Од кој лекар сте најзадоволни?

Кои испитувања се праваат во случај на неплодност, резултати од испитувањата на неплодност и што потоа.

Moderator: Модератори

Правила на форумот
ТУКА
Придржувајте се до темите. Пораките кои ја насочуваат темата во друга насока, ќе бидат избришани или едитирани. Доколку сметате дека нема соодветна тема или не можете да ја најдете, започнете нова.
Одговори
brm_brm
Член
Член
Мислења: 190
Придружен: 25 Mar 2013, 19:04
Му се допанале: 1 time
Им се допаднал: 13 пати

Re: Од кој лекар сте најзадоволни?

Post by brm_brm » 20 Sep 2013, 16:18

Debora wrote:Денес бев кај Трајковски во ГАК. Човекот ми е врсник, ама ме воодушеви. Опуштен, отворен, искрен и спремен да обајаснува, не врти одоколу, нема ароганција, практичен тип. Да бирав лекар немаше да се мислам дали да го изберам него. (smile)
Одлично Дебора, штом си задоволна и ти оставил добар впечаток.значи имаме твоја препорака за него, бидејќи навистина е тешко да го погодиш докторот.а само во петок ли работи докторот, се чека ли многу за закажување?!

Debora
Администратор
Администратор
Мислења: 11056
Придружен: 22 Sep 2009, 17:24
Му се допанале: 5853 пати
Им се допаднал: 3576 пати

Re: Од кој лекар сте најзадоволни?

Post by Debora » 20 Sep 2013, 16:31

Само во петок изгледа, оти мене вчера кај матичната кога ми закажуваа преглед, ми рекоа дека ако не сакам денес останува следниот петок. И ете не чекав ич, вчера ми закажаа за денес. (smile)

Lejla7
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 4049
Придружен: 24 Oct 2011, 14:34
Му се допанале: 1286 пати
Им се допаднал: 1103 пати

Re: Од кој лекар сте најзадоволни?

Post by Lejla7 » 20 Sep 2013, 18:22

А јас сакам да прашам како матичната ти закажа кај овој лекар - тој е специјалист за стерилитет, па ти закажа консултации или веднаш инсеминација? Попросто кажано - како ти гласеше упатот, на која основа одиш кај него?

Debora
Администратор
Администратор
Мислења: 11056
Придружен: 22 Sep 2009, 17:24
Му се допанале: 5853 пати
Им се допаднал: 3576 пати

Re: Од кој лекар сте најзадоволни?

Post by Debora » 20 Sep 2013, 18:58

Лејла матичната ми закажа консултации кај него, а после со него се договоривме за инсеминацијата (а во меѓувреме да си поднесам документи во фондот) па се вратив вечерва кај матичната за упат за инсеминацијата. На упатот само ми пишуваше женски стерилитет 97 - веројатно бројкава е шифра за женски стерилитет. (confus)

TTC 2
Нов член
Нов член
Мислења: 30
Придружен: 22 Aug 2013, 14:40
Му се допанале: 4 пати
Им се допаднал: 11 пати

Re: Од кој лекар сте најзадоволни?

Post by TTC 2 » 21 Sep 2013, 17:07

Koka навистина ми е жал за искуството кое си го дожевеала. Да се разбереме јас сум една од вас се борам со неплодност от типот ( се е во ред) веќе 2 и пол години на ваша страна сум НО секогаш треба од повеќе аспекти да се погледа пред да се плука по доктор, Таше е доктор кој да погрешил во пристапот но е реален и иако тој чаршиски муабет не му е на место е отворен и директен пристап кој нас пациентите не ни е драг ама никаде нема да не милуваат по глава или ќе не тапшаат по рамо фини, или мили доктори а не ги бива воопшто.На крај на краиштата мене лично не ми треба муабетот на Таше туку рацете и искуството кое донело мнооогу бебиња на Свет. Видел работи што мнооогу доктори не ги виделе како во случајот на lide86. Конкретно Уреоплазмата нема врска со зачнување ниту пак игра улога голема во бременоста ако велел рано е за брисеви најверојатно бил во право него сигурно немало да му бидат вишок да ти направи брисеви парички да си земи. Пријателки мои ги третирал нај ок а не биле богати или сл.Лакарска грешка од типот на брисеви и пострашна тој не смее да си дозволи ќе го чини болницата да ја затвори хахаха до толку има памет да не ризикува и да не ја пика главата во вреќа, Не го оправдувам и не сум негов пациент сум била 1-2 пати кај него ама гледам да сум објективна и покрај маката која ја имам (kup) (kup) Мој совет кај кој д-р и да одите е сконцентрирајте се на суштинското што го зборува а за глупости сите кажуваат кога-тогаш (laugh1)
Last edited by TTC 2 on 21 Sep 2013, 17:18, edited 1 time in total.

