Проблеми со зачнување и совети

Забременување, плодни денови, овулација, тест на бременост, искуства и совети за забременување

Moderator: Модератори

Правила на форумот
ТУКА
Придржувајте се до темите. Пораките кои ја насочуваат темата во друга насока, ќе бидат избришани или едитирани. Доколку сметате дека нема соодветна тема или не можете да ја најдете, започнете нова.
Одговори
Ivana G.
Нов член
Нов член
Мислења: 2
Придружен: 10 Nov 2009, 01:39

Проблеми со зачнување и совети

Post by Ivana G. » 10 Nov 2009, 01:55

Здраво на сите.
Моето име е Ивана и веќе половина година сум во брак. Со сопругот неколку месеци пробуваме да добиеме бебе, но сите напори се безуспешни. Како да немозе спермата да се задржи внатре или..........незнам веќе што да мислам. Очајна сум! Мојот сопруг ме теши, ми вели дека сеуште сме доста млади и дека се е во ред, но не можам да побегнам од фактот дека мозеби нежто не е во ред со нас. Имам 25 години и сметам дека бременоста не би требало да ми е никаков проблем! Ама еве, очигледно е..... Можеби не го поставив мојот проблем на вистинското место, но читајќи ги важите коментари ми стои една кнедла в грло и јас ве молам да ми помогнете!
Ваша
Ивана. :(

Sashka
Администратор
Администратор
Мислења: 869
Придружен: 01 Oct 2009, 22:08
Му се допанале: 1150 пати
Им се допаднал: 550 пати

Re: Проблеми со зачнување и совети

Post by Sashka » 10 Nov 2009, 03:18

Здраво Ивана и добродојде :)
Реално, неколку месеци обиди за правење бебче и не се така долг период, значи пред се без паника :D .
Имаш само 25 години-имаш доволно време .Ти посакувам многу среќа во правењето на бебето и лесен пат до него.
Опушти се и верувај дека господ ке те благослови со најголемата радост.Се надевам дека веќе наредниот месец ќе се пофалиш со позитивен резултат од тестот и ќе има нова тема за честитки :)
Е сега,за ти и твојот сопруг да бидете помирни и едноставно за да бидеш порелаксирана во ситуацијава :D ,можеш да направиш некои основни испитувања-обичен гинеколошки преглед, брисеви и PAP-тест( едноставно заради твоето здравје и да се осигураш дека бебето ќе расте во твоето здраво тело ;) ,а твојот сопруг може да направи спермограм за да видите дали е се во ред таму и да си скратите многу непотребни испитувања.

Поздрав и те чекаме со новости за частење ;)

Debora
Администратор
Администратор
Мислења: 11055
Придружен: 22 Sep 2009, 17:24
Му се допанале: 5852 пати
Им се допаднал: 3575 пати

Re: Проблеми со зачнување и совети

Post by Debora » 10 Nov 2009, 10:58

Ивана добредојде и ти посакувам што поскоро да заврши твоето исчекување.
Неколку месеци се навистина кратко време за да се покаже дека има некаков проблем, е сега многу убаво ја разбирам твојата нестрпливост :D .
Немој да се грижиш и обиди се да не се оптоваруваш, затоа што стресот може да направи навистина проблем.
Како што кажа Сашка може да направиш некои основни испитувања колку да се осигураш дека бременоста ќе биде во здраво тело.
За тоа дека спермата не останува внатре, немој воопшто да се грижиш, тоа што треба да остане останува. Нормално е потоа да излезе. Можеш само да се обидеш после односите да полежиш 1 или 2 часа, наместо да станеш веднаш.
Ти посакувам што побрз успех и поскоро да имаме тема на која ќе се радуваме за твојот успех. Не се грижи млада си и наскоро ќе успееш.

Annabel
Редовен член
Редовен член
Мислења: 490
Придружен: 09 Nov 2009, 21:21
Им се допаднал: 13 пати

Re: Проблеми со зачнување и совети

Post by Annabel » 10 Nov 2009, 12:01

Ивана,

Немој да се грижиш. И јас и мојот сопруг пробувавме 6 - 7 месеци додека ја добивме ќеркичката. И јас паѓав во депресија и плачев, а кога отидовме на лекар, ни рече да почекаме 1 година пред да правиме испитувања. За среќа успеавме порано.

