Ин-витро преку фондот за здравство

Се што е поврзано со ин витро постапка, нашите искуства, клиники за ин витро, ин витро преку фонд и секакви други совети.

Moderator: Модератори

Правила на форумот
ТУКА
Ве молиме да се придржувате до темите. Пораките кои ја насочуваат темата во друга насока, ќе бидат избришани , едитирани или префрлени во друга тема. Доколку сметате дека нема соодветна тема или не можете да ја најдете, ве молиме започнете нова.
Beba1
Член
Член
Мислења: 243
Придружен: 22 Apr 2014, 21:57
Му се допанале: 21 пати
Им се допаднал: 6 пати

Re: Ин-витро преку фондот за здравство

Post by Beba1 » 15 Mar 2016, 10:39

Здраво на сите, дали можеби знаете за колку време се одобруваат документите за ИВФ кој што се поднесуваат кај Мајка тереза. Благодарам

новинар
Нов член
Нов член
Мислења: 1
Придружен: 25 Mar 2016, 14:41

Re: Ин-витро преку фондот за здравство

Post by новинар » 25 Mar 2016, 16:54

Здраво до сите
Јас сум новинар и правам една истражувачка сторија за Балканската истражувачка мрежа БИРН. Темата е државно инвитро од два аспекти. Долготрајноста на процесот, со собирање на сите потребни документи, чекање за реагенси, постапки кои траат подолго од очекуваното, трчање од една клиника до друга и слично и вториот аспкет е додатните трошоци кои вие сте ги платиле, а кои не ги покрива Фондот, во смисла на хормонски терапии, антибиотици, клексани и слично.
Кој има искуства вакви за оваа тема би ви бил благодарен да ме контактирате со цел темата да биде објективна, а со неа да се помогне за поуспешен, поевтин и побрз инвитро процес.
Можете да ме контактирате тука, на мејл: vladeg99@gmail.com, на Фејсбук: https://www.facebook.com/gjorcev, или на телефоните: 071 355 723, 075 403 089
Ви благодарам
Владо Ѓорчев

anonimna123
Член
Член
Мислења: 147
Придружен: 27 Nov 2014, 00:06
Им се допаднал: 9 пати

Re: Ин-витро преку фондот за здравство

Post by anonimna123 » 19 Apr 2016, 23:15

novinar ke jas ke vi go napisam moeto patesestvie no zdravje boze ponatamu sega nema damozam

Kira
Нов член
Нов член
Мислења: 4
Придружен: 06 Aug 2016, 07:33
Им се допаднал: 3 пати

Re: Ин-витро преку фондот за здравство

Post by Kira » 15 Aug 2016, 10:49

Здраво на сите! Нова сум на форумов но ве следам веќе некое време.

Ве молам, дали може да ми кажете покрај стандардната (наведена) документација која што се бара од фондот за остварување на правото за БПО, за второ ин витро, односно за втор обид дали треба да се достави некоја дополнителна документација и која?

Lejla7
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 4048
Придружен: 24 Oct 2011, 14:34
Му се допанале: 1284 пати
Им се допаднал: 1103 пати

Re: Ин-витро преку фондот за здравство

Post by Lejla7 » 15 Aug 2016, 13:19

Only44you мoже дa ти oдгoвoри, тaa прaвеше ин витрo зa втoрo дете, се нaдевaм декa ќе види.

Или пaк дa се јaвиш нa тел.брoеви oстaвени нaстрaнaтa нa ФЗOМ зa ин витрo?

Мнoгу среќa (bu)

Kira
Нов член
Нов член
Мислења: 4
Придружен: 06 Aug 2016, 07:33
Им се допаднал: 3 пати

Re: Ин-витро преку фондот за здравство

Post by Kira » 15 Aug 2016, 14:58

Лејла фала ти многу за брзиот одговор. Се јавив во фондот ги добив одма и ми ги дадоа сите потребни информации (smile)

only44you
Редовен член
Редовен член
Мислења: 305
Придружен: 21 Sep 2014, 00:49
Му се допанале: 278 пати
Им се допаднал: 95 пати

Re: Ин-витро преку фондот за здравство

Post by only44you » 15 Aug 2016, 21:53

Kira wrote:Лејла фала ти многу за брзиот одговор. Се јавив во фондот ги добив одма и ми ги дадоа сите потребни информации (smile)
Јас се извинувам , но дури сега видов... За втор обид или за второ дете , се собира истата документација како за прво....

Поздрав и секое добро...Многу среќа ти посакувам и што не е јасно слободно прашувај (smile)

Kira
Нов член
Нов член
Мислења: 4
Придружен: 06 Aug 2016, 07:33
Им се допаднал: 3 пати

Re: Ин-витро преку фондот за здравство

Post by Kira » 16 Aug 2016, 13:05

Only44you Фала за одговорот (smile) Јас правам ин витро за второ дете а воедно и второ ивф преку фондот, инаку трето ивф по ред (едно правев преку фонд и едно приватно).

Се јавив во фондот и ми рекоа дека за второ ивф (втор обид) освен документацијата наведена во Барањето (образец 1) потребно е да се достави и извештајот за првото извршено ивф. За второ дете инкаку е потребна истата документација како и за прво, со тоа што е потребно и извод од матична книга на родени за првото дете.

ова го напишав овде за секој случај да не му треба на некого информацијава (smile)

only44you
Редовен член
Редовен член
Мислења: 305
Придружен: 21 Sep 2014, 00:49
Му се допанале: 278 пати
Им се допаднал: 95 пати

Re: Ин-витро преку фондот за здравство

Post by only44you » 16 Aug 2016, 18:52

Kira wrote:Only44you Фала за одговорот (smile) Јас правам ин витро за второ дете а воедно и второ ивф преку фондот, инаку трето ивф по ред (едно правев преку фонд и едно приватно).

Се јавив во фондот и ми рекоа дека за второ ивф (втор обид) освен документацијата наведена во Барањето (образец 1) потребно е да се достави и извештајот за првото извршено ивф. За второ дете инкаку е потребна истата документација како и за прво, со тоа што е потребно и извод од матична книга на родени за првото дете.

ова го напишав овде за секој случај да не му треба на некого информацијава (smile)
Е да да, и извод требаше од првото дете... И ако правиш второ ивф ,а немаш инсеминации , документот од направеното прво ивф ке ти заврши работа т.е нема да мораш да ги правиш инсеминациите ....

Nina13
Нов член
Нов член
Мислења: 6
Придружен: 16 Jan 2018, 19:12

Re: Ин-витро преку фондот за здравство

Post by Nina13 » 16 Jan 2018, 19:20

Здраво девојки.
Ве молам дали има некоја членка која поднела за ваучер со резултат низок естрадиол на 3 ден под 20 (другите хормони ми се во ред) дали може да смета за одобрување? Има ли некоја од вас со ваков или сличен резултат да ми објасни?
Фала Ви на сите за одговорот.

Одговори

Return to “Ин витро и Наши дневници на ИВФ”