IVF со природен циклус

Се што е поврзано со ин витро постапка, нашите искуства, клиники за ин витро, ин витро преку фонд и секакви други совети.

Moderator: Модератори

Правила на форумот
ТУКА
Ве молиме да се придржувате до темите. Пораките кои ја насочуваат темата во друга насока, ќе бидат избришани , едитирани или префрлени во друга тема. Доколку сметате дека нема соодветна тема или не можете да ја најдете, ве молиме започнете нова.
Miki
Домашен член
Домашен член
Мислења: 600
Придружен: 09 May 2012, 17:27
Му се допанале: 33 пати
Им се допаднал: 133 пати

IVF со природен циклус

Post by Miki » 22 Aug 2012, 07:17

Девојки ме интересира оваа тема и вашите искуства и сознанија со ивф во природен циклус. Тоа подразбира без дополнителна хормонална терапија за стимулација на развивање на голем број јајце клетки. Во спонтан циклус најчесто се добива една јк (најчесто, ама не секогаш) а со самото тоа, шансите за успех се помали.
Како и да е, некако чуствувам одговорност кон себе дека треба да се обидам барем со еден природен циклус на ивф, пред да почнам да го бомбардирам организмот со јаки хормони.
Мојот гин е голем поборник за тоа, посебно зашто ме убедува дека кај мене нема никаков проблем, посебно не со овулација, и после години фоликулометрија и прегледи и ехо и.... секој пат наоѓаме барем еден одличн фолкул. Исто е убеден дека квалитетот на јк во природен циклус е многу подобар отколку со хормони. Можда сум под негово влијание зашто многу го почитувам, ама да не се фактор парите стварно би одела прво и со неколку природни циклуси.
Што мислите вие? Има некој некакво искуство со ова? Вреди да се проба?

Debora
Администратор
Администратор
Мислења: 11056
Придружен: 22 Sep 2009, 17:24
Му се допанале: 5853 пати
Им се допаднал: 3576 пати

Re: IVF со природен циклус

Post by Debora » 22 Aug 2012, 10:50

Немам искуство, ама 100% се согласувам со тебе, зошто да се клукаш непотребно со толку хормони, ако може да се успее и без нив, па макар и со помали шанси. Ќе навивам со цело срце да успеете уште во првиот природен ин витро циклус.

Miki
Домашен член
Домашен член
Мислења: 600
Придружен: 09 May 2012, 17:27
Му се допанале: 33 пати
Им се допаднал: 133 пати

Re: IVF со природен циклус

Post by Miki » 22 Aug 2012, 11:41

А девојки, оние што имате правено ин витро.... пред да правите, размислувавте ли за спонтан циклус? И ако не, зашто не? (smile)

Peperutka
Модератор
Модератор
Мислења: 2603
Придружен: 18 Oct 2010, 20:28
Му се допанале: 940 пати
Им се допаднал: 618 пати

Re: IVF со природен циклус

Post by Peperutka » 22 Aug 2012, 12:14

И јас се согласувам со Дебора (smile) Нашата Првенка имаше едно неуспешно ИВФ со хормони па после тоа направи ИВФ во природен циклус и испадна успешно и сега има двомесечно синче.Ти посакувам среќа Мики и да се израдуваш со bfp

Lejla7
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 4049
Придружен: 24 Oct 2011, 14:34
Му се допанале: 1286 пати
Им се допаднал: 1103 пати