Debora
Администратор
Администратор
Мислења: 11056
Придружен: 22 Sep 2009, 17:24
Му се допанале: 5853 пати
Им се допаднал: 3576 пати

Re: Од кој лекар сте најзадоволни?

Post by Debora » 21 Sep 2013, 17:14

Темава е Од кој лекар сме најзадоволни и ги пишуваме своите искуства. Кока не беше необјективна, туку го напиша нејзиното искуство со тој лекар, а не е единствена со такво искуство. Кога некој ќе го прочита нејзиниот пост, сам за себе ќе реши дали му одговара таков пристап и дали е спремен да го поднесе тоа, за сметка на неговата стручност. Ако пак не, подобро да не го доживее тоа што го дожевеала она.

TTC 2
Нов член
Нов член
Мислења: 30
Придружен: 22 Aug 2013, 14:40
Му се допанале: 4 пати
Им се допаднал: 11 пати

Re: Од кој лекар сте најзадоволни?

Post by TTC 2 » 21 Sep 2013, 17:22

Апсолутно, така е јас во првата реченица и кажав на Кока дека ми е жал искрено за тоа што го доживеала, постот не се однесуваше на Кока туку дадов само мое гледиште за докторот и не само за него надолу мој став за сите од тој калибар или слични, (smile)
дозволено е и поинакви ставови да се пишуваат нели? (smile) тука сме да си олесниме душата ама и да помогнеме јас сакав само да го споделам мојот став како почнав да гледам на лекариве (kup)

lide86
Нов член
Нов член
Мислења: 75
Придружен: 10 Aug 2013, 16:27
Му се допанале: 14 пати
Им се допаднал: 40 пати

Re: Од кој лекар сте најзадоволни?

Post by lide86 » 21 Sep 2013, 17:38

TTC кога те читам тебе, исто како јас да се слушам каква бев до пред 3 месеци...исто така го бранев... и во право си дека НЕ ПОСТОИ постручен доктор од Таше... значи кај него нема промашување... АМА откако ја отвори болницана значи докторов не се труди да открие нешто или да прати правилно бременост според МОЕ искуство... е сега не знам за тие со вештачки,зашто како што гледав повеќе со такви работи... е сега за брисевите, дај молим те кој е тој д-р со здрав разум што не би земал брисеви на бремена жена, која нема испитано година и пол пред тоа, А СЕ ИСПИТУВААТ НА 6 МЕСЕЦИ!!!!... и на крајот да му се плукнам на стручноста кога жена со страшна историја пред бременоста, а сега повторно бремена, прокрварува како крава заколена и оди кај него в болница, дежурната докторка после сто прегелди и премислувања, вели дека бебето е тука,срцето му чука ама мора да те чистиме, отворена си и ние му звониме на дотичниот да дојди барем последниот збор да го дај,бидејќи нели ја знае цела моја историја,а тој вели си има дежурна докторка.... а да напоменам дека пред 4 дена пред киретажата бев на контрола и му кажувам дека имам слабо крварење, па мали болки, а тој вели „ајде, се е во ред“... ма ајде нека се гони....

TTC 2
Нов член
Нов член
Мислења: 30
Придружен: 22 Aug 2013, 14:40
Му се допанале: 4 пати
Им се допаднал: 11 пати

Re: Од кој лекар сте најзадоволни?

Post by TTC 2 » 21 Sep 2013, 17:46

Уффф (ner) како е можно, твојот случај кажува дека бројките на успешност и неговата стручност имаат и друго лице и страна, жал ми е (kup) немам зборови!!! јас во постот бев повеќе сконцентрирана на неговото брблање кое научив да го игнорирам и сакав да помогнам и да го пренесам, ама делата се сосема нешто друго. Господ да не чува (smile)

Vasilij
Нов член
Нов член
Мислења: 67
Придружен: 29 Sep 2013, 23:13
Му се допанале: 39 пати
Им се допаднал: 29 пати

Re: Од кој лекар сте најзадоволни?

Post by Vasilij » 03 Oct 2013, 18:18

Ауу,многу лоши искуства со одредени лекари! Незнам дали е среќа или несреќа што не сум дошла во контакт со дотичните (unsure)

Инаку јас најубаво искуство имам со д-р Поповиќ од Систина иако ивф беше неуспешно сепак неговиот пристап беше многу професионален,детален ,човечен,стварно сум презадоволна од него.Не ме откачуваше за 2-3 мин како некои други кај кои претходно сум била(пр.д-р Дамчевски од св.Лазар и д-р Петановски од Ремедика)

Сакав да прашам дали некој има искуство со д-р Адамовска од Ремедика,ми ја препорачаа да отидам на консултација кај неа заради нејзиното искуство и стручност?!?

Одговори

Return to “Испитувања на неплодност”