Проблеми со зачнување и совети

Забременување, плодни денови, овулација, тест на бременост, искуства и совети за забременување

Moderator: Модератори

Правила на форумот
ТУКА
Придржувајте се до темите. Пораките кои ја насочуваат темата во друга насока, ќе бидат избришани или едитирани. Доколку сметате дека нема соодветна тема или не можете да ја најдете, започнете нова.
ivvi<3
Редовен член
Редовен член
Мислења: 277
Придружен: 11 Mar 2015, 17:40
Му се допанале: 42 пати
Им се допаднал: 134 пати

Re: Проблеми со зачнување и совети

Post by ivvi<3 » 02 Aug 2016, 23:23

Борјана, ти давам една голема поддршка за да ги преземеш работите во свои раце. Потполно се согласувам со сѐ што напиша Лејла. Тие муабети млад-стар, според мене немаат никакво значење. Кога има проблем треба да се решава, годините не значат ништо. Да, млада си, сакаш дете, зошто да не го добиеш што поскоро можеш? Башка што според мене воопшто не е важно на кој начин ќе се зачне, или ќе се роди, најважно е да сте здрави и живи и да се радувате сите заедно. И не се срами од тоа да си бараш сѐ што ти следи како пациент. Јас го поминав тој потрнливиот пат само поради срам и незгодно и некој да не се навреди. Здравје, за следно ќе знам како треба. Ти посакувам сѐ најдобро и за брзо да те читаме во трудничките теми (big-hug)

sweety
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 2260
Придружен: 31 Oct 2013, 19:01
Му се допанале: 958 пати
Им се допаднал: 1200 пати

Re: Проблеми со зачнување и совети

Post by sweety » 03 Aug 2016, 00:22

борјана имаш подршка и од мене (racinja) еве јас на 25 години почнав со ин витро постапката,за неполна годона веќе почнавме сп испитувња едноставно не сакав да чекаме и да тапкаме во местоместо ако не овој следниот,секој месец надеж.Идкренп јас бев таа што ги превземав работите трчање по лекари,упати никој ништо не знаеше освен јас и мм, доволен ми беше форумот многу корисни работи научив не слушав никого во стилот млади сте има време, јас имав една цел а тоа е да бидам мајка и фала му на Бога ми се исполни посакивам и на тебе и на сите што одат по овој пат да ви се исполни желбата,

borjana
Редовен член
Редовен член
Мислења: 406
Придружен: 19 Apr 2015, 23:42
Му се допанале: 81 пати
Им се допаднал: 205 пати

Re: Проблеми со зачнување и совети

Post by borjana » 03 Aug 2016, 15:09

огромна благодарност за вашата поддршка што многу ми значи, денес е 11 ден некако не испаднаа работите за инсеинација овој месец, овие денови све е по одмори здравје нардниот пат.ги имам сите документи ми фалат уште две инсеминацции, па идеме на инвитро полека се кординирав што треба да правам. Фала уште еднаш ме утешивте во очајните моменти.

Lejla7
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 4049
Придружен: 24 Oct 2011, 14:34
Му се допанале: 1285 пати
Им се допаднал: 1103 пати

Re: Проблеми со зачнување и совети

Post by Lejla7 » 03 Aug 2016, 16:13

Пa и инсеминaциите мoжaт дa бидaт успешни, мнoгу зaбремениле и тaкa (bu) Се нaјдoбрo (bu) (big-hug)

*Maja*
Нов член
Нов член
Мислења: 2
Придружен: 04 Aug 2016, 10:26
Му се допанале: 1 time

Re: Проблеми со зачнување и совети

Post by *Maja* » 04 Aug 2016, 10:46

Zdravo, prv pat pisuvam mozebi nesto i pogresno ke napravam i zatoa odnapred se izvinuvam. Imam 28 god. i edna godina se obiduvame so mm da ostanam bremena. Pred eden mesec napravivme spermogram i rezultatite ne bea sjajni. Ne dovolen broj na spermatozoidi i samo mal broj podvizni. Maticnata rece so vakvi rezultati sansite za zabremenuvajne se minimalni skoro nevozmozni. Kazete mi ve molam sto da pravam?

