ЛОГИКАТА НА МЕТОДОТ НА ШЕТЛС

Забременување, плодни денови, овулација, тест на бременост, искуства и совети за забременување

Moderator: Модератори

Правила на форумот
ТУКА
Придржувајте се до темите. Пораките кои ја насочуваат темата во друга насока, ќе бидат избришани или едитирани. Доколку сметате дека нема соодветна тема или не можете да ја најдете, започнете нова.
Одговори
Fiona
Редовен член
Редовен член
Мислења: 324
Придружен: 13 Jul 2012, 12:56
Location: Скопје
Му се допанале: 35 пати
Им се допаднал: 137 пати

ЛОГИКАТА НА МЕТОДОТ НА ШЕТЛС

Post by Fiona » 15 Mar 2015, 13:40

Постот и темата се отворени чисто за забава и се разбира дека полот е најмалку битен за едно дете.
Подоле во продолжение е објаснет методот на Шетлс за добивање на дете од определен пол. Ме интересираат ваши искуства дали е навистина така и дали дава точни резултати. Дали пред оволација се зачнува девојче, а на овулација момче. Ако се секавате кога зачнавте, споделете.
Кај мене на ден на овулација - резултат Машко (laugh1) . Што еве се потврди за точно.
Кај вас?


Теоријата на Шетлс се основа на принципот дека „машката“ и „женската“ сперма имаат различни карактеристики.

Карактеристики на спермата со хромозом Х (женска). Сперматозоидите кои носат Х хромозом се поголеми и поиздржливи, но побавни.
Карактеристики на спермата со хромозом Y (машка). Сперматозоидите кои носат Y хромозом се побрзи и помали, но помалку издржливи.
Според методот на Шетлс, врз полот на бебето влијаат: темпирањето на сексуалниот однос во зависност од менструалниот циклус на жената, т.е. овулацијата, позата за време на сексуалниот однос и длабочината на пенетрирањето.

Како да зачнете машко?
Сексуален однос за време и по овулацијата. Според методот на Шетлс, парот кој сака да добие машко треба да практикува заштитен сексуален однос до 4 дена пред овулацијата. Потоа, четирите дена до овулацијата да апстинира, а на денот на овулацијата да практикува незаштитен сексуален однос. Тогаш жената е најплодна, а бидејќи машките сперматозоиди се побрзи од женските, поголема е веројатноста јајце-клетката да биде оплодена од сперма која носи Y хромозом. Апстинирањето се препорачува за да се зголеми концентрацијата на спермата.
Жената да достигне оргазам. Машките сперматозоиди се помалку издржливи од женските и ним им одговара алкална средина на вагината, а алкалноста се зголемува кога жената достигнува оргазам. Оргазмот им помага на машките сперматозоиди да преживеат, а контракциите при оргазмот им помагаат уште побрзо да стигнат до јајце-клетката. Затоа, Шетлс препорачува жената да доживее оргазам пред или во исто време со нејзиниот партнер.
Секс пози кои овозможуваат длабока пенетрација. Д-р Шетлс ја препорачува кучешката поза. При длабока пенетрација, спермата навлегува подлабоко одноосно поблиску до матката, па машките сперматозоиди треба помалку да патуваат и побрзо ќе пристигнат до созреаната јајце-клетка.

Како да зачнете женско?
Сексуален однос најдоцна до 2-3 дена пред овулација. На паровите кои сакаат да добијат женско, Шетлс им препорачува да практикуваат незаштитен секс најдоцна до 2-3 дена пред овулација. Причината за тоа е што сперматозоидите можат да живеат максимум 6 дена во женските полови органи. Па, додека настапи овулацијата, неиздржливите „машки“ сперматозоиди ќе изумрат и ќе останат само издржливите „женски“ за да ја оплодат јајце-клетката.
Жената да не доживее оргазам. Оргазмот ја зголемува алкалноста на средината на вагината, а таа средина е погодна за „машките“ сперматозоиди. Затоа, ако сакате да имате женско, треба да се воздржите од достигнувањето на оргазам.
Секс пози за мала пенетрација. Ако сакате да зачнете женско, треба да практикувате пози кои овозможуваат само мала пенетрација. Така спермата ќе навлезе подолу во репродуктивните органи, каде средината е помалку алкална, а тоа е неповолно за „машките“ сперматозоиди. Исто така, спермата треба да помине подолг пат до јајце-клетката, па издржливите „женски“ сперматозоиди ќе имаат поголема предност.

Fiona
Редовен член
Редовен член
Мислења: 324
Придружен: 13 Jul 2012, 12:56
Location: Скопје
Му се допанале: 35 пати
Им се допаднал: 137 пати

Re: ЛОГИКАТА НА МЕТОДОТ НА ШЕТЛС

Post by Fiona » 23 Mar 2015, 14:31

Zasto drzite vo tajnost vie so decinja koga ste zabremenile () (laugh1)
Ajde moze ke dadete kuraz za drugite (thumbsup)

Lena_nela
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 1155
Придружен: 13 Dec 2013, 15:56
Му се допанале: 1200 пати
Им се допаднал: 825 пати

Re: ЛОГИКАТА НА МЕТОДОТ НА ШЕТЛС

Post by Lena_nela » 31 Mar 2015, 15:32

Фиона јас сега ја видов оваа тема,интересно. Еве го моето искуство,кога го правевме синко (w1) имавме односи и пред плодните денови,ноо за време на плодните имавме скоро секој втор ден,а некогаш и секој ден (поретко но се дешаваше и тоа) (rolll) и тоа од 11-16 ден од циклус, па кога останав бремена д-р. ме праша кога ми биле од прилика плодни деннови и ми вика ,ах ова е покасно зачнато,изгледа покасно сум имала овулација не на 14-15 ден како што знаеме испадна дека на 17 ден ми била овулацијата и на крај резултато е МАШКО.
Верувам во методот на Шетлс,сега за второ би сакала да пробам пред овулација,дали ке се фати женско,но некако не ми се испуштаат па и плодните денови (thumbup)

Maceto
Домашен член
Домашен член
Мислења: 668
Придружен: 28 Oct 2014, 14:39
Му се допанале: 574 пати
Им се допаднал: 396 пати

Re: ЛОГИКАТА НА МЕТОДОТ НА ШЕТЛС

Post by Maceto » 31 Mar 2015, 20:38

Еве го и моето искуство поврзано со мојата бременост (laugh1) Ние имавме односи на 1 и 2 ден од плодните денови потоа 3 и 4 ден немавме секс, 5 и 7 ден имавме али мислам дека највеќе се фати од 1 и 2 ден барем така ми се увртело во глава и сега за сега викаат дека е девојче (rad) (rad) (brows) така да може има и логика во методот на шетлс (laugh1) (laugh1) Ама кога ќе се роди за сигурно ќе знаеме (rolll) (rolll) Инаку не гледав многу плодни денови бидејќи тоа ми беше и прв пат секс без заштита ама ете моите молитви се слушнаа и фала му на Бога бидна веднаш, сега да не чува до крај и се да биде како што треба со мене и мојата најголема среќа (brows) (grupna-gushka)

Одговори

Return to “Забременување”