Испитување на хормоните

Кои испитувања се праваат во случај на неплодност, резултати од испитувањата на неплодност и што потоа.

Moderator: Модератори

Правила на форумот
ТУКА
Придржувајте се до темите. Пораките кои ја насочуваат темата во друга насока, ќе бидат избришани или едитирани. Доколку сметате дека нема соодветна тема или не можете да ја најдете, започнете нова.
Одговори
Debora
Администратор
Администратор
Мислења: 11019
Придружен: 22 Sep 2009, 17:24
Му се допанале: 5793 пати
Им се допаднал: 3548 пати

Испитување на хормоните

Post by Debora » 19 Jan 2010, 16:44

Испитувањето на хормони се прави на 3 и 21 ден од циклусот, односно 7 дена после овулацијата. Ова е едно од испитувањата кои се прават први. Се прави со земање на примерок од крвта.
На третиот ден се испитуваат: Фоликуло-стимулирачки хормон (FSH), Лутеинизирачки хормон (LH), Пролактин, Естрадиол, TSH - хормон на тироидната жлезда,
Тестостерон и DHEA-S. По потреба лекарот може да даде упат за испитување и на други хормони.
На 21 ден од циклусот се испитува количеството на Прогестерон, од вредноста на прогестеронот може да се увиди дали имало овулација тој месец или пак не.
Порано се испитуваа и хормони на 13 ден, но сега се повеќе се напушта таа пракса како непотребна.
Нормалните вредности зависат од лабораторијата во која се испитуваат хормоните. Различни лаборатории користат различни техники и имаат различни референтни вредности на хормоните.
Ако се увиди дека има пореметување на хормоналниот статус, се интервенира со соодветни препарати, зависно за кој хормон се работи.

anja
Член
Член
Мислења: 158
Придружен: 17 Feb 2010, 20:48
Им се допаднал: 7 пати

Re: Испитување на хормоните

Post by anja » 17 Feb 2010, 20:51

Jas gi zedov rezultatite od hormonalnoto ispituvanje i mn sum nervozna bidejki na kontrola sum duri za 2 nedeli, a togas ke treba i spermogram da se pravi.
rezultati 3 den. m

rezultati -------------- ref. vrednosti
FHS 9.9 ---------- 1.98-11.6
LH 6.6 ---------- 1.98-11.0
PROLACTIN 22.7
ESTRADIOL 36.2 ---------- 26.5-161
TESTOSTERON 1.8 ---------- 0.19-2.67

Neznam dali sum ok.

Debora
Администратор
Администратор
Мислења: 11019
Придружен: 22 Sep 2009, 17:24
Му се допанале: 5793 пати
Им се допаднал: 3548 пати

Re: Испитување на хормоните

Post by Debora » 17 Feb 2010, 20:58

Anja добредојде прво, не се нервирај. Немаш напишано референтна вреднст за пролактинот, ама јас мислам дека се е во ред - можеби ти е во горните граници, ама сепак е во границите и тој. Ако и не беше нешто во ред ќе се корегираше со лекарства, ама мислам дека стварно нема проблем тука. Естрадиолот можеби е добро да биде малку повисок, ама тоа многу лесно се корегира. Не се нервирај, баш од нервози може да се пореметат хормоните. Ти поскаувам што поскоро резултат. (t3)
Пиши што ќе ти каже лекарот, дотогаш опушти се - немаш проблем тука.

anja
Член
Член
Мислења: 158
Придружен: 17 Feb 2010, 20:48
Им се допаднал: 7 пати

Re: Испитување на хормоните

Post by anja » 17 Feb 2010, 23:26

Ti blagodaram Debora. (smile)
Bas mi e drago sto ke imam poddrska.

Se citame naskoro



http://ticker.7910.org/an1cHgn04b-0020M ... FtIG1t.gif

prvenka
Домашен член
Домашен член
Мислења: 580
Придружен: 19 Mar 2010, 09:05
Му се допанале: 5 пати
Им се допаднал: 27 пати

Re: Испитување на хормоните

Post by prvenka » 14 Apr 2010, 11:09

Ako i ovoj mesec dobijam,ke si pravam ispituvanja na hormonite,nikogas ne sum gi pravela.Kako sto sum informirana na tretiot den od ciklusot treba da gi ispitam 4 tipa na hormoni FSH,LTH,estradiol i prolaktin (confus) valjda se tie

Debora
Администратор
Администратор
Мислења: 11019
Придружен: 22 Sep 2009, 17:24
Му се допанале: 5793 пати
Им се допаднал: 3548 пати

Re: Испитување на хормоните

Post by Debora » 14 Apr 2010, 11:30

Јас мислам дека на третиот ден испитував повеќе хормони, освен овие што ги имаш набројано. Гледам и Ања испитала плус тестостерон, а мислам дека јас имав и некои од хормоните на тироидната жлезда, затоа што ако има пореметување кај нив пак може да има проблеми со плодноста.
Твојот лекар ти рече за овие 4?

prvenka
Домашен член
Домашен член
Мислења: 580
Придружен: 19 Mar 2010, 09:05
Му се допанале: 5 пати
Им се допаднал: 27 пати

Re: Испитување на хормоните

Post by prvenka » 14 Apr 2010, 12:58

Da,ednas vo konsultacija so nego mi gi napomena ovie hormoni,drugi ne mi rece....toa e doktor Sardzovski od Sistina (confus)

Debora
Администратор
Администратор
Мислења: 11019
Придружен: 22 Sep 2009, 17:24
Му се допанале: 5793 пати
Им се допаднал: 3548 пати

Re: Испитување на хормоните

Post by Debora » 14 Apr 2010, 13:14

Добро, само да ти кажам дека можеш да ги испиташ и на државно и ќе те кошта многу помалку. Ања ќе има посвежи информации, ама јас кога испитував мислам дека со сини картони беше 80 ден. за еден хормон.
Ама чекај сега, нема да мислиме на следниот месец. (a2)

prvenka
Домашен член
Домашен член
Мислења: 580
Придружен: 19 Mar 2010, 09:05
Му се допанале: 5 пати
Им се допаднал: 27 пати

Re: Испитување на хормоните

Post by prvenka » 14 Apr 2010, 13:21

Mnogu si srcka,pozitivno mislis poveke od mene (laugh1)

anja
Член
Член
Мислења: 158
Придружен: 17 Feb 2010, 20:48
Им се допаднал: 7 пати

Re: Испитување на хормоните

Post by anja » 22 Apr 2010, 21:02

Ispituvanjeto na gorenavedenite hormoni vo drzavna cinese 700 den.

Одговори

Return to “Испитувања на неплодност”