SMESKO
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 1422
Придружен: 12 Sep 2013, 12:28
Му се допанале: 1559 пати
Им се допаднал: 912 пати

Re: Проблеми со зачнување и совети

Post by SMESKO » 04 Aug 2016, 12:42

Мислам дека треба повеќе да се информираш околу инсеменациии и инвитро.Кога шансите за природно забременување се мали тогаш ова е идеално решение сепак сте млади иќе успеете на ова поле.Те поздравувам и (dobr)

*Maja*
Нов член
Нов член
Мислења: 2
Придружен: 04 Aug 2016, 10:26
Му се допанале: 1 time

Re: Проблеми со зачнување и совети

Post by *Maja* » 04 Aug 2016, 13:05

No dali moze da se prezeme nesto, za da se podobrat rezultatite na spermogramot?

sweety
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 2260
Придружен: 31 Oct 2013, 19:01
Му се допанале: 958 пати
Им се допаднал: 1200 пати

Re: Проблеми со зачнување и совети

Post by sweety » 04 Aug 2016, 13:57

viewtopic.php?f=23&t=214&start=220&hilit=spermogram
еве посебна тема за спермограм и спермокултура, зависи што пишува како крајна дијагноза, сепак треба да се разговара со стручно лице дали гинеколок или на уролог да ги однесете резултатите и ќе видите што понатаму, во зависно од резултатите или ќе одете директно н ин витро или пак инсеминација.Мм пиеше апчиња витами по препорака на доктор и по три месеци имаше благо подобрувањње но сепак не доволно за да дојде до природно забременување и веднаш одевме на ин витро. со среќа па пиши

Vodolija
Нов член
Нов член
Мислења: 28
Придружен: 19 Oct 2016, 14:25
Му се допанале: 9 пати
Им се допаднал: 12 пати

Re: Проблеми со зачнување и совети

Post by Vodolija » 19 Oct 2016, 14:39

Здраво
Тукушто се зачленив на форумов,и сакам да ве прашам за мислење.
Веќе година дена пробуваме да имаме бебе но никако да се случи тоа.Мене психолошки многу ме погодува тоа и постојано само на оваа тема размислувам речиси по цел ден.
Се разочарав завчера кога ми беше 11ти ден од менструацијата и на лентите за овулација ми покажа дека нема овулација.Можеби беше рано,но денес пак го повторив тоа,а денес ми е 13ти ден и пак исто.Пред неколку месеци докторката ме гледаше на ехо и не виде фоликул исто на 11ти ден,а истото се случи и друг месец на 13ти ден од менструацијата.
Ги направив сите тестови,микробиолошки,хормони итн. и се е во ред.Менструацијата ми е редовна,докторката ми вели дека едноставно не се погодило до сега и дека се ми е во ред,освен некој мал миом кој ми го гледаа и во Скопје на клиника бидејќи сум голем паничар,и сите до сега се едногласни дека е премногу мал за да прави било какви проблеми.Исто така ми кажа и дека морам да бидам опуштена.Како да бидам,кога сите околу мене имаат деца,сите се бремени,сите среќни...
Многу ми е страв што немам овулација,така ми покажаа лентите овие денови,а понекогаш ги осеќам плодните денови,имам зголемено бело прање и ме болат јајниците.
Што мислите? Ви се случило ли некогаш да немате фоликули ? Страв ми е,а имам 32 години и веќе сакам да бидам мајка.

sweety
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 2260
Придружен: 31 Oct 2013, 19:01
Му се допанале: 958 пати
Им се допаднал: 1200 пати

Re: Проблеми со зачнување и совети

Post by sweety » 19 Oct 2016, 15:10

(dobr) Водолија, се случува еднаш до два пати годишно да се нема овулација, а мт се има ли испитано. можеш по растегливиот исцедок како јајце кој се случува две недели пред циклусот ќе знаеш дека следи овулацијата, друг показател за овулација е и меењето на базална температура, се мери орално секое утро, провери и следниот месец ако има изастонакот на овулацијата се пие кломифен не се секирај , не е страшно опусшти се и за брзо ќе ни се пофалиш со bfp

Одговори

Return to “Забременување”