Мојата успешна инсеминација

Инсеминација, нашите искуства со инсеминација, како се прави, каде да се прави инсеминација.

Moderator: Модератори

Правила на форумот
ТУКА
Придржувајте се до темите. Пораките кои ја насочуваат темата во друга насока, ќе бидат избришани или едитирани. Доколку сметате дека нема соодветна тема или не можете да ја најдете, започнете нова.
Debora
Администратор
Администратор
Мислења: 11053
Придружен: 22 Sep 2009, 17:24
Му се допанале: 5850 пати
Им се допаднал: 3575 пати

Мојата успешна инсеминација

Post by Debora » 21 Jun 2012, 23:18

Мислам дека идејата на Ања за посебна тема со успесите е преубава, ќе можеме да се охрабруваме во иднина. (thumbsup)
Ајде тука нека споделуват искуства оние што си дошле до своето бебенце со помош на инсеминација. (lovet) Нека бидат позитивните искуства на едно место, за да ги имаме во посилна концентрација. (thumbup) Па другите ќе читаме и ќе се надеваме повеќе. (kup)

Lejla7
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 4048
Придружен: 24 Oct 2011, 14:34
Му се допанале: 1284 пати
Им се допаднал: 1103 пати

Re: Мојата успешна инсеминација

Post by Lejla7 » 22 Jun 2012, 12:11

Добра идеја Дебора, супер тема (smile) Ајде девојки пријавете се

Taa
Нов член
Нов член
Мислења: 58
Придружен: 23 Apr 2012, 08:31

Re: Мојата успешна инсеминација

Post by Taa » 29 Jun 2012, 13:50

Samo sakam da im dadam podrska na site idni majki i da im kazam deka mojata prva inseminacija bese pozitivna,no nazalost zavrsi so spontan...no bitno e deka ete i so ensiminacija i toa od prva moze da se ostane truden (smile)

Miki
Домашен член
Домашен член
Мислења: 600
Придружен: 09 May 2012, 17:27
Му се допанале: 33 пати
Им се допаднал: 133 пати

Re: Мојата успешна инсеминација

Post by Miki » 03 Jul 2012, 20:56

Абе ќе пише ли некој нешто убаво на темава????? Па ајдеееее....ние што се спремаме за инсеминации ни треба малце мотивација (unsure)

DemetraD
Член
Член
Мислења: 210
Придружен: 05 Nov 2011, 11:24
Му се допанале: 31 пати
Им се допаднал: 36 пати

Re: Мојата успешна инсеминација

Post by DemetraD » 03 Jul 2012, 23:19

Еве ја мојата приказна (за тие што не ја знаат) (smile) (smile)
Ние инсеминацијата а правевме во Ултрамедика и докторката ни рече дека немаме шанси да поминеме со инсеминација и уште куп работи заради што јас ја поминав инсеминацијаа безмалку плачејки и од таму си отидовме рзаочарани нервозни безнадежни арно ама вештерката не дојде и ги видов своите bfp
сега уживам во бременоста и го галам (t3) и чекам на свет да дојде една мала принцеза (rad)
Сега сум и неизмерно благодарна на докторката и знам дека надежта последна умира (laugh1)

Sashka
Администратор
Администратор
Мислења: 869
Придружен: 01 Oct 2009, 22:08
Му се допанале: 1150 пати
Им се допаднал: 550 пати

Re: Мојата успешна инсеминација

Post by Sashka » 18 Jan 2013, 10:30

И јас да си ја пишам приказната кај што должам (smile)
Во ноември бевме во Ремедика кај д-р Петановски,со сите резултати досегашни,имав се освен ХСГ и сите резултати беа супер,немаше никаков проблем. Тој месец мм првпат правеше спермограм на хистологија( на клиника) и беше одличен резултатот.Се договоривме со д-рот да пробаме прво со 1-2 инсеминации и ако не бива да правиме инвитро во март-април. Ми даде кломифен од 3 ден на циклус да пијам 2x50 мг- 5 дена, а од 7-ми ден 3 дена по еден естрофем и на 11-ти ден да одам да ме види на ехо и да се договориме за инсеминацијата.На 11-ти ден бев,ме виде, имав на двата јајника по 4 фоликули од 15мм и вика супер реакција,ама сега се мали,ќе ги чекаме да пораснат. Овоа беше на 28-ми декември. И рачуна таму, малку мислам дека се потуфка пошто 14-ти ден ми идеше на 31.12 , а они не работат ни на 31, ни на 01.01. Ми даде инекција Хоримон,да ја пуштам на 31-ви во 23.30 и ми закажа инсеминација на втори јануари. Ми рече да бидеме и активни во меѓувреме, за да ги фатиме сите фоликули, да не чекаме само на инсеминацијата,демек да ги зголемимие шансите. И така бидна.Отидовме на втори во ремедика, мм остави материјал и по два часа отидов за инсеминација. Не ме ни видоа на ехо,да видат дали поминала овулацијата или не... Иде дечкото со епруветите и му вика на д-рот демек мотилитетот на сперматозоидите го зголемиле од 88% на 93%,АМА прогресивноста од само 8% на 9%. И д-рот вика е ако де,ќе пробаме па ќе видиме... ако не бива ќе правиме инвитро,тоа гарант ќе успее (unsure) Јас цела во прашалници????? И така,помина инсеминацијата, сите ми викаат среќно,ама сите беа со фаци ко да нема шанси да успеее со таква сперма (ner) Д-рот ми вика не се секирај, јас ти гарантирам дека до Мај ќе биде работава. Си отидов дома, го гледам новиов спемограм,катастрофа- АСТЕНОЗООСПЕРМИЈА.Како е можно за еден месец толку мн да се влоши спермограмот??? И така си се испоразочарав,викам нема шанси да успеало. Читам на нет, сите викаат апстиненција 3-4 дена пред инсеминацијата,па си викам може затоа бил ваков спемограмот-кај нас апстиненцијата беше 20 саати.Како и да е ,првата недела не се надевав ни 2% на успешност,втората почнав како и секој месец по малку да се надевам, па на 27-ми ден од циклус ми се појави кафенко на едно бришење,грчеви во стомакот како да ќе добијам за 1 саат и пак си викам гарант ми иде (rw2) И така,неколку дена поминав со повремени грчеви,болки кои траат по 10 секунди арно ама не ми дојде.Почна да ми касни и почна да ме јаде црвот да направам тест. На 15 ден после инсеминацијата направив тест и bfp
Фала му на Господ, овоа беше Негово дело (love5)

