Фоликулометрија

Кои испитувања се праваат во случај на неплодност, резултати од испитувањата на неплодност и што потоа.

Moderator: Модератори

Правила на форумот
ТУКА
Придржувајте се до темите. Пораките кои ја насочуваат темата во друга насока, ќе бидат избришани или едитирани. Доколку сметате дека нема соодветна тема или не можете да ја најдете, започнете нова.
Debora
Администратор
Администратор
Мислења: 11056
Придружен: 22 Sep 2009, 17:24
Му се допанале: 5853 пати
Им се допаднал: 3576 пати

Re: Фоликулометрија

Post by Debora » 25 Apr 2016, 14:25

Girl не настанува бременост секогаш дури и при совршен цилус и совршено темпирање на односите. Тоа што не успеало овој пат не значи дека нема да успее следниот.

borjana
Редовен член
Редовен член
Мислења: 406
Придружен: 19 Apr 2015, 23:42
Му се допанале: 81 пати
Им се допаднал: 205 пати

Re: Фоликулометрија

Post by borjana » 25 Apr 2016, 14:31

Гирл јас се мачам со оваа фоликулометрија неколку месеци па и денес. Денес 9 ден од циклус јајниците збудалени мислам дека овој пат имам по 100 фоликули на секој јајник 3 дена плачам од болка неможам да спијам и никад уште еднаш јас кломифен.Имам фоликули од сите големини од 16мм 14 мм 12мм 10мм но докторот вика тешко за бременост со овие јајници, некако почнувам да се помирувам со ова. Секој организам во даден момент реагира различно.Дај боже да успееш нареден пат.Не е битен квантитетон туку квалитетот на фоликули.

Girl23
Нов член
Нов член
Мислења: 99
Придружен: 21 Dec 2015, 19:04
Му се допанале: 4 пати
Им се допаднал: 33 пати

Re: Фоликулометрија

Post by Girl23 » 25 Apr 2016, 19:51

Јас многу се изнервирав кога добив незнам дали да отидам пак на гинеколог овој месец за да видам за фоликулите ме отепа психата веке само на тоа мислам

borjana
Редовен член
Редовен член
Мислења: 406
Придружен: 19 Apr 2015, 23:42
Му се допанале: 81 пати
Им се допаднал: 205 пати

Re: Фоликулометрија

Post by borjana » 26 Apr 2016, 00:07

Мене две години ме тепа психата секој ден и веќе раце кренав....колку повеќе одиш по доктори толку повеќе се комплицираа работите мене сите ми го кажуваа ова но дури не си осетив сама не верував......опушти се, дали мислиш или не мислиш исто е.Јас неколку пати со ред имам убави фоликули и тоа по 6 на еден јајник но ете не прскаат изгледа е дебела стромата на јајниците кај мене. Јас намест докторат за генетика за гинекологија е спремам хахаха.Треба салам доктор да најдес и секој ден на фоликулометрија се дури он не виде дека прснал фоликулот.

Mici1
Нов член
Нов член
Мислења: 2
Придружен: 15 Nov 2017, 02:27

Re: Фоликулометрија

Post by Mici1 » 29 Oct 2018, 16:23

Девојки мене денес ми е 13 ден од циклус.
Бев на гинеколог и докторката ми кажа дека имам колабиран фоликул, дека се гледа излевање, ми вика ова вчера е пукнато т.е. дека вчера ми била овулација. А ние баш вчера не бевме вредни :(
Завчера вечерта и денес сабајле, дали мислите дека може да се фати?
Ми вика пробајте денес пак, ако е жива јајце клетката можеби ќе има резултат.
Инаку јас мислев дека 15ден ми е овулација иако месеци наназад осеќам симптоми порано.
Слични искуства со bfp резултат? :)

Debora
Администратор
Администратор
Мислења: 11056
Придружен: 22 Sep 2009, 17:24
Му се допанале: 5853 пати
Им се допаднал: 3576 пати

Re: Фоликулометрија

Post by Debora » 31 Oct 2018, 12:07

Мици спрематозоидите ја чекаат јајце клетката во "заседа" и можат така да преживеат неколку денови. Тоа што не сте имале односи баш на денот на овулација не значи дека не може да забремениш кога претходно сте имале односи. Со среќа, дај Боже бебето да е на пат, па ќе се пофалиш. (smile)

Одговори

Return to “Испитувања на неплодност”