Page 60 of 60

Re: Ин-витро преку фондот за здравство

Posted: 19 Jan 2018, 20:05
by Nina13
Девојки ве молам за одговор:
Дали документите мора да се заверени со потпис и печат за да се поднесат во фондот за ваучар за инвитро? На клиника не ставаат печат и потпис. Ве молам некој што поднел да ми објасни :)
Фала.
Позз

Re: Ин-витро преку фондот за здравство

Posted: 21 Jan 2018, 02:24
by snegulka83
Нина документите ти ги потпишува матичен гиниколог и електронски ги испраќа(така беше јас кога поднесував пред една година). Така да мора да ти се заверени. А за резутатот мислам дека можиш да го испратиш, иако не се хормоните во референтни вредности. Тоа им е работа на докторите пред инвитрото ке си дадат ако треба некоја терапија за припрема. Со среќа и да ти одобрат од прва.

Re: Ин-витро преку фондот за здравство

Posted: 22 Jan 2018, 20:33
by Nina13
Фала на одговорот снегулке :)

Re: Ин-витро преку фондот за здравство

Posted: 25 Jan 2018, 15:00
by borjana
Нина јас кога бев во фонд ми дадоа неколку листи да ги попунам да соберам документи ида ја однесам сета документација пак таму ова информација од април мај некаде....

Re: Ин-витро преку фондот за здравство

Posted: 30 Jan 2018, 18:07
by Nina13
Борјана дали се тоа обрасците што ги има на страната на фондот? Изјави од двајцата партнери и уште нешто за финекологпт што пополнува? Дали ти одобрија, колку време чекаше одговор? Се надевам успешно ти искочило се !!! И ако може инфо каде правевте инвитро и како си задоволна ?

Re: Ин-витро преку фондот за здравство

Posted: 30 Jan 2018, 23:24
by borjana
Сите документи, хормони, ХСГ проодност на канали, брисеви, пап, спермокултура и два спермограми, две инсеминации докторот требаше да пише барањеи да ги поддадеме имав во план да правам во New Born зашто таму има мн добар ембриолог, но фала му на Господ останав природно бремена и не стигнав ни да ги однесам... Јас бев во фонд за здравство таму ми објасниа сто треба да направам истоо и матичниот ми помогна.Имав само две инсеминации зошто докторот рече ке ги прима и со две кога ке ја наведам причината а тоа беше слаб спермограм и тежок синдром на полицистични јајници. Јас мн се напнав ги сменив сите навики вежбав користев витамини мн и чаеви и кај мене со помош на Господ се средија работите. Ти посакувам и тебе исто да ти се случи природно. Инаку мн размислував за која клиника и според сите истражувања најмногу допре до мене New Born. Се најдобро ти посакувам..

Re: Ин-витро преку фондот за здравство

Posted: 07 Feb 2018, 19:29
by Nina13
Фала на убавите желби Борјана! Дај боже од твоја уста во божји уши :) браво се израдував на твојата среќа ти посакувам само убавини и понатаму !

Re: Ин-витро преку фондот за здравство

Posted: 06 Aug 2019, 09:42
by Iris82
Здраво на сите после подолго време.
Помина скоро 5,5 години од успешното инвитро, па сега размислуваме да одиме на второ (b4).
Од времето кога вадевме документи за Ин-витро преку фондот до сега се случиле повеќе промени, па ме интересира, бидејќи еднаш добивме ваучер од фондот кој го искористивме, но тагаш постапката не заврши успешно, па нарено не ни пробувавме преку фондот туку приватно, дали имаме право за второ дете да добиеме ваучер или не.
Ве молам доколу некој е повеќе запознаен нека ми одговори.