Дали сум бремена

Забременување, плодни денови, овулација, тест на бременост, искуства и совети за забременување

Moderator: Модератори

Правила на форумот
ТУКА
Придржувајте се до темите. Пораките кои ја насочуваат темата во друга насока, ќе бидат избришани или едитирани. Доколку сметате дека нема соодветна тема или не можете да ја најдете, започнете нова.
Marta
Нов член
Нов член
Мислења: 9
Придружен: 21 Aug 2018, 23:40

Re: Дали сум бремена

Post by Marta » 22 Aug 2018, 00:07

Здраво (smile)
Девојки ке ме убие нетрпение и мисла (laugh1) Месецов имаме незаштитени односи со момчето. До сега речиси секој месец на средина на циклусот имав болки во јајниците и во градите исто како да добивам. Овој месец дури вчера осетив болка во стомакот кичмата и во градите а исто така и почесто мокрење. Дали е од мисла (smile) Треба да добијам на 26 а до тогаш незнам како да треба година да помине а не 4 дена. Сакаме бебе и многу сум нетрпелива. Не сакам да правам тест зашто мислам дека е рано и ако ми излезе негативен ке се разочарам (sad1) Дајте ми надеж дека можеби има нешто (laugh1)

Debora
Администратор
Администратор
Мислења: 11023
Придружен: 22 Sep 2009, 17:24
Му се допанале: 5802 пати
Им се допаднал: 3552 пати

Re: Дали сум бремена

Post by Debora » 22 Aug 2018, 13:51

Здраво Марта и добродојде. (dobr) (smile) Еве јас ќе кажам, можеби има нешто. (laugh1) Тешко минат последните денови, ама стисни заби и кога ќе ти задоцни направи едно тестче. Се надевам дека ќе слушнеме убави вести од тебе и дека уште месецов ќе го добиеш тоа што го посакуваш. (t3) (thumbsup)

Marta
Нов член
Нов член
Мислења: 9
Придружен: 21 Aug 2018, 23:40

Re: Дали сум бремена

Post by Marta » 23 Aug 2018, 00:13

Благодарам Дебора. Стискам заби и бројам денови. Сабота треба (не дај боже да добијам (re) ) кажи ми дали тогаш ако направам тест ке ми покаже точно или барем ден два да почекам? Уфф сега ги разбирам другарките кога броеа денови (laugh1) Поздравче и се надевам дека ке скокам од радост (lovet)

Debora
Администратор
Администратор
Мислења: 11023
Придружен: 22 Sep 2009, 17:24
Му се допанале: 5802 пати
Им се допаднал: 3552 пати

Re: Дали сум бремена

Post by Debora » 24 Aug 2018, 08:07

Тестот за бременост понекогаш покажува точно и пред очекуваниот (неочекуваниот де (laugh1) ) циклус, ама понекогаш покажува лажно негативен и по неколку дена доцнење, за жал нема правило како мора да биде. Јас мисалм дека е најдобро да почекаш еден ден да ти задоцни, ама и ако го направиш порано ништо страшно, пак ќе го повториш кога ќе ти задоцни, само да не се разочараш непотребно.... ај сепак почекај си. (ner)

Marta
Нов член
Нов член
Мислења: 9
Придружен: 21 Aug 2018, 23:40

Re: Дали сум бремена

Post by Marta » 25 Aug 2018, 00:33

Уфф уште 2 дена до недоаѓање (smile) Имам чувство дека во секој миг ке добијам, градите како камен а и сите вени ми се познаваат. Главата тапани чукаат ке ми пукне од болка. Овие ми се стандард симптоми освен вените за нив незнам зашто никад не сум ни забележала (laugh1) Еве ке се држам како слеп за стап за вените дека ете некој симптом ми се дека нешто има (sneeky)

Marta
Нов член
Нов член
Мислења: 9
Придружен: 21 Aug 2018, 23:40

Re: Дали сум бремена

Post by Marta » 25 Aug 2018, 11:34

Мојата нетрпеливост до разочарување. (sad1) Сабајлево правев тест некој си Self Clear со прва утринска мокрача и излезе негативен (cry1) Ми го препорачаа у аптека демек најточен бил зашто покажувал уште од 8 ден од кога мислиш дека си забременила. Плодни денови ми беа од 10 до 14 и ако утре треба да Не добијам би требало ако има нешто тестот да покаже. Баш се разочарав. (cry1)

Debora
Администратор
Администратор
Мислења: 11023
Придружен: 22 Sep 2009, 17:24
Му се допанале: 5802 пати
Им се допаднал: 3552 пати

Re: Дали сум бремена

Post by Debora » 25 Aug 2018, 12:31

Марта ептен е рано за да се разочаруваш. Тоа што го пишува на тестот воопшто не е гаранција дека ќе покаже толку рано. Има многу искуства на жени што тестот им покажуваше лажно негативен и кога веќе им доцнеше, така да главата горе. (smile)

Marta
Нов член
Нов член
Мислења: 9
Придружен: 21 Aug 2018, 23:40

Re: Дали сум бремена

Post by Marta » 25 Aug 2018, 12:54

Дај боже да не е точен. Благодарам Дебора на поддршка (smile)

Debora
Администратор
Администратор
Мислења: 11023
Придружен: 22 Sep 2009, 17:24
Му се допанале: 5802 пати
Им се допаднал: 3552 пати

Re: Дали сум бремена

Post by Debora » 27 Aug 2018, 10:19

Марта како си? Се надевам дека веќе официјално доцни. (smile) (bu)

Marta
Нов член
Нов член
Мислења: 9
Придружен: 21 Aug 2018, 23:40

Re: Дали сум бремена

Post by Marta » 27 Aug 2018, 13:11

Добив (cry1) повеќе среќа наредниот пат (unsure)

Одговори

Return to “Забременување”