Боледување по ембрио трансфер

Се што е поврзано со ин витро постапка, нашите искуства, клиники за ин витро, ин витро преку фонд и секакви други совети.

Moderator: Модератори

Правила на форумот
ТУКА
Ве молиме да се придржувате до темите. Пораките кои ја насочуваат темата во друга насока, ќе бидат избришани , едитирани или префрлени во друга тема. Доколку сметате дека нема соодветна тема или не можете да ја најдете, ве молиме започнете нова.
Lejla7
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 4048
Придружен: 24 Oct 2011, 14:34
Му се допанале: 1284 пати
Им се допаднал: 1103 пати

Боледување по ембрио трансфер

Post by Lejla7 » 24 Aug 2012, 11:30

Ги молам девојките кои во скоро време правеа ин витро да споделат овде дали зедоа боледување по трансферот (за да мируваат), колку дена дозволуваат и каква е процедурата?

Јас кога го правев ин витрото лани во октомври добив 14 дена од матичен гинеколог, за продолжување ми кажаа пред комисија (не знам како е тоа зошто не ми требаше повеќе), но сега знам дека Законот се смени и боледување многу тешко се добива. Па споделете што знаете (thumbsup) Однапред благодарам

Lejla7
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 4048
Придружен: 24 Oct 2011, 14:34
Му се допанале: 1284 пати
Им се допаднал: 1103 пати

Re: Боледување по ембрио трансфер

Post by Lejla7 » 26 Aug 2012, 10:47

Зошто никој не пишал??? Ааа, ќе се караме (rp)
Матеа, ТинаВ, Надеж .... каде сте? Сигурно има и други кои правеле ИВФ во скоро време?

Matea27
Домашен член
Домашен член
Мислења: 867
Придружен: 02 Feb 2011, 11:15
Му се допанале: 151 пати
Им се допаднал: 47 пати

Re: Боледување по ембрио трансфер

Post by Matea27 » 26 Aug 2012, 12:40

лејла прочитав ама јас не сум вработена па затоа не ти напишав,јас првите три дена лежев никако не станував,само за во вц и за јадење,дури и не се бањав,само се одмивав на шољата со камилица чај,после третиот ден се избањав,излегов до дворот,ама пак одмарав по цел ден,гледав комедии,слушав релакс музика и да ти кажам право брзо ми поминаа деновите,по цел ден филмови гледав....
а после 10 ден се нормално си правев,си шетав,одев до комшивките на кафе,на продавница....
твое е да си одлучиш како ке направиш,на мене др.не ми кажа ништо,ја прашав сестрата ми кажа првите три дена да одмарам а после се исто како порано....
поздравчеее

imambebe
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 1603
Придружен: 30 Apr 2011, 00:18
Му се допанале: 216 пати
Им се допаднал: 588 пати

Re: Боледување по ембрио трансфер

Post by imambebe » 26 Aug 2012, 16:22

I mene mnogu me interesira ova, jas rabotam vo parfimerija, celo vreme disam hemikalii,na noze sum klekni stani, a koga otvoram i zatvoram dukan treba da spustam i krevam resetki koi mi se teski i vaka a ne pa bremena i toa so in vitro, a plus i moja koleska koja pominala niz istoto se cuvstvuvala ok i si pocnala na rabota otkako i kazale deka e bremena,na rabota normalno dvizenje i op nemalo srceva akcija, posle slednoto in vitro miruvala celo vreme ama sekoj mesec i go obnovuvale boleduvanjeto, znaci luge pojma nemam sto ke se pravi,pa i jas sakam da odam na rabota,ama kaj odvaj ke dojdes do dete (do bremenost),pa da se iskomplicira, aman (ner)

Nadez
Нов член
Нов член
Мислења: 38
Придружен: 31 Jan 2012, 21:49
Им се допаднал: 2 пати

Re: Боледување по ембрио трансфер

Post by Nadez » 27 Aug 2012, 15:10

Lejla me povika pa morav da se javam (smile) Jas zedov boleduvanje 14 dena i toa mi pokri nekolku denovi okolu transferot (oti neli ne sum od Skopje pa za da ne se setam navamu natamu poslednite denovi od procedurata gi pominav Skopje) i posle transfer lezenje edna nedela. Na 9tiot den posle transfer otidov na rabota (kancelarija sedenje pa nemav problem). E sega ako se sekavam ubavo doktorkata bese mi rekla deka soglasno najnovi promeni vrz osnova na toa sto e praveno IVF komisija odobruva i do 3 meseci boleduvanje posle transfer. Iskreno ova ne go proveriv bidejki ne mi bese potrebno no sepak proverete ako e taka zosto da ne se iskoristi kade sto ima potreba.
Ete iscrpno moeto iskustvo - pa so sreka na site.

