Дали сум бремена

Забременување, плодни денови, овулација, тест на бременост, искуства и совети за забременување

Moderator: Модератори

Правила на форумот
ТУКА
Придржувајте се до темите. Пораките кои ја насочуваат темата во друга насока, ќе бидат избришани или едитирани. Доколку сметате дека нема соодветна тема или не можете да ја најдете, започнете нова.
ocajnadomakinka
Нов член
Нов член
Мислења: 1
Придружен: 05 Mar 2018, 09:04

Re: Дали сум бремена

Post by ocajnadomakinka » 05 Mar 2018, 09:10

Испив Норлево. Сакав да прашам дали е можно да се исфрли апчето преку одење во ВЦ? 1 час по пиењето на апчето?

Daskalche
Нов член
Нов член
Мислења: 17
Придружен: 02 Jan 2018, 13:40
Им се допаднал: 3 пати

Re: Дали сум бремена

Post by Daskalche » 06 Mar 2018, 20:30

Здраво женски. Јас се разочарав... :'( Немам труднички симптоми, на 10 треба да добијам, денес правев тест за бременост, зошто на него пишуваше дека покажува точност и 4 дена пред да добиеш и испадна негативен :'( А во плодни денови имавме односи, максимално бев опуштена.... И периодов и не се нервирав ни ништо.... И пак негативен испадна тестот. Ми се плаче 😭

Daskalche
Нов член
Нов член
Мислења: 17
Придружен: 02 Jan 2018, 13:40
Им се допаднал: 3 пати

Re: Дали сум бремена

Post by Daskalche » 06 Mar 2018, 20:34

ocajnadomakinka wrote:
05 Mar 2018, 09:10
Испив Норлево. Сакав да прашам дали е можно да се исфрли апчето преку одење во ВЦ? 1 час по пиењето на апчето?
Мислам дека не може. Чим е испиено, тоа е тоа. Се раствара во организмот и почнува да делува. Е сега ако е земено после поминати 72 часа за џабе е и пиено, ако имало незаштитен однос можно е да е фатено. Кај мене таков беше случајот. За жал не заврши добро, немам бебенце :( Поздрав. Ти посакувам да си добро.

ivvi<3
Редовен член
Редовен член
Мислења: 277
Придружен: 11 Mar 2015, 17:40
Му се допанале: 42 пати
Им се допаднал: 134 пати

Re: Дали сум бремена

Post by ivvi<3 » 06 Mar 2018, 22:09

Даскалче, какво разочарување? Исплачи се и глава горе (smile) Башка, почекај. Ти пишав претходно, јас немав никакви симптоми, а направив и тест неколку дена пред мензис, беше негативен. Ми доцнеше 2-3 дена, па имав позитивен тест. Може да е покасно зачнато и не покажува одма тестот, па каков и да е. Колку време се обидувате за бебе, ако не е тајна?

Daskalche
Нов член
Нов член
Мислења: 17
Придружен: 02 Jan 2018, 13:40
Им се допаднал: 3 пати

Re: Дали сум бремена

Post by Daskalche » 09 Mar 2018, 21:36

@ivvi&lt;3 јас пред да се земам со сопругот останав бремена, ама беше неуспешно, празен плод, па морав киретажа да правам. По киретажата направив ПАП тест и испитував преку крв д-димери, афа Ана итн... Сѐ беше во ред со тоа, резултатите беа супер. Од киретажата до сега има поминато веќе 9 месеци точно. За бебе 2 месеца се обидуваме.
Поздрав 😇

Daskalche
Нов член
Нов член
Мислења: 17
Придружен: 02 Jan 2018, 13:40
Им се допаднал: 3 пати

