Page 1 of 60

Ин-витро преку фондот за здравство

Posted: 30 Sep 2009, 13:10
by Debora
До сега со Фондот за здравство за ин-витро оплодување имаа склучено договор:
Систина - Скопје
Ремедика - Скопје
Плодност - Битола
во поново време имам слушнато дека тоа го направиле и:
Ултрамедика - Скопје
Поликлиника Др, Органџиски - Штип
Ако некој има други информации нека пише.

Re: Ин-витро преку фондот за здравство

Posted: 30 Sep 2009, 13:22
by Debora
Потребни документи и испитувња при пријавување за Ин-витро преку фондот за здравство:
А) За жената
1 Ехо на јајцици и матка.
2 Колпоскопски преглед.
3 Снимки од ХСГ или лапароскопски наод.
4 Хормонски статус на третиот ден од циклусот: FSH, LH, Естрадиол и Пролактин. Нивото на Прогестерон во лутеалната фаза (не постари од 6 месеци).
5 Копија од крвна група и Rh фактор.
6 Тест за HIV, Хепатитис Б и Ц (не постари од 6 месеци).
7 Микробиолошки брисеви (не постари од 6 месеци).
8 ПАП тест.
9 Крвна слика, шеќер во крвта и седиментација.
10 Доколку јајцеводите се проодни, се бара претходно да се има направено 2-3 инсеминации.
Б) За мажот
1 Спермограм
2 Спермокултура (не постара од 6 месеци).
3 Тест за HIV, Хепатитис Б и Ц (не постари од 6 месеци).

Re: Ин-витро преку фондот за здравство

Posted: 18 Nov 2009, 08:34
by Maca
Nema potreba od 2-3 inseminacii...dovolno e samo edna neuspesna inseminacija pri proodni jajcevodi.

Re: Ин-витро преку фондот за здравство

Posted: 23 Apr 2010, 11:00
by milenaa
Da dogovor so fondot za zdravstvo ima i dr Organdziski

Re: Ин-витро преку фондот за здравство

Posted: 20 Sep 2010, 19:27
by Debora
Уште ли се потребни истите документи или сега има измени во законот?

Re: Ин-витро преку фондот за здравство

Posted: 21 Sep 2010, 08:24
by prvenka
Debora,eve kako ide samata postapka

Обврски на матичниот гинеколог, осигуреникот, подрачната служба на Фондот за процесирање на документите, Комисијата за одобрување на БПО постапки, здравствените установи.

Обврски на матичниот гинеколог и осигуреникот за започнување на постапката

Осигуреното лице кое сака да започне постапка за остварување на право на БПО најпрво се јавуваат кај избраниот лекар – гинеколог. Гинеколог треба да ја прегледа претходната медицинска документација и да го упати лицето на сите потребни испитувања согласно Правилникот.

Сите анализи и дијагностички процедури кои се потребни за вклучување во постапката за БПО (наброени во член 8 од Правилникот) можат да се вршат со упат од избран гинеколог во здравствени установи со кои Фондот има склучено договор, односно со сино картонче. Избраниот гинеколог треба да го упати пациентот да ги направи потребните испитувања во оние установи кои се овластени за вршење на такви испитувања.

Доколку осигуреното лице, односно парот, се решат неопходните анализи да ги направат во некоја од здравствените установи со кои Фондот нема склучено договор, тогаш трошоците ги сносат самите осигуреници, без можност за поврат на средствата од страна на Фондот.

Откако осигуреното лице ќе ги обезбеди сите потребни медицински документи треба да го обезбеди Предлог образецот бр. 3 (Предлог (П-БПО)), којшто може да го подигне од Подрачната служба на Фондот или да го симне од веб страната на Фондот www.fzo.org.mk . Предлог образецот го доставува до гинекологот, којшто го пополнува, потпишува и заверува. Потоа, гинекологот ја прегледува, приложува и подредува сета потребна медицинска документација во оригинал. На предлог образецот мора да се потпише и осигуреното лице со што потврдува дека е спремно да ја започне постапката.

Пред да ги достави оригиналните документи до Фондот осигуреното лице треба да направи копии за сопствени потреби како и доколку има потреба подоцна во текот на БПО постапката.

По комплетирање на сите медицински документи, осигуреното лице се обраќа во Подрачната служба на Фондот каде пополнува барање и изјава. Одговорното лице во подрачната служба на Фондот треба да му помогне на осигуреното лице, односно парот, да го пополни барањето (образец бр.1), да провери дали истото е правилно пополнето, дали во прилог е потребната документација и дали осигуреното лице односно парот ја пополнило и потпишало изјавата (образец бр. 4). Обрасците за барањето и изјавата осигуреното лице може да ги најде на веб страната на Фондот за здравствено осигурување www.fzo.org.mk или во подрачната служба на Фондот.



Обврски на подрачната служба на Фондот за процесирање на документите

Кога ќе ги прегледа доколку се сите документи во ред, одговорното лице во подрачната служба на Фондот истите ги архивира.

По приемот и архивирањето на документот подрачната служба врши проверка и изготвува потврда за бројот на претходно остварени БПО постапки на товар на Фондот (рефундации) како и за претходно отсуство од работа поради бременост, раѓање и мајчинство (породилно боледување).

Комплетната документација заедно со изготвената потврда за претходните БПО постапки и породилно отсуствување, подрачната служба ги испраќа кај Секретарот на Комисијата.