Lejla7
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 4048
Придружен: 24 Oct 2011, 14:34
Му се допанале: 1284 пати
Им се допаднал: 1103 пати

Re: Мојата успешна инсеминација

Post by Lejla7 » 18 Jan 2013, 16:34

Честитки Сашка, навистина ова е Божјо дело (con) (con) (con) Многу се радувам кога ќе прочитам вакви приказни (rad) (rad) (rad) Нека ти е со лесно, значи отприлика за едно 8 месеци ќе јадеме мекици овде (rad) (rad) (rad)

Monicka
Нов член
Нов член
Мислења: 40
Придружен: 24 Nov 2012, 13:01
Му се допанале: 36 пати
Им се допаднал: 36 пати

Re: Мојата успешна инсеминација

Post by Monicka » 17 Feb 2013, 10:15

Драги мои еве ја и мојата приказна...Дојде време за мојата прва инсеминација,ама мене никако да ми дојде :( и така месец дена си се понадевав јас дека можеби сум забременила природно, ама ништо од тоа. Добив конечно после еден месец каснење и си викам сега нема шанси да ја правиме инсеминацијата, сигурно ќе треба месец-два дами се стабилизира циклусот.
Му се јавив на докторот да му кажам дека сум добила, кога он ми вика дојди на преглед.
Отидов, ме прегледа и на мое неверување ми рече да почнам со кломофенот...Си почнав јас петтиот ден со кломифенот и некои додатни таблетки, ама никако да ми заврши...Секој втор ден на преглед, фоликулите си растат полека, а јас веќе 13 дена со менструација...
Ми заврши конечно, примив Прегнил и после 36 часа отидов на инсеминација.
Првото нешто кое ни го кажа докторот беше дека шансите ни се 18%! Се разочарав тотално, но си реков што биде нека биде, ќе морам да се соочам со разочарувањето...Ја правевме 31 Јануари и ни беше кажано да направам тест на 16 Фебруари.
Обично ми доаѓа на 14ти во месецот и така јас тотален песимист си чекам да дојде 14ти да си добијам. Немав апсолутно никаква надеж (поради тие 18% и пореметувањето со циклусот)
Дојде 14ти, јас цел ден трчам во тоалет и само проверувам дали сум добила...Дојде и 15ти, јас уште ништо...си реков сигурно пак ми се пореметил циклусот од сите тие хормони или пак сум закачила некоја циста. Си купив вечерта тест за утредента, арно ама никако да издржам...Идам го правам па утре ќе го повторам! Го направив и го оставив во тоалет...после 3 минути одам и што да видам! Втората цртка (иако многу бледа) беше тука! Се изгубив, неможев да се совземам...Правец аптека по друга марка тест-го правам и тој и истата бледа црта се појави пак! Неможев да си поверувам што гледам...Ја поминав некако ноќта и вчера сабајле со првата урина го направив и третиот тест...сега веќе јасно ги видов bfp
Сеуште во неверување отидов во аптека и земав Clearblue.
Го направив и него и после 5 минутки се појави на екранчето PREGNANT 1-2 WEEKS
И тоа е тоа (после 4 позитивни тестови) мислам дека можам јавно да се пофалам дека мојата прва инсеминација беше успешна! Во понеделник право на доктор и да се надеваме дека се ќе биде во ред...
И простете ми што бев толку опширна, ама морав да го споделам секој детал со вас и да потврдам дека е можен успех и при првиот обид...И јас сеуште сум во тотален шок и неверување (rad) dance

Фала му на Бога што ги послуша моите молитви...

Debora
Администратор
Администратор
Мислења: 11053
Придружен: 22 Sep 2009, 17:24
Му се допанале: 5850 пати
Им се допаднал: 3575 пати

Re: Мојата успешна инсеминација

Post by Debora » 17 Feb 2013, 11:12

Мончичка фала ти што го сподели твоето искуство со нас. Еве се смеам додека пишувам (love5) . Да и си имаш убава бременост и со лесно да си ја износиш. (a2)

puflice
Член
Член
Мислења: 113
Придружен: 02 Aug 2011, 17:14
Му се допанале: 1 time
Им се допаднал: 36 пати

Re: Мојата успешна инсеминација

Post by puflice » 17 Feb 2013, 17:19

Моничка и тука ти честитам и утре чекаме детали од првиот преглед. Ако не е тајна кај ја правеше инсеминацијата?

Одговори

Return to “Инсеминација”