А второто ни "се фати" на второ пробување :D , малку подранивме, ама пак мислевме дека ќе треба да се помачиме. Но божја воља, така требало да биде.

Ivana G.
Нов член
Нов член
Мислења: 2
Придружен: 10 Nov 2009, 01:39

Re: Проблеми со зачнување и совети

Post by Ivana G. » 11 Nov 2009, 01:51

Ви благодарам на сите за убавите зборови и со Божја помош, се надевам дека наскоро ке имам убава вест. Уште еднаш ви благодарам, многу ми помогнавте! Поздрав до сите и ви посакувам се најубаво! :)

PEPERUTKA1
Нов член
Нов член
Мислења: 5
Придружен: 13 Nov 2009, 14:25

Re: Проблеми со зачнување и совети

Post by PEPERUTKA1 » 13 Nov 2009, 17:40

Imam edno prasanje do site vas....Spored vas,koj nacin e podobar za zacnuvanje....odnos sekoj den od 5 dnevniot fertility window ili sekoj vtor ili pak da se apstinira do denot na ovulacija??? I dali nekoj ima probano so inektiranje na E vitamin(za podobar kvalitet na spermata) ili bilo kakov drug preparat???

Debora
Администратор
Администратор
Мислења: 11055
Придружен: 22 Sep 2009, 17:24
Му се допанале: 5852 пати
Им се допаднал: 3575 пати

Re: Проблеми со зачнување и совети

Post by Debora » 13 Nov 2009, 18:59

Тоа зависи од тоа дали има проблеми со спермограмот на мажот или нема.
Доколку спермограмот е нормален се препорачува односи преку еден дел за да се покрие целиот можен плоден период. Во случај на нормален спермограм многу лекари препорачуваат и секојдневни односи во текот на плодните денови.
Е сега ако плодноста кај мажот е намалена, се препорачува апстиненција од 3-5 дена пред односот, кој треба да биде што е можно поблиску до овулацијата. Но ова е потребно само ако плодноста е намалена, за да им се даде на сперматозоидите повеќе време за да созреат.
Моето лично мислење, ако се работи за нормален спермограм, добро е да се има почести односи.
А за прашањето за подобрување на квалитетот на спермата е добро да отвориме тема посветена на тоа, па оние што имаат искуство нека го споделат. ;)

mitmo
Нов член
Нов член
Мислења: 1
Придружен: 16 Nov 2009, 22:39

Re: Проблеми со зачнување и совети

Post by mitmo » 16 Nov 2009, 22:42

Pocituvani,
Imame since na 4 i pol godini i planirame vtoro detence megutoa nekako tesko ni ide so zacnuvanjeto. Neznaeme vo sto e problemot jas napraviv PAP test, brisevi i ginekoloski pregled i se bese ok.
Smetam deka problemot e vo toa sto nemozam da si gi odredam tocno plodnite denovi???
Ve zamoluvam ako moze vo toa da mi pomognete.

Pozdrav,

Debora
Администратор
Администратор
Мислења: 11055
Придружен: 22 Sep 2009, 17:24
Му се допанале: 5852 пати
Им се допаднал: 3575 пати

Re: Проблеми со зачнување и совети

Post by Debora » 16 Nov 2009, 22:56

Добредојде Митмо
Еве на оваа тема има калкулатор и нешто околу одредување на плодните денови. - http://forum.tvoebebe.com/viewtopic.php?f=26&t=21
Статија за одредување на плодните денови - http://www.tvoebebe.com/ZACNUVANJE/sled ... lacija.php
Мерење на базална температура - http://www.tvoebebe.com/ZACNUVANJE/bbt.php
Еве ги нафрлив овака на брзина.

Ana
Домашен член
Домашен член
Мислења: 624
Придружен: 20 Nov 2009, 11:24
Му се допанале: 1 time
Им се допаднал: 11 пати

Re: Проблеми со зачнување и совети

Post by Ana » 24 Nov 2009, 11:00

debora najverojatno se si probala ama za sekoj slucaj eve sto citav:

mazot da apstinira okolu 10tina dena i pred samiot odnos da se zamies so bikarbon soda, dobro rastvorena vo voda zatoa sto ja ublazuva kiselosta i dozvoluva spermatozoidite podolgo da preziveat.

a i site znaeme deka psihickiot faktor e mnogu vazen i treba da se rasteretime

od se srce ti posakuvam bebus najskoro!

Одговори

Return to “Забременување”