Page 16 of 18

Re: Хистероскопија

Posted: 29 Apr 2014, 09:34
by Vesela
Искрено незнам зошто тогаш ме клукаа со хормнони (confus) . После 4 години повтроно правев ( за истата работа -полипот) во ремедика таму не ми даваа ништо да пијам, После 3 ден од циклус ми ја направија хистероскопијата (confus) .

Re: Хистероскопија

Posted: 29 Apr 2014, 10:27
by snegulka83
На отпусната лист ми пишува што е правено и каков бил септумот, плус ми дадоја и цд на кое е снимена интервенцијата.

Re: Хистероскопија

Posted: 29 Apr 2014, 11:24
by Lejla7
А каде ја правеше ти Снегулка? Заборавив. Многу професионално ова

Re: Хистероскопија

Posted: 29 Apr 2014, 11:53
by snegulka83
Во Плодност кај др.Таше. Досега не сум била на друго место.

Re: Хистероскопија

Posted: 30 Apr 2014, 01:06
by animani
mene Trajkovski mi dade mikrogenon da pijam od 2 den od ciklus na 2 ri maj ke odam da zakazam pa so gospod napred i ova da pomine nemam poveke nervi......pozzz do site i blagodaram za odgovorite

Re: Хистероскопија

Posted: 30 Apr 2014, 13:22
by Vesela
И во Ремедика даваат ЦД со интервнцијата. За тие пари и филм ќе снимаат (laugh1) (laugh1) (laugh1)

Re: Хистероскопија

Posted: 30 Apr 2014, 17:32
by imence
И Сестрата на мм правеше хистероскопија во Плодност кај др. Таше и отстранија септум на матката. Целиот септум и беше отстранет. Немаше болки и ништо невообичаено. (smile)

Re: Хистероскопија

Posted: 27 May 2014, 10:05
by animani
zdravo.Pravev histeroskopija pred edna nedela ,krvarev samo 1 den i toa malku nemav nikakvi bolki.Denes na osmi den od intervencijata koga se razbudiv osetiv kako nekoj iscedok i koga vidov vo wc edna kapka krv imase na gakite i koga se izbrisav kako da mi e kraj na ciklus a posle nisto bledo roze,Inace pred intervencijata mi dade doktorot mikrogenonn koj mi rece da go pijam 15 dena i posle intervencijata.Go pijam a se pojavi krv.Dali nekoj imal vakvo iskustvo.Mnogu se plasam.Pozdrav.

Re: Хистероскопија

Posted: 15 Aug 2014, 15:18
by Martinka
Ми закажаа хистероскопија и лапараскопија на 5 септември на клиника..хсг кое го правев покажуваше непроодни јајцеводи и хидросалпинг...некој ваш совет за пред интервенцијата?

Re: Хистероскопија

Posted: 15 Aug 2014, 15:34
by snegulka83
Маринка многу среќа и се да помини во најдобар ред. Пиши како си поминала. Јас немам правено лапароскопија туку само хистероскопија и поминав многу лесно без никакви болки. Уште од следниот ден ми беше како ништо да не се случило. Претходно немав никаква подготовка и не примав ништо. Правев на 5 ден од циклус.