Ќе правам инсеминација

Инсеминација, нашите искуства со инсеминација, како се прави, каде да се прави инсеминација.

Moderator: Модератори

Правила на форумот
ТУКА
Придржувајте се до темите. Пораките кои ја насочуваат темата во друга насока, ќе бидат избришани или едитирани. Доколку сметате дека нема соодветна тема или не можете да ја најдете, започнете нова.
ilijana123
Нов член
Нов член
Мислења: 8
Придружен: 09 Oct 2010, 20:08

Re: Ќе правам инсеминација

Post by ilijana123 » 18 Nov 2010, 12:50

Драга Дебора една мала консултација (confus) докторот ни предлага инсеминација некаде после нова година , а како што ти споменав во претходните мои дописи кај мене најдоа покачен пролактин и пијам достинекс а на мм му дадоа витамини цинк и селен , освен тоа никакви други испитувања немаме правено . Дали пред инсеминација треба да се земат микробиолошките брисеви или пак да се испита проодноста на каналите или тоа нема никаква врска? Збунета сум и некако немам многу верба !!!!! Те молам посоветувај ме, дали е многу брззо да се пристапи кон инсеминација или? Инаку веке 4 месеци забележувам изостанок на оној исцедок што го имав кога ми беа плодни денови, па мислам дека немам овулација , дали со пиење на климофенот може да се забремени , без инсеминација ? Го чекам твојот одговор Поздрав

Debora
Администратор
Администратор
Мислења: 11056
Придружен: 22 Sep 2009, 17:24
Му се допанале: 5853 пати
Им се допаднал: 3576 пати

Re: Ќе правам инсеминација

Post by Debora » 18 Nov 2010, 13:01

Јас правев инсеминација во Ремедика и задолжително бараа ХСГ и брисови. Ако не се проодни јајцеводите инсеминацијата е залудна или пак ако има некоја бактерија може уште повеќе инфекцијата да се прошири или да наштети на бебето. Затоа се прават прво испитувањата. Каде планираш да правиш инсеминација?

А со Кломифен секако дека може да се забремени и без инсеминација. Овој месец тоа и се случи на Кока. Веројатно лекарот ви препорачал инсеминација заради проблемот со спермограмот, да се скрати патот кој треба да го поминат сперматозоидите и спермата ќе биде прочистена.
Високиот Пролактин може да ја спречува овулацијата, ама знаеш дека тој се качува и од нервози.
Обиди се да се опуштиш (знам колку ова може да биде тешко) и не ја губи верата и надежта. (a2)

ilijana123
Нов член
Нов член
Мислења: 8
Придружен: 09 Oct 2010, 20:08

Re: Ќе правам инсеминација

Post by ilijana123 » 18 Nov 2010, 13:32

Значи ништо не е дефинитивно договорено за инсеминација тоа беше само предлог од страна на докторот да почекаме до нова година бидејќи можно е целиот проблем да го предизвикува пролактинот и на мм теразооспермија , но ни рече ништо страшно дека таа состојба кај мм можеби е моментална и му ги препишаа витамините а спермокултурата кажаа дека е во ред, и од тие причини рече да почекаме ако не ќе помогнеме инаку се работи за Систина. А што се однесува до опуштањето дури ни самата не можам да се препознаам , воопшто не се замарам за разлика од порано кога се на тоа мислев, а сега сакав да се консултирам со тебе зошто за нашиот проблем не е запознат апсолутно никоја само јас и мм и затоа сакам на моменти тоа да го споделам баш со тебе .... (laugh1)

Debora
Администратор
Администратор
Мислења: 11056
Придружен: 22 Sep 2009, 17:24
Му се допанале: 5853 пати
Им се допаднал: 3576 пати

Re: Ќе правам инсеминација

Post by Debora » 18 Nov 2010, 13:35

Лилјана слободно консултирај се, давај си издишка и се што ти е потребно. (a2) Форумов постои за таа намена. (kup)
Штом се работи за Систина сигурно ќе ги бараат тие испитувања, ама дај Боже да останеш бремена до тогаш. (smile)

Peperutka
Модератор
Модератор
Мислења: 2603
Придружен: 18 Oct 2010, 20:28
Му се допанале: 940 пати
Им се допаднал: 618 пати

Re: Ќе правам инсеминација

Post by Peperutka » 19 Nov 2010, 13:55

Лилијана (a2) (a2) (a2)

Matea27
Домашен член
Домашен член
Мислења: 867
Придружен: 02 Feb 2011, 11:15
Му се допанале: 151 пати
Им се допаднал: 47 пати

Re: Ќе правам инсеминација

Post by Matea27 » 03 Jul 2011, 08:32

Срцки ај ќе ве замолам тие што имае правено инсеминација ако сакате пишете ми колки пари е на приватно....ве молам поздравчеее

carina
Домашен член
Домашен член
Мислења: 726
Придружен: 20 Jul 2011, 08:21
Location: skopje
Му се допанале: 193 пати
Им се допаднал: 279 пати

Re: Ќе правам инсеминација

Post by carina » 20 Jul 2011, 12:33

јас имам висок пролактин и пијам достинекс таблети,според докторот ова е причина што јас не можам да имам второ дете,па се мислам за инсеминација.сакав да ве прашам дали можам да останам бремена и со висок пролактин ако направам инсеминација и ги примам претходно лекарствата што сте ги пиеле вие т.е.кломифен и прегнил.не знам дали добро го поставив прашањево,и јас имам неодговорени прашања кои му ги поставувам на мојот доктор.поздрав

Debora
Администратор
Администратор
Мислења: 11056
Придружен: 22 Sep 2009, 17:24
Му се допанале: 5853 пати
Им се допаднал: 3576 пати

Re: Ќе правам инсеминација

Post by Debora » 20 Jul 2011, 13:03

Проблемот со пролактинот е што кога е висок ја спречува овулацијата и затоа не може да се забремени. Ако со лекарствата се доведе на нормално ниво, можеш да правиш инсеминација или да се обидеш природно. Дали со лекарствата имаш овулација?

Mamino_srce
Домашен член
Домашен член
Мислења: 872
Придружен: 27 Apr 2011, 22:26
Му се допанале: 103 пати
Им се допаднал: 107 пати

Re: Ќе правам инсеминација

Post by Mamino_srce » 20 Jul 2011, 13:43

Да ли висок пролактин е секогаш узрочник за немање овулација или може да биде и некој друг фактор? Мене на пример ми изостануваше овулација, докторот ми кажа дека секоја жена не мора секој месец да има овулација, сега на мене ми изостануваше подолг период, па тоа значи ли дека ми беше висок пролактин или можеби некој друг проблем? Нели со кломифен имав овулација, тоа значи дека е нешто друго? Уф , ала закомплицирав. (confus)
Можеби некој знае, чисто ме интересираше?

Debora
Администратор
Администратор
Мислења: 11056
Придружен: 22 Sep 2009, 17:24
Му се допанале: 5853 пати
Им се допаднал: 3576 пати

Re: Ќе правам инсеминација

Post by Debora » 20 Jul 2011, 14:06

Не мора само пролактинот да е пречка за овулација. Ама за да има овулација , треба пролактинот да биде во нормални граници.

Одговори

Return to “Инсеминација”