано со повеќе) до сега не ми спомнаl да го испитам ова. Ништо, слениот пат сама ќе си побарам и ќе се распрашам (И) на ова тема. Инаку имам 33, се надевам не е застрашувачка бројкава, ама не сум ни во дваесетите, па ми личи дека треба да се информирам по ова прашање.
Колку повеќе дознавам од форумов, го проширувам списокот на теми и прашања за мојот гинеколог. Следниот пат кога ќе го нападнам со прашања, два саата нема да излезам од ординација (rolll)

Lejla7
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 4049
Придружен: 24 Oct 2011, 14:34
Му се допанале: 1286 пати
Им се допаднал: 1103 пати

Re: Испитување на резерва на јајце клетки

Post by Lejla7 » 16 May 2012, 14:11

Ако така го нападнеш гинекологот со прашања Мики, ќе ти каже да не читаш многу - да не му го земеш занаетот - ете така мене ме советува матичната (ner) (ner) (ner)
Добро си ме сфатила во врска со FSH, ама сега не знам јас дали те сфатив добро. Сигурна ли си дека немаш испитано хормони на 3 ден од циклус (тогаш се испитува и FSH), како да прочитав дека си правела или си во постапка за правење инсеминација? Ако немаш испитано хормони на 3 ден, можеби и треба да ги испиташ затоа што тие се индикатор за многу работи, ама за среќа хормонските нарушувања многу лесно се ставаат во ред. Имаме тема и за тоа, Испитувања на хормоните мислам дека се викаше. Слободно прашувај што те интересира, за тоа сме овде
И јас сум 33, врснички сме. Некогаш ме плаши бројкава, некогаш се тешам дека раѓаат и постари. Само јас за разлика од тебе повеќе години се обидувам за бебе, веќе скоро 5 (sad1)

TinaV
Редовен член
Редовен член
Мислења: 484
Придружен: 04 Nov 2011, 14:08
Им се допаднал: 3 пати

Re: Испитување на резерва на јајце клетки

Post by TinaV » 16 May 2012, 15:37

Miki, не се секирај за годините.Јас имам 40 години, лани ми открија ограничени резерви на јк, имам 4 неуспешни инвитро обиди и неколку неуспешни инсеминации и покрај се нема предавање. Анти-Милериан хормонот го испитав во Адриа Лаб (прилично е скап, мислам околу 6 000 денари ме фати). DHEA не е за зголемување на бројот на јк којшто за жал никако не можеме да го зголемиме, си ги имаме во одреден број со нашето раѓање и јк си ги трошиме. Поздравче.

marinela999
Домашен член
Домашен член
Мислења: 898
Придружен: 14 Jun 2011, 18:32
Му се допанале: 3 пати
Им се допаднал: 6 пати

Re: Испитување на резерва на јајце клетки

Post by marinela999 » 16 May 2012, 18:37

Девојки а Анти-Милериан хормонот дали може да го испитам и на државно?Имаат реагенси или? Бидејќи чим ти Тина си го испитала на приватно неможеше со картонче? Сакам да го испитам ама неможам да давам 6000 и за тоа (ner)

Одговори

Return to “Испитувања на неплодност”