Re: IVF со природен циклус

Post by Lejla7 » 22 Aug 2012, 13:00

Да бидам искрена пред случајот со Првенка никако не размислував за ин витро на спонтан циклус...но сега размислувам и за таа опција. Сепак, прво би се обидела со ИВФ со хормонска стимулација бидејќи како што се покажа во мојот случај јас едвај добивам неколку фоликули со јака стимулација, а пак без стимулација некако ми е ептен коцкање (unsure) - ќе има една јк или не (ner)
Што се однесува до хормоните, кога правев ИВФ не ми беше воопшто тешко ниту пак се чувствував наклукано, немав нус појави, а претходно бев многу исплашена како ќе е и што ќе се случи од нив...па ништо лошо не бидна. Имав слушано се и сешто, читав за секакви случаи, за хиперстимулација, за ненормален апетит, здебелување...мислам и повеќе се исплашив од тоа што го прочитав на Интернет. Јас од Кломифен имам повеќе нус појави отколку од хормонските инјекции (confus)
Ако си финансиски во можност зошто да не си пробаш ин витро на спонтан циклус, плус велиш дека се е во ред со овулацијата и ако добро се сеќавам ти со Кломифен имаше повеќе фоликули, така? Значи секако добиваш една јк без Кломифен, без ништо.Голем процент на успешност би имало во твојот случај (thumbsup)

Miki
Домашен член
Домашен член
Мислења: 600
Придружен: 09 May 2012, 17:27
Му се допанале: 33 пати
Им се допаднал: 133 пати

Re: IVF со природен циклус

Post by Miki » 22 Aug 2012, 13:41

Абе Lejla, тоа е како видео игрица, со повеќе нивоа... да стигнесш до пункција е прво ниво. За овамислам само фоликулометрија се наплаќа. Па после имаш следно ниво, со пункција ако извадиш јк, тоа се плаќа 10.000мкд. Па после имаш следно ниво, таа ј.к да се оплоди, па после да почне да се развива добро и да се добие квалитетна бластоциста, па ако стигнеш до трансфер, тоа се плаќа + 25.000мкд. И дури после, според мене најтешкото ниво, таа бластоциста да се вгнезди ...
Така да, не е само да имаш јк...ама се надевам вреди да се проба.
А што се однесува на хормоните, мене оние 'моменталните' нус појави здебелување, подување и сл. не ме ни плашат. Ме плашат тие подолгорочните влијание.
А јас навистина неможам да сфатам како поднесувате по 10 и повеќе дури и за 20 сум чул фоликули. Јас од кломифен имам 2-4 водечки. Ама толку ме болат јајниците, што односи е невозможно да имам, тоа е мучење. Дури и овој циклус што не зимав кломифен, ама минатиот зимав... ужасни болки имав цел ден (sad1)
Не мислам дека скроз сум откажана од стандарниот ин витро протокол, факт е дека шансите се далеку поголеми, ама поскап е прилично и несакам да си ги трошам ваучерите од фонд (што се нааааадевам ека ќе ги добијам (unsure) ) на поефтинава варијанта.
А Првенка е голема мотивација, се надевам ќе пише нешто од нејзиното искуство.... дека обично знам со 2месечно бебушче нема што друго човек, освен да кисне на нет (rolll)

Lejla7
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 4049
Придружен: 24 Oct 2011, 14:34
Му се допанале: 1286 пати
Им се допаднал: 1103 пати

Re: IVF со природен циклус

Post by Lejla7 » 23 Aug 2012, 09:19

Мики, ај не ме плаши, какво подолгорочно влијание???
Така не смееш да размислуваш. Ако така мислиме треба да се плашиме и од храната што ја јадеме и од водата што ја пиеме, ништо веќе не е здраво 100% и никој не може да гарантира квалитет, ама мораме да се прилагодиме. Па и воздухот што го дишеме, каков е? Не така.
А за фоликулите, какви 10, јас едвај имав 8, и не ме болеа јајниците воопшто. Не знам како ги поднесуваат другите, но јас немав проблем. А не е баш исто да се прашуваш во првото „ниво“ ќе има ли или ќе нема јк, тоа е прв чекор, а јас во видео игрите сум прилично амбициозна (smile) Сакам да си одам на сигурно (smile)
Ти ќе си одлучиш што да правиш. Јас само си кажав што мислам дека е најдобро во мојот случај, а мојот и твојот се многу различни.