Re: Дали сум бремена

Post by Daskalche » 16 Mar 2018, 16:04

Значи девојки не можам веќе... Ви кажував дека 4 дена пред да добијам правев тест за бременост и испадна негативен. И не добив и еве денес ми е 4 ден како ми касни и решив да си направам тест и пак е негативен, сега кога се враќав од работа го правев, зошто ми рекоа можел да се прави во било кое време од денот. И пак негативен :( Менструација нема, јас имам симптоми сега за сега-јас болни и отечени гради, тврди, мислам дека и бојата на брадавиците е потемна, и осеќам во матката како да имам нешто на моменти и ме болат , особено левата страна... Расположение менувам. Ова се може и знаци на пмс ама мене ми е редовна менструацијата и сега касни, а тест негативен а знам дека и за бебе сме се обидувале и сѐ... Ќе си пукнам. :( На лекар имам закажано во вторник, па ќе видам ама сакав и со тестот да си се порадувам :(

ivvi<3
Редовен член
Редовен член
Мислења: 277
Придружен: 11 Mar 2015, 17:40
Му се допанале: 42 пати
Им се допаднал: 134 пати

Re: Дали сум бремена

Post by ivvi<3 » 16 Mar 2018, 17:45

Даскалче, трк до најблиската лабораторија и провери бета хцг преку крв. Ќе бидеш раат.

Daskalche
Нов член
Нов член
Мислења: 17
Придружен: 02 Jan 2018, 13:40
Им се допаднал: 3 пати

Re: Дали сум бремена

Post by Daskalche » 17 Mar 2018, 10:52

@ivvi&lt;3 ќе одам на лекар сега во вторник ме закажа така да, ќе видам што ќе ми каже, па ќе пишам.
Иначе градиве мн ме болат, ќе ми пукнат, од болка не смеам ни да ги допрам, менувам расположение, час плачам, час се нервирам, час се смејам. Стомакот ми е подуен, лицето исто потечено, јадам обилно, многу ми се јаде, и вагината ми е потемна-усните. Чувствувам некој притисок доле во матката кој ме тера да мокрам, од денес еве одам и во вц почесто, до вчера не. До вчера имав и тапа болка во јајниците и матката, ме болеа куковите и грбот еве денес гледам немам такво чувство. Имам запек, што кај мене тоа не е случај, јас имам редовна столица и плус ми касни мензиз. Требаше да добијам на 13, а сега сме 17 и уште немам. Два теста направив ама не од сабајле зошто ми рекоа shure check бил многу точен и било кога можам да го правам и два пати го правев и испадна негативен. Не знам .... Ќе идам во вторник на лекар закажав па ќе ви пишам.

ivvi<3
Редовен член
Редовен член
Мислења: 277
Придружен: 11 Mar 2015, 17:40
Му се допанале: 42 пати
Им се допаднал: 134 пати

Re: Дали сум бремена

Post by ivvi<3 » 17 Mar 2018, 11:16

За симптомите не можам да ти кажам ништо, бидејќи дел од овие симптоми ми почнаа 6-7 недела од бременост. А за тестот, surecheck ми покажа негативен, а обичниот од 30ден. покажа позитивен (smile) Земи си таков, утре со прва урина и да биде bfp (brows) (part)

Bebce
Нов член
Нов член
Мислења: 7
Придружен: 02 Apr 2018, 10:02
Му се допанале: 1 time
Им се допаднал: 3 пати

Re: Дали сум бремена

Post by Bebce » 11 May 2018, 13:49

Здраво. Нова сум овде, се надевам ќе се дружиме почесто (smile) . Во брак сум 2ипол години. Почнавме да се обидуваме да останам трудна. Овој месец имам вакви симптоми. Ми доцни 1 недела, градите и брадавиците ме болат повеќе од 2 недели и ми се како топли. Изминатава недела имав тахикардии и јас не знам зошто. Последниве 3-4 години циклусот ми е мн точен, 28/29/30 дена. Страв ми е тест да направам...Според симптомите како ви се чини? (smile)
Поздравче и убав ден на сите (smile)

Одговори

Return to “Забременување”