Обврски на Комисијата за одобрување на БПО постапки

Секретарот го разгледува барањето и врши проверка за бројот на претходно остварени БПО постапки на товар на Фондот врз основа на потврдата издадена од подрачната служба и евиденцијата во централната служба на Фондот која се води од септември 2008 година. Комплетните барања секретарот ги проследува до Комисијата.

Комисијата одлучува за остварување на постапката за БПО во рамките на предвидениот глобален буџет за БПО, согласно Одлуката на Управниот одбор на Фондот. Динамиката на разгледување на предметите ќе се одредува во зависност од бројот на поднесените барања.

Врз основа на предлогот од избраниот гинеколог со пропратна медицинска и административна документација, Комисијата дава оценка и мислење за потребата од спроведување на БПО постапка.

Комисијата донесува одлука која може да биде позитивна, негативна или осигуреното лице да го упати на дополнителни медицински испитувања, по кои повторно ќе се произнесе.

Наодот, оценката и мислењето Комисијата ги дава во форма на стручно мислење, врз основа на кое Фондот доставува известување во пропишан образец Известување (И-БПО) до осигуреното лице. Известувањето осигуреното лице го добива писмено на адресата за контакт наведена во барањето.



Обврски на осигуреникот по добивање на известување за БПО

По добивање на известувањето со кое му е одобрено правото на БПО, осигуреното лице од избраниот гинеколог прибавува упат за специјалистичко–консултативна здравствена заштита до здравствената установа со која Фондот има склучено договор за БПО, по избор на осигуреното лице.

По добивање на известување во кое се бара осигуреното лице да се упати на дополнителни медицински испитувања, со известувањето лицето оди кај избраниот гинеколог кој ќе го упати на истите. Откако ќе ги направи сите дополнителни испитувања како во известувањето, осигуреното лице без нов предлог од избраниот гинеколог ги поднесува документите за тие испитувања заедно со известувањето до секретарот на Комисијата за остварување на право на БПО при Фондот. Секретарот ги проследува документите до Комисијата, која повторно ќе се произнесе.

По добивање на негативно известување осигуреното лице во рок од 8 дена од денот на добивање на известувањето има право на приговор до директорот на Фондот.

Известувањето на директорот на Фондот по приговорот е конечно по кое осигуреното лице има право да поведе парница.

Правото на БПО осигуреното лице може да го оствари во рок од шест месеци од денот на приемот на известувањето дека му е одобрено БПО. Доколку не го искористи правото во текот на спомнатиот период, истото му истекува, гинекологот не може да му издаде упат и осигуреникот ќе треба одново да ја започне целата постапка.



Обврски на здравствена установа која врши БПО

Здравствената установа во која осигуреното лице е упатено од избраниот гинеколог да ја изврши здравствената услуга го известува Фондот за започнување на БПО постапката.

Здравствената установа во која осигуреното лице ќе ја започне постапката за БПО пред отпочнување на постапката е должна да го запознае осигуреното лице со Протоколот за завршени здравствени услуги кои паѓаат на товар на средствата на Фондот за БПО и да му објасни што и во колкава количина е покриено од Фондот.

По завршување на постапката за БПО Протоколот се заверува и потпишува од здравствената установа и осигуреното лице.

За завршената БПО услуга осигуреното лице плаќа во здравствената установа партиципација од 6.000 денари.

Сите лекови, услуги и материјали кои ќе бидат потрошени во текот на БПО постапката, а не се составен дел од од протоколот, трошоците за истите ги сносат самите осигуреници, без можност за поврат на средствата од страна на Фондот.

Re: Ин-витро преку фондот за здравство

Posted: 21 Sep 2010, 09:15
by prvenka
Eve go upatstvoto,mislam deka e ubavo objasneto za onie sto gi interesira (thumbsup)
http://www.fzo.org.mk/WBStorage/Files/U ... cekori.pdf

Eve gi i obrascite
obrazec 1
http://www.fzo.org.mk/WBStorage/Files/O ... ranje0.pdf
obrazec 2 http://www.fzo.org.mk/WBStorage/Files/O ... %20BPO.pdf
obrazec 3
http://www.fzo.org.mk/WBStorage/Files/O ... ekolog.pdf
obrazec 4
http://www.fzo.org.mk/WBStorage/Files/O ... _vo_PS.pdf
Eve i sto znaci sekoj obrazec poedinecno:
1. Образец 1 БАРАЊЕ за остварување на правото за биомедицинско потпомогнато оплодување (БПО)

2. Образец 2 ПРОТОЛ за завршени здравствените услуги кои паѓаат на товар на средствата на Фондот за биомедицинско потпомогнато оплодување

3. Образец 3 ПРЕДЛОГ за остварување на правото за биомедицинско потпомогнато оплодување (БПО)

4. Образец 4 ИЗЈАВА

Mislam deka pomognav neli (a2) (a2) (a2)

Re: Ин-витро преку фондот за здравство

Posted: 06 Oct 2010, 00:03
by aleksandra30
A dali d-r Organdziski gi vrsi site pregledi i ispituvanja so plavi kartoni, ili toa odi na privatno a samo za in vitro postapkata ima skluceno dogovor so fondot

Re: Ин-витро преку фондот за здравство

Posted: 06 Oct 2010, 01:07
by Lady D
Еве ја страната на Д-р Органџиски, би требало овде да има информации. Се надевам дека ќе помогне! Поздрав

http://www.organdziski.com/

Re: Ин-витро преку фондот за здравство

Posted: 26 Oct 2010, 08:17
by pepa
ZDR ME INTERESIRA DALI I ZA ONIE STO PRAVAT PO 2 PAT INVITRO VAZI NOVIOT ZAKON