Debora
Администратор
Администратор
Мислења: 11056
Придружен: 22 Sep 2009, 17:24
Му се допанале: 5853 пати
Им се допаднал: 3576 пати

Re: IVF со природен циклус

Post by Debora » 23 Aug 2012, 11:24

НE е работата за плашење, туку реално да се согледаат работите и можностите. Факт е дека хормоните не се бонбони и можат да остават последици, и факт е дека и покрај тоа за да се дојде до целта сите се нафаќаме на ризикот. Е сега ако може да се избегнат, па зошто да не. (thumbup)
Јас не се сеќавам со кој др. кога разговарав ми рече дека на моја возраст (тогаш имав мислам 37-38) не би имало смисла да се обидувам со природен циклус, и дека тоа било за помлади.
Јас во секој случај сум ЗА (ако финансиите не се проблем се разбира) па макар и да не е успешно, ама ќе знам дека сум пробала. Па после секако останува опцијата со хормонална стимулација.

Matea27
Домашен член
Домашен член
Мислења: 867
Придружен: 02 Feb 2011, 11:15
Му се допанале: 151 пати
Им се допаднал: 47 пати

Re: IVF со природен циклус

Post by Matea27 » 23 Aug 2012, 13:31

неможев а да не напишам....
еве од мое искуство ке пишам па вие не знам како ке ме разберете....
јас од мои 14 години од кога добив прв пат менстуација имав проблеми,не ми доаѓаше редовно,добро тогаш бев млада и ми викаа демек ке ти се стабилизира не се секира,така и продолжи и од 15 година од кога почнав по гинеколози јас не знам дали сум застанала,сето ова само од полицистични јајници,кои некогаш си доаѓаше на време а некогаш и по 2-3 месеци немав менструација.тогаш бев средно во скопје и прв пат отидов во државна на др.Сапунов и тој ми кажа дека тоа е проблем и дека ке имам проблем и за забременување,така и бидна.цело време си бев на терапии,контрацептиви,се до пред три години кога решивне со сега мојот маж дека сакаме бебе.и се ми викаше мојот матичен не се секирај лесно ке останеш ама не беше така,првит пат стварно останав ама имав спонтан на 8 недела,и од тогаш поминаа три години и некој месец и никако да забременам,додека не се отрув од апчиња и не решивме да одиме да поднесеме документи за преку фондот,па за срека ни одобрија и право не ни размислувавме за спонтан циклуц туку дирекно со стимулации.за срека се помина со лесно,ама и не баш мн лесно ама се се заборава,и сега сум бременка 11 недела и некој ден.не ми се трошеше веке време бидејки немав веке живци за да издржам,веке почна и на психичка база да ми е,само апчиња,апчиња и нема крај....мое мислење е ако имате проблем како мојот,јас и онака бев нон стоп или на контрацептиви или на стимулации(кломифен),па после проблеми со цисти,па други апчиња за пукаше на цисти,па кога ке ми дојдење крварења и тоа многу што еднаш стигнав и до киретажа зашто не ми престанување крварењето ни со апчиња ни со ништо....
на сите ви ја посакувам единствената желба да ви се оствари многу брзо,без разлика како ќе си одлучите,ама со инвитро со стимулации повеке се шансите за успех,јас имам уште 6 замрзнато,па здравје за понатаму ке ми се најдат ако пак не можам да останам природно....
извинете за постот ама морав се да ви напишам за да ме разберете....

Debora
Администратор
Администратор
Мислења: 11056
Придружен: 22 Sep 2009, 17:24
Му се допанале: 5853 пати
Им се допаднал: 3576 пати

Re: IVF со природен циклус

Post by Debora » 23 Aug 2012, 13:43

Матеа се разбира дека ако има неков проблем со хормоните, овулација и слично дека се оди со стимулација. (thumbup)
Со природен циклус се оди ако овулацијата си е во ред, а има некоја друга пречка нпр. запушени јајцеводи, идиопатска неплодност и сл.

Одговори

Return to “Ин витро и Наши дневници на ИВФ”