Ќе правам инсеминација

Инсеминација, нашите искуства со инсеминација, како се прави, каде да се прави инсеминација.

Moderator: Модератори

Правила на форумот
ТУКА
Придржувајте се до темите. Пораките кои ја насочуваат темата во друга насока, ќе бидат избришани или едитирани. Доколку сметате дека нема соодветна тема или не можете да ја најдете, започнете нова.
Одговори
Debora
Администратор
Администратор
Мислења: 11056
Придружен: 22 Sep 2009, 17:24
Му се допанале: 5853 пати
Им се допаднал: 3576 пати

Ќе правам инсеминација

Post by Debora » 30 Sep 2009, 13:36

ШТО Е ТОА ИНСЕМИНАЦИЈА

Инсеминацијата е третман на неплодност, при што се зема сперма од мажот и се става во гениталниот тракт на жената. На тој начин се скратува патот кој треба да го поминат сперматозоидите за да ја оплодат јајце клетката. Инсеминацијата денес е нашироко распространета техника во лекувањето на неплодноста. Стандардна процедура во лекувањето на неплодноста е пред да се оди со ивитро оплодување да се направи обид со неколку инсеминации.

Стапката на успешност на инсеминацијата е 15-20% во еден циклус, но зависи и од староста на жената. Кај жени постари од 35 г. стапката е пониска, а кај жени над 40 г. е значително ниска.

Во Зависност од тоа каде се става спермата, постојат неколку вида на инсеминација:

Интраутерина инсеминација или IUI. Ова е најчестиот вид на иснеминација, при што спермата со посебен катетар се вметнува директно во матката на жената.

Интрацервикална инсеминација ICI. Кај оваа инсеминација спермата се става во вратот на матката. Помалку е застапена од интраутерината инсеминација затоа што има помала стапка на успех.

Интратубарна инсеминација IТI. Кај овој тип на инсеминација спермата се става директно во јајцеводите. Се користи многу ретко затоа што е понепријатна за жената и има поголеми шанси да дојде до инфекција или други компликации... http://www.tvoebebe.com/NEPLODNOST/inseminacija.php


Ако даде Господ следниот месец треба да правам инсеминација. Се договоривме со др. Хаџи-Лега од Ремедика.
Од третиот до седмиот ден од циклусот треба да пијам кломифен, па потоа на фоликулометрија. Дури сум нестрплива, што е чудно за мене и било каква посета на лекар :mrgreen:

Debora
Администратор
Администратор
Мислења: 11056
Придружен: 22 Sep 2009, 17:24
Му се допанале: 5853 пати
Им се допаднал: 3576 пати

Re: Ќе правам инсеминација

Post by Debora » 16 Oct 2009, 02:29

Од денес почнав со пиење на Коломифен, два пати на ден по 1 таблета. Верувам дека нема да се случи нешто несакано, од типот на цисти (што не би било чудно кога станува збор за Кломифен).
Досега имам пиено само по 1 таблета днвно, ова ми нешто ново, ама верувам дека ќе биде добро.
Со Господ напред, во среда на деветти ден од циклус треба да одам на фоликулометрија, па ќе видиме што издејствувал Кломифенот.
Ете тоа се новостите. :)

Debora
Администратор
Администратор
Мислења: 11056
Придружен: 22 Sep 2009, 17:24
Му се допанале: 5853 пати
Им се допаднал: 3576 пати

Re: Ќе правам инсеминација

Post by Debora » 21 Oct 2009, 23:05

Денес бев на фоликулометрија и на левиот јајник има фоликул од 22 мм, а на десниот еден од 21 и еден од 19. Ендометриумот не е најсјаен, гранична дебелина е 8 мм, а кај мене беше 8,5, ќе видиме дали ќе здебели до утре, не е страшно. За утре е закажана инсеминацијата, па ќе видиме.

Debora
Администратор
Администратор
Мислења: 11056
Придружен: 22 Sep 2009, 17:24
Му се допанале: 5853 пати
Им се допаднал: 3576 пати

Re: Ќе правам инсеминација

Post by Debora » 22 Oct 2009, 21:41

Помина и инсеминацјата. Едниот фоликул веќе беше прснат, два се фатени пред прскање. Од вечер треба да почнам со утрогестан. Докторот ми рече да бидеме активни викендов, оти има други фоликули што растат и ќе прснат. Сега останува на Господ.

Debora
Администратор
Администратор
Мислења: 11056
Придружен: 22 Sep 2009, 17:24
Му се допанале: 5853 пати
Им се допаднал: 3576 пати

Re: Ќе правам инсеминација

Post by Debora » 08 Nov 2009, 17:07

Во петокот направив тест, беше негативен :o и ги прекинав утрогестанот. Треба да чекам да добијам.
Многу тешко го поднсов естрофемот, ми ствараше многу голема вознемиреност и нервоза. Откако прекинав со него за 2-3 дена ми дојде душата на место.
Тоа е тоа.

Debora
Администратор
Администратор
Мислења: 11056
Придружен: 22 Sep 2009, 17:24
Му се допанале: 5853 пати
Им се допаднал: 3576 пати

Re: Ќе правам инсеминација

Post by Debora » 10 Nov 2009, 11:54

Еве ме пак. Вчера добив менструација, денес се јавив пак кај др. Хаџи-Лега и се договоривме од утре пак да почнам со Кломифен и уште една инсеминација.

Sashka
Администратор
Администратор
Мислења: 869
Придружен: 01 Oct 2009, 22:08
Му се допанале: 1150 пати
Им се допаднал: 550 пати

Re: Ќе правам инсеминација

Post by Sashka » 10 Nov 2009, 23:14

Поздрав Дебора ;)
Ти посакувам наредната инсеминација да биде успешна и уште следниот месец да отвориш нова тема за честитки :)
Многу среќа и се молам за тебе!

Annabel
Редовен член
Редовен член
Мислења: 490
Придружен: 09 Nov 2009, 21:21
Им се допаднал: 13 пати

Re: Ќе правам инсеминација

Post by Annabel » 10 Nov 2009, 23:56

Дебора, поддршка и од мене, и не губи надеж. Кај е Господ, никој не е.

Debora
Администратор
Администратор
Мислења: 11056
Придружен: 22 Sep 2009, 17:24
Му се допанале: 5853 пати
Им се допаднал: 3576 пати

Re: Ќе правам инсеминација

Post by Debora » 11 Nov 2009, 09:41

Девојки фала за подршката и молитвите. Некогаш човек се уморува, ама ме охрабривте. Токму така, Господ е над се, ќе биде како што треба.
Еве од денес почнувам со кломифен, па здравје.

Vivien
Нов член
Нов член
Мислења: 3
Придружен: 13 Nov 2009, 00:36

Re: Ќе правам инсеминација

Post by Vivien » 13 Nov 2009, 00:56

Од срце ти посакувам успешна инсеминација..биди храбра и позитивна..

Одговори

Return to “Инсеминација”