Lejla7
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 4048
Придружен: 24 Oct 2011, 14:34
Му се допанале: 1284 пати
Им се допаднал: 1103 пати

Re: Боледување по ембрио трансфер

Post by Lejla7 » 27 Aug 2012, 17:07

Се исплаши од сукалото, а Надеж? (rolll) (rolll) (rolll) Се шегувам. Многу благодарам за одговорот, ете дознавме нешто корисно.
Матеа, па јас колку што се сеќавам ти нели започна со работа и тоа некаде во исто време кога ти одобрија ИВФ од Фондот??? Што се случи?
Сакамбебе, ако дознаам нешто повеќе за оваа тема ќе ти пишам, и да ти кажам за да не ти е шубе, најубаво земи си боледување.Е сега платата е помала,ама...Јас не работам со хемикалии, ама работам со деца, а во есен и зима постојано закачувам настинки и вируси од нив и затоа ми беше многу шубе да продолжам да работам по трансферот.

imambebe
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 1603
Придружен: 30 Apr 2011, 00:18
Му се допанале: 216 пати
Им се допаднал: 588 пати

Re: Боледување по ембрио трансфер

Post by imambebe » 27 Aug 2012, 22:16

Fala ti Lejla7 i jas ako doznam nesto vednas ve informiram

Miki
Домашен член
Домашен член
Мислења: 600
Придружен: 09 May 2012, 17:27
Му се допанале: 33 пати
Им се допаднал: 133 пати

Re: Боледување по ембрио трансфер

Post by Miki » 28 Aug 2012, 00:08

sakambebe wrote:i kazale deka e bremena,na rabota normalno dvizenje i op nemalo srceva akcija, posle slednoto in vitro miruvala celo vreme ama sekoj mesec i go obnovuvale boleduvanjeto,
Морам да го коментирам ова... стварно мислам дека дека неможе поради движење или одење на работа да дојде до 'немање срцева акција' или па дека боледувањето било пресудно за успешниот исход следниот пат. Секогаш се прашуваме самите и сакаме да најдеме причина и објасување, а за жал наоѓаме и грижа на совест ... но во тој стадиум, на тоа клеточно ниво, стварно неможеме да влијаеме толку физички. Има тука многу повеќе (микро)биологија отколку механика (што и да значи ова што го пишав (rolll) ) По мене, поголема штета е ако сум напната дека морам да лежам и неможам да се опуштам отколку ако одам на работа или пешачам неколку саати или се качам на водно...

Ок, 3 дена после трансфер да се одмара ... прифаќам, тоа повеќе да се постигне и психички мир и рамнотежа, ама да не се бањам... и дека тоа влијае на срцевата акција ми е too much ...
Lejla, она со вирусите е ок, ама тоа е ризик за првите недели од бременеста, ама со забременување, мислам дека нема многу врска. Е сега ако трчаш цел ден по дечиња, ги креваш,.... тоа е веќе друго, ама стварно незнам и нај совесен гин што би ти препорачал мирување повече од неколку дена.

Lejla7
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 4048
Придружен: 24 Oct 2011, 14:34
Му се допанале: 1284 пати
Им се допаднал: 1103 пати

Re: Боледување по ембрио трансфер

Post by Lejla7 » 28 Aug 2012, 16:35

Мики, првото нешто што го кажува гинекологот по трансфер е да не креваш тешко и да се пазиш од настинки...а јас за настинки сум магнет. И знам дека не можам да влијаам на забременувањето, ама друго е кога ќе знам дека сум сторила се што е во мои раце за да го потпомогнам тоа, а друго е знаејќи си ја работата и здравјето да терам како ништо да не било...Чисто за мој личен мир. Кој не влегол во училница во зима, ништо не знае. Кој кашла, кој кива, кој брише мрсули, а јас мора да сум меѓу нив, нема веќе стоење пред табла и раскажување лекција како во наше време...Мислам дека периодот по трансферот не е баш идеално време за стекнување имунитет и челичење
А инаку се слагам со она што го велиш за лежењето, повеќе од три дена е навистина стресно и непотребно и не е гаранција за успех. Ама ете имаме случаи кога успеале токму кога мирувале подолго време.
Сепак секоја од нас е посебен случај и нормално посебен карактер, па тоа што за некој е прифатливо и нормално, за другиот е неиздржливо. Секој ќе си направи како му одговара, тука само споделуваме искуства

Lejla7
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 4048
Придружен: 24 Oct 2011, 14:34
Му се допанале: 1284 пати
Им се допаднал: 1103 пати

Re: Боледување по ембрио трансфер

Post by Lejla7 » 28 Aug 2012, 16:44

Miki wrote: ...но во тој стадиум, на тоа клеточно ниво, стварно неможеме да влијаеме толку физички. Има тука многу повеќе (микро)биологија отколку механика (што и да значи ова што го пишав (rolll) ) По мене, поголема штета е ако сум напната дека морам да лежам и неможам да се опуштам отколку ако одам на работа или пешачам неколку саати или се качам на водно...

Ок, 3 дена после трансфер да се одмара ... прифаќам, тоа повеќе да се постигне и психички мир и рамнотежа, ама да не се бањам... и дека тоа влијае на срцевата акција ми е too much ...
Lejla, она со вирусите е ок, ама тоа е ризик за првите недели од бременеста, ама со забременување, мислам дека нема многу врска. Е сега ако трчаш цел ден по дечиња, ги креваш,.... тоа е веќе друго, ама стварно незнам и нај совесен гин што би ти препорачал мирување повече од неколку дена.
Токму за микробиологијата зборувам - микроби (scared)
И кој кажа нешто за бањањето, сум пропуштила изгледа нешто (rolll) (rolll) (rolll) таман работа да не се бањаш (rolll) (rolll) (rolll)
А боледување нема од три дена, една недела е најмалку и онака, а плата исто ќе земеш и за една недела и за две, така да веќе ако се одлучиш за боледување, најисплатливо е 14 дена. И не мора да лежиш цело време

Одговори

Return to “Ин витро и Наши дневници на